И мене не ми ги отвара така,пушти линк ако можеш. Каде Ѓорче кај пазарот поточно, и јас сакам да си земам
Јас ја имам, задоволна сум. Сега веќе не ја користам ама на почетокот дека бебе не можеше убаво да влече ептен ми се најде, си работев по дома додека ја носев
https://www.facebook.com/share/1Akqk4egXV/ https://www.facebook.com/share/1PannHx1L7/ Една маичка за мене од бутициве нека частат партал ги правам не ми ги држат
Нема врска, се депилирав попазуви и пред тоа и после пораѓај продужив после 2 месеца од не стигање не од друго. Ако си ја знае работата не може да ти повреди жлезда. Ама ако таа не се осудува значи нема пракса, поарно да не те чепка. Мојата нема што не фаќа, уште трепките и косата ми останаа
Мајки што доите дали имате многу голем апетит и како се справувате? Од кога се симнав од бокс уште немам престанато да јадам а до понеделник месец ќе правиме Огромна потреба имам од храна, посебно од благо, де земав и здрави благи да правам, ама не бе не ми ја заситува потребата за благо. Земав и кај Бубало програма демек ајде здрави рецепти, со избалансирани состојки за да ме затитува, да немам после потреба од благо ама се е џабе изгледа. Ништо не ме собира, уште сум во труднички хеланки Дали да си дадам фора, со текот на времето да ми се намали апетитот или диета ми е лекот
Диета, и да провериш гликемија… Јас одма не ама месец после пораѓај почнав да јадам како да ме спремаат за колење, 6 кг качив за месец… Да пројде некој ден од диетата без шеќер ќе ти се намали желбата. До кај 1850 калории за доење, да не ти се намали млекото.
Јас немам апетит многу исто си јадам како и претходно ама затоа благо.. од човек што не каснуваше благо воопштооо сега за доручек знам да смафтам по два од тие кроасаните со нугат крем од кам..
И јас со првото нормално јадев, се преполовив, за 6 месеци ослабев како никогаш претходно, ама затоа сега Може е рано де, чекам на 6 недели да одам на преглед, да ми дадат дозвола за вежбање така може ќе имам поголема мотивација и за храната да ја сменам.
и јас сум со зголемен апетит и многу жедна, дури и ноќе кога станувам за доење често ми кркорат цревата и морам бар некоја банана со путер од кикиритки или протеински бар да каснам. Кај мене за среќа сепак на вага е ок ама ако продолжам вака нз што ќе биде морам да припазам
Здраво, купив чај лактамикс мешавина од билна аптека. Ми спомнаа таму дека се прави со 4 супени лажици е сега не ми текнува дали е на 1литар вода. Дали некоја ја пие мешавината да ме просветли?
Мајки има ли дозволен колаген за доилки ? скроз се упропастив веќе, коленото и кичмата ми скинаа... ама страшна болка имав вчера и денес на коленото, неможев ни да седнувам ни да одам цццц... имам дископатија одамна па се мислам да не ми е од тоа, да не ми се враќа пак ама сакав да земам и колаген.. а и лицето ми се упропасти, на чело куп акни ми се појавија, не знам со што да намачкам ( а никогаш во животов не сум имала таков проблем )