Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Она уште додека бевме во болница така цицаше тогаш ми кажа една од сестрите дека нема континуитет во цицањето и да ја потсетувам. Така и правам си цица и се најадува, ако заспие ја тргам од града и ако не е донајадена и давам пак, ако се најаде си спие по два до три часа без проблем. Ако е гладна тоа се само кратки дремки од по 5 мин и бара да цица пак. Млеко имав многу е од некни приметив дека вечерта е гладна се буди на 10 мин не заспива, бара цицање и кога пробав со пумпа да извадам немаше ништо. Тогаш само и дадов 40 мл ад и ноќта кога стана си имав млеко се нацица и заспа. Наредниот ден нормално имав млеко.
    Не сакам да се префрлам на ад кога имам млеко и денски немаме никаков проблем, проблемот е ноќта околу 22-23 кога бара цицање тогаш мислам дека не се најадува добро затоа што не заспива, плаче и бара уште. Утре ќе се консултирам со педијатар да видиме што ќе каже.
     
  2. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот можно е да е така со млекото навечер јас предходните денови се одмолзував пред да цица и тоа го собирав за навечер затоа што ми се засркнуваше многу ама овие денови дека веќе ја навикнав со тоа дека се засркнува не се одмолзував оти и така и така се засркнуваше. А тоа што предходно го одмолзував го чував за навечер па може и затоа немав приметено дека млекото навечер се намалува.
    За шише користиме Авент 0 од почеток и кога и го давав одмолзеното и после да ја ставам на града си цица без проблем. Ќе одмолзувам пак дента за да и дадам навечер. Кога ќе се разбуди во текот на ноќта имам млеко си цица без проблем.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот прочитав за кластер фидинг не знаев за ова, можно е да се случува тоа кај нас. Бебето е две недели уште се учиме и се ни е ново. Прво бебе и паника ме фаќа за се што мислам дека е нормално не знам дали е гладно, колку треба да цица и сл. Минатиот преглед на педијатар ми рекоа слободен ритам на цицање кога и да побара само без да ја будам и сл па така и се водам ама секогаш цица различно некогаш кратко некогаш подолго. Пелените ги следам цело време секогаш се убаво полни. Сакам да биде само на доење затоа и побарав овде совет од поискусните. АД и дадов тогаш ноќта затоа што осетив дека беше гладна плачеше цело време и бараше цицање па го пратив сопругот во аптека во 1 по полноќ од што не знаев што да и правам. Она плачеше јас плачев хаос бевме.
     
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    и да имаш помалце млеко обавезно прво на града (или ако ти е полесно на пумпа) за да и даде сигнал на градата дека треба да произведува млеко и во тој период .

    и јас слично како тебе, на почетокот дека послабо напредуваше ми рекоа преку ноќта наместо да цица зошто и така заспана едвај цицаше да и давам шише молзено да знам колку јаде. и и давав ама јас не стимулирав. и по некое време сакав да ја дојам ама немав млеко. па мм ја хранеше од шише а јас се пумпав, за стимулирање, па за брзо си дојде млеко.

    што се однесува до АДто, мајка ако интуицијата ти кажува да и дадеш еднаш ич не му се секирај. само обавезно прво на града. јас кога почнавме ексклузивно на доење (2 нед бевме комбинирано) во 3 недела и дадов АД зошто се немаше искакано 3 дена а претходно по три пати на ден. сега знам дека врска нема ова :D ама ништо страшно не се деси, еве 3 месеци се доиме.

    важно е само да си упорна, желна и колку што можеш по релаксирана. обавезно на града без разлика дали мислиш дека немаш млеко за стимулирање, масажа на градите дури цица, чај, лактамикс и се ќе си биде океј :)
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    3.052
    Пол:
    Женски
    Исто мојава, ја научиле со цуцли од бејби лов од дм ( џабе купив калма незнае како да шмукне од неа) и кога ќе зашмука еднаш два пати и зема воздух со све млеко во уста и тишина занемува и затворени очи ни дише ни ништо па ќе ја чукнам па се закашлува.. а јаде 40 мин со молење 40 мл душава ми се собира со хранењво, спие мала е нема сила ич... Ми рекоа никако на града измолзувај се.. јас цел ден да собирам млеко 60 мл нема, така да тоа едно јадење и го давам и другото аптамил прематур. Се надевам ќе се среди да не се дави така.
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    12.375
    Пол:
    Женски
    Зошто никако на града? Дека мала? Па на града многу повеќе ќе ја ујача мускулатурата.
     
  7. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    До сега одлично напредува само на доење сме. Тогаш ноќта кога кренав паника мм појде купи ад и дадов и после кога се разбуди пак си цицаше, имав млеко. Пак сме на екскулузивно доење ама мене ме фати страв мислев дека одеднаш снемав млеко и од тогаш со страв сум. Денес сум малку поопуштена, си цица, полни пелени мислам дека треба да се опуштам повеќе. Кај мене некако осетив и вчера дека е послабо некаде од кај 20h, кога ќе се разбуди кај 3 сабајле млеко имам пак нормално си цица и си заспива сита ниту бара пак ниту се буди. Пелени менувам цело време се полни. Цело време ја ставам на гради кога и да сака макар и 5 мин да цица што вика мм среќа што е топло инаку ќе ги настинеше градите до сега.
    Многу ви благодарам за советите, после сиот хаос што го поминав некни, се смирив малку сега
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    3.052
    Пол:
    Женски
    Па да дека мала и плус она уште е 8ми месец по гестациска недела и демек нема уште сила така ми рекоа. Ја ставив на града еднаш повлекува и се задишува и толку неможе ни да надојде тоа млеко што го имам колку толку.И така реков да не ризикувам да падне во килажа. Само се нервирам што се дави.. а спие цело време двајцата со мм ја храниме он ја чепка ја буди, па смена јас ја чепкам он ја држи. Па исправена, па се дави па пауза. Жива вода не прави. Како таму и давале...цуцлата на тетра пелена потпрена и таа ќе шмуцка цело време...
     
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Супер сте си, не се секирај. И да, да знаеш навечер има помалку млеко и тоа баш како што кажуваш од тој период, не само ноќта. Јас едно време молзев од сабајле одма после јадење вадев 80 и втор пат навечер околу 10, саат време после јадење, едвај 40, така да нормално е.

    еве ние сега сме 3 месец, до пред една недела само една града еден подој, сега обавезно две, па некогаш и на првата ја враќам зошто има "криза" овој период, и млекото ми е мн намалено, ама се најадува, не посегнувам по шише:)

    иначе тој е периодот, цицките се се надвор :rofl: