Нема ништо чисто е се. Со топол туш како да ми пушти болката но сега пак исто. Незнам дали болката од запушен канал пушта веднаш или после некое време. Искрено загрижена сум. Но не изгледа болка од запушен канал, нема ниту грутка, незнам што да мислам. Баш доле е под градата каде што се поклопува. Како жлездата да боли... Има ли причина за паника?
Запушен канал е, можеби подлабоко и затоа не можеш да го напипаш. Со топол туш се намалува болката, ама за кратко пак почнува. Масажи само да пробаш подлабоко за да напипаш, топли облоги, зелка ако треба. Цело време го кажувам, ама мене ме спаси сончогледов лецитин на now. Ги разбива мастите, спречува да се таложат на каналите.
Мене ми беше така пред две недели на левата, сега на десната града, мислам дека е причината потиснување на спиење. Помага многу топол туш и топли облози, наполни шише со топла вода и држи го на болното место пред цицање/измолзување, потоа стави облоги од лист од зелка и внимавај да не почнеш да качуваш температура, ако имаш тогаш веднаш парацетамол.
Кога бев со мастит и со грутки фо пиев насабајле и навечер, а може и 2 капсули сабајле 1 навечер. Кога се среди се, едно навечер само пијам, затоа што само еднаш цица бебево. Сега кратам еден подој ради воведување доручек и камен ми се градиве во 9 сабајле, па пак почнав два пати на ден. Искрено не верував, а и дека се огромни капсулите тешко ми одеше, ама се препородив. Два пати за нецели 2 месеци имав мастит. Третиот пат кога почнаа грутки, имав една како орев скоро, со лецитинов од второто пиење имаше подобрување.
Каналче е сто посто по описот, мене најмногу ми помагаше пешкир натопен со топла вода/дури жешка и ја завиткував градата се додека не се олади и ова повторував неколку пати во вц и псоле тоа одма ја ставав бебка да цица. Биди упорна и нуди ја градата почесто денес утре додека пробие да го исцица тоа што е запушено
Мајки , бебка е 8 дена. Заспива на града константно, ја чепкам да се разбуди. Океј тоа, ја дојам по половина час на едната града и се заситува. Сум пробала да ја менувам у меѓувреме на друга ама не сака така. Следниот пат и ја давам другата. Мене ми е да не остане гладна? Дали и е доволно од една. Деугата што нема да ја дојам ја измолзувам немам друго чаре. Не знам дали грешам дајте мислење..
ако цица половина час активно без дремење е сосема доволно за бебе од 8 дена, гладно бебе нема да спие, ќе вришти, освен ако нема жолтица па да е успана се си е океј шо правиш, во секој случај треба да цица на 2-3 саати најмногу, подој активен од 20 мин. пола саат е доволно. и ја така праам прво на едната, па на другата, 14 дена е мојата, ние бевме на прва контрола се си е океј, кога ќе ја однесеш ќе знаеш дали јаде и како напредува.
Здраво и од мене мајки Утре правиме 2 месеци уште од самиот старт сме со проблем со цицање Прво беше мала не можеше да фати па после почна да фаќа цице ама заспиваше и затоа сме комбинирано цице со дохрана .. после почна убаво да си цица и дохрана и давав само навечер за да може поубаво да спие . Последниве две недели одбива цице плаче се тегне вришти некогаш па си цица ама почесто одбива … има ли неокоја со ваков случај што си продолжила и после ова со доење незнам дали е период или што е … Ве молам за одговор
Јас цело време син ми го доев од една, па од друга. Ако ти се преполнуваат на почеток, за да ти олесни измолзувај се. Јас не чував млеко и не сакав да се молзам активно, па на почетокот само кога ќе ми се стврдне другата града измолзував малце. После со воспоставена лактација немав потреба од тоа. Си го доев еднаш од една градa, па од друга без проблем. И немав хиперпродулкција на млеко ниту мака при одбивање.
Во ред е и да менуваш града на сред подој и една цел подој па нареден другата само внимавај да запамтиш која ти е наредна да не дојде до згрутчување. На почеток пипкај гради цело време да проверуваш како е. Измолзи ако ти тежи ама немој повеќе од 10тина минути - ова е препорака од неонаталогоја од систина за да не му дадеш сигнал на организмот дека има потреба од екстра многу млеко. Само храбро, предизвик е доењето голем ама мене ми е големо задоволство да ја гледам како се храни од мојот организам и уживам во глетката како се труди и влече….природа најубава
Дали јадевте се кога доевте или имаше работи што не ги јадевте, мене искрено многу ми се јаде благо не знам колку е добро тоа за млекото, онака се јадам само не многу зачинето и грав не јадам за друго не знам што не би требало
Јадам се што ќе ми се присака, освен грав. Благо дерам и кока кола наплатувам за цела бременост што не пиев. Знам и сладолед пред спиење дс мавнам До сега фала му на Бога немам проблем со млекото
Исто и јас во бременоста имав шеќер сега мислам за 2 месеца надокнадив со се па малку се исплашив да ми влијае лошо тоа на млекото
Само повеќе протеини. Месо, јајца, јаткасти плодови и многу вода.. Има во ДМ и сок за доилки со витамини, железо доколку сакаш нешто плус. Јас од кога се породив, еве веќе два месеци пијам femibion 3 погодни за доење. Ги има сите потребни витамини и плус DHA потребна за бебето, можеш тоа да си користиш