Не знам зошто ама неколку мајки проблем имаа со Авентот, јас купив цел сет и моево не успеваше да пие од ниедно нивно шише. Па земав на Медела обичното и со тоа тераме.
+1 со Авент не успеавме кога беше новороденче, дури и со 3ка проток на 4 месеци многу бавно пие, а има сила да влече.
Мајки на бебиња што спијат навечер што правите со градите? дали се одмолзувате за да задржите лактација и да не ви се преполнат до сабајле? Малава почна да станува само еднаш ноќе и цица од едната града ама другата ми е исто полна и ми е страв да ја чувам до сабајле да не почнат грутки. Ја одмолзувам малку околу 50мл да извадам да олесни па до сабајле пак се полни. Добро ли правам? Сега за сега ми функционира ок вака
Бебка од 1месец почна да спие по цела ноќ, на пример ќе цица во 22ч последно, и дури сабајле во 06ч следно. Не се одмолзувам, спијам и јас тоа време. Ми се полни десната града особено, како топка е сабајле, левата не, таа е како пача. Иако цица и од двете наизменично, ама ете десната повеќе се полни, а кога стиснам прска млеко и од левата. Не ми се направи проблем досега, еве цел месец така терам со спиење и доење.
Пробај да не одмолзуваш за да не и даваш сигнал на градата дека треба да прави млеко туку да знае дека нема потреба повеќе, па сабајле одма на таа града ќе ја доиш бебка. Јас бев така, ми се полнеше многу и течеше на сите страни, се будев мокра како со кофа да ме потуриле, ама за многу брзо се регулираше
Исто, потврдувам 11м. Преспива цела ноќ, не сум имала проблем со грутки и слично. На почеток ќе стануваш утоп ќе си тече ама мн брзо ќе се среди. Мада и сега има денови кога ќе се разбудиме да ги осеќам врели и болни градите од внатре, баш од млеко..ама веднаш исцицува и нема гајле
Мојата е три ипол недели се буди на 2саати - три отприлика навечер за цицање … педијатар вика ок е да преспива цела ноќ без цицање?
Првиот месец додека се будеше на 3ч за доење, качи 1400гр. Вториот месец како почна да врзува 5-6-7 саати матичната ми рече да не ја будам. Вториот месец си стави 1060гр, што е супер. Еве ја веќе и по 8ч знае да врзе.
Кои апчиња се пијат за да престане млекото? Дали мора со рецепт од матичен гинеколог или не? Совет некој да не направам проблем, веќе 3 ден без цицање ама многу ме болат веќе се стврднуваат многу... Масирам под жежок туш .....Со првото дете никаков проблем немав ама сега како млекара се осеќам а дете над 2 год е веќе
Мене уште кога беше бебе 8 дена, на педијатар ми рекоа да не ја будам. Некогаш ноќе и по 5 саати си спиеше, а си напредува како што треба. Мислам дека сега станува почесто одколку на почеток.
Женски ако се измолзам и го ставам шишенцето во фрижидер пошто треба да излезам и маж ми да има залиха во случај да закенка бебка … ако не го искористат после може да го замрзнам од фрижидер?
Мајки како правите за доење кога ќе се вратите на работа? Се измолзувате таму? Или доите пред да одите и кога ќе се вратите?
После работа дојам, пред спиење навечер, ноќе уште еднаш околу 2-3, сабајле пред работа не ја будам за цицање за да не се расони многу рано. Оди во градинка, таму си јаде. Нема потреба од молзење на работа, нити па "одбивање" од цицање затоа што се враќаш на работа.
Намалувај подои пред да тргнеш на работа. Кога тргнав и давав од сабајле да цица, после работа и пред спиење, после 2 недели го скратив тој подој од сабајле па после месец и тој после работа, остана само ноќнотопа по 2 месеци и тие ги тргнав се префрливме на адаптирано
А зошто адаптирано? Сѐ додека можам ќе дојам јас, макар и еднаш на ден, ама адаптирано никогаш не би дала.