Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.561
    Допаѓања:
    5.936
    еве денес тоа правам, ама уште исто боли сега за сега :drunk: и бебево го ставам да цица, а мене тука солзи ми течат :?: каде ти беше болката? целата града ти беше болна? мене ми е како околу брадавиците, а вака неам ни разранети брадавици ни ништо ...
     
  2. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Долниот дел од градата беше кај мене, некако внатрешна болка не знам ни сама да објаснам :D грутка немаше никаде.
    Биди упорна, ќе пушти. Само масажите нека бидат нежни, не притискај многу. Онака лабаво од крајот на дојката према брадавица.
    За ден два треба да имаш подобрување
    А се сеќавам еднаш ме болеше така ареолата. Но, беше ден два, се чувствував како малиот додека цицал да си потфаќал некоја жиличка, такво беше чувството. Бепњ баш, на почетокот кога почнав да дојам, но се изгуби.
    Следи ситуација како ќе се одвива
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.561
    Допаѓања:
    5.936
    леле и кај мене е така, како внатрешна болка исто, ни јас не можам да објаснам, ќе следам, ако не во вторник на лекар ќе одам да ме видат... фала ти за споделеното искуство :hug:
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Женски
    Дојдов на темава за истото. Од пред некој ден, бебе кога ќе фати да цица од десна града имам болка на брадавицата и ареолата, како да ме мава дкректно во глава, болката чувствувам и додека цица, а некако почна и малку да влече од градата, полна е со млеко. Забележав на брадавицата дека има бела точка, после доење ме пече. На допир нема никаква грутка, па дури ни болка, но бебе кога ќе фати да цица, мислам дека умирам од болка. Што може да биде??
     
  5. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Женски
    Бела точка имаш на брадавицата? Ако да, точно знам каква болка е. Јас имав со првото дете на двете гради од кои само ма едната многу ме болеше. Се викаат milk blisters или milk bleb. Јас пробував како на видеово што ќе го споделам и успешно пукна после неколку обиди. На градата што не ме болеше ми остана и цела година од кога престанав да дојам и после некако успеав да ја стиснам и излезе такво ко засирено млеко. Пошо доењето не е предизвик па мора и вакви чуда да се прават.
    Инаку киснење со млака солена вода во чашка од ракија најмногу помогна кај мене.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Женски
    Да бела точка е, кога ќе ја фати града и како влече многу боли, си плачам додека цица, повеќе боли и од разранети брадавици. Вчера се измолзував на таа дојка со пумпа и блага масаша под туш топла вода. Утрово кога и дадов да цица како да попушти болката, а и бебе повеќе влечеше, за разлика од вчера што ќе фати, па ќе пушти. Тоа белкото си стои.
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    90
    Можеш да подржиш газичка натопена со маслиново масло во прслукот да ти постои на градата некое време да омекне местото. После со пешкир да истриеш можеби ќе излезе така белкото и ќе се отвори каналчето, мене ова ми помогна (совет е на Јасна).
     
  8. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Женски
    Истото го имс во видеото погоре. Или такс или со солена топла вода и после се трие со пешкир ама не насилно. Може да не искочи од прв пат. Ама штом боли треба да се проба да се пукне тоа топчето, како засирено млеко е и стварно некогаш многу боли.
     
  9. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    90
    Преболно е, јас претпоследниот пат Господ го видов, никако не искачаше па на крај Јасна ја викнав на помош.
    Последниот пат брзо искочи среќа. Два пати во пет месеци ми се деси.
     
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.963
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Само пазете измивајте маслото и солената вода убаво да не се одбие бебе од вкусот :!:
     
    На Anaroz1 и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    185.216
    Пол:
    Женски
    @Anaroz1 како си денеска? Имаш треска? Треска е обично симптом за маститис. Ама секое тело е различно, па можеби твоето така реагира и на каналче.
    И јас би ти препорачала топли облоги на града. Жешки, колку што можеш да издржиш. Одма природно лади тоа, значи два-три пати така и одма бебе да цица. Кај градата што ти има повеќе млеко одложувај доење, за да прати сигнал дека треба да создава помалку. И јас го имав истиот проблем. Давав малку да цица од неа, повеќе од другата. Следниот пат ќе оставиш најнормално. Јас ноќе давав 3 пати по ред од едната, 1 до 2 пати од другата. И се среди, ама ако ти се преполнува многу, тогаш ќе даваш на секое цицање по малку и од таа града за да ти олесни. Другата не ми се преполни. Се избалансираа двете. Или празни по малку ти сама, само колку да ти олесни, а не премногу за да пратиш сигнал дека потребно да создава повеќе. При најмала болка кога ќе осетиш на града одма ставај жежок пешкир. Обично кога го држиш бебето во раце се осеќа нелагодност на градата уште пред било што да можеш да напипаш.

