И мене не ми ги отвара така,пушти линк ако можеш. Каде Ѓорче кај пазарот поточно, и јас сакам да си земам
Јас ја имам, задоволна сум. Сега веќе не ја користам ама на почетокот дека бебе не можеше убаво да влече ептен ми се најде, си работев по дома додека ја носев
https://www.facebook.com/share/1Akqk4egXV/ https://www.facebook.com/share/1PannHx1L7/ Една маичка за мене од бутициве нека частат партал ги правам не ми ги држат
Нема врска, се депилирав попазуви и пред тоа и после пораѓај продужив после 2 месеца од не стигање не од друго. Ако си ја знае работата не може да ти повреди жлезда. Ама ако таа не се осудува значи нема пракса, поарно да не те чепка. Мојата нема што не фаќа, уште трепките и косата ми останаа
Мајки што доите дали имате многу голем апетит и како се справувате? Од кога се симнав од бокс уште немам престанато да јадам а до понеделник месец ќе правиме Огромна потреба имам од храна, посебно од благо, де земав и здрави благи да правам, ама не бе не ми ја заситува потребата за благо. Земав и кај Бубало програма демек ајде здрави рецепти, со избалансирани состојки за да ме затитува, да немам после потреба од благо ама се е џабе изгледа. Ништо не ме собира, уште сум во труднички хеланки Дали да си дадам фора, со текот на времето да ми се намали апетитот или диета ми е лекот
Диета, и да провериш гликемија… Јас одма не ама месец после пораѓај почнав да јадам како да ме спремаат за колење, 6 кг качив за месец… Да пројде некој ден од диетата без шеќер ќе ти се намали желбата. До кај 1850 калории за доење, да не ти се намали млекото.
Јас немам апетит многу исто си јадам како и претходно ама затоа благо.. од човек што не каснуваше благо воопштооо сега за доручек знам да смафтам по два од тие кроасаните со нугат крем од кам..
И јас со првото нормално јадев, се преполовив, за 6 месеци ослабев како никогаш претходно, ама затоа сега Може е рано де, чекам на 6 недели да одам на преглед, да ми дадат дозвола за вежбање така може ќе имам поголема мотивација и за храната да ја сменам.