    @Guns N` Roses болката ти е како струја да ти поминува така? Затнати каналчиња имате двете. Она од погоре и за тебе, плус после доење ладни листови зелка од фрижидер. Топло-ладно може да има поголем ефект.

    Земете си сончогледов лецитин. Кај мене го има во дм. Има тинкербел пишувано за позитивно искуство. Помага при доење, ги прави млечните масти нелепливи, па млекото полесно се движи низ каналчињата. Го има иначе во многу храна што ја јадеме секојдневно, ама обично е и полна со јаглехидрати и калории, па подобро да го земате како суплемент. Иначе јајца, целозрнести житарки, шака кикирики. Не влијае на млекото.
     
    На Guns N` Roses и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.561
    Допаѓања:
    5.936
    да, цело време осеќам како струја да ми поминува низ градите, иначе се напив парацетамол вечерта, а вчера си пишав со @thinkerbell и земав и лецитин почнав да пијам, ставам жешки облоги и денес осеќам како помалце да ме боли, вчера бев за нигде, денес имам болка ама како да пушта.

    фала ви за советите:hug: не знам шо ќе правев иначе како што ме фати во петок вечер :drunk:

    не знам зашто во таа града цело време поише млеко имам, а и со првото исто тогаш топка ми се направи на истата града, тогаш антибиотик пиев, цело време наизмечно ја дојам не е дека цица само од една, ќе пробам да ја ставам поише на другата па ќе видам дали ќе се изнормализира.
     
    На Guns N` Roses, thinkerbell и Yowannty им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    185.216
    Пол:
    Женски
    Знам. Цицнува бебе, кратко олеснува и болката, ама за брзо почнува пак. Каналче е. Масажи под туш мене исто ми помагаа, ама додека се уште отворени порите, во бањарка да почнеш да доиш. Па што ќе даде ефект. Ќе се избалансираат градите немај гајле. :)
     
    На Guns N` Roses, Anaroz1 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Женски
    Да дефинитивно, вчера масажа под топол туш и се молзев со електричната пумпа неколку пати, не и давав да цица од таа града, многу болеше и мачкав ланолин. Утрово ја ставив да цица, не болеше така и убаво си влечеше, а тоа белкото падна.
     
    На Baby warrior, cocopuff и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.619
    Допаѓања:
    185.216
    Пол:
    Женски
    Супер.
    Кога ќе земеш бебе во раце на тебе, кога ќе осетиш и најмала нелагодност во градите, одма под топол туш па на доење да спречиш да се создаде поголемо блокирање во каналчињата. И ќе немаш гајле после тоа. :)
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.561
    Допаѓања:
    5.936
    кои витамини ги пиете за време на доење? јас продолжив со премама ваљда се океј. и од кај купувате убави прслуци за доење? :?:
     
  17. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.420
    Пол:
    Женски
    Пијам посебно - калциум и магнезиум, пробиотик Провен, магнезиум и Б6 и омега..ама не баш секој ден некад заборавам :D а прслуци за доење преквалитетни начекав на тему 4 за 600 ден така нешто беа..маста им ја извадив еве 13м уште по дома ги носам цело време :)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.963
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    И јас продолжив со премама, сега во грчка сакам да земам некои нови за доилки баш постпартум витамини.
    За прслуци ако најдете убави кажете … ја земав два од памук пале ама ич не ми е убава формата |( некако на маиче безвезе стојат, јас со средно-големи гради сум и ми треба поткрепа
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    Ќе можеш ли да пишеш како се викаат тие од Грчка, одам натаму па може и јас да купам. И јас сум моментално со премама ама не знам до кога треба..
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.963
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Овие минатиот пат ми ги понудија во Солун, кај нас во зегин прњшав специјално за доилки витамини нема никакви …
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8518.jpeg
      IMG_8518.jpeg
      Големина на фајлот:
      433,5 KB
      Прегледи:
      11
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.