еве денес тоа правам, ама уште исто боли сега за сега и бебево го ставам да цица, а мене тука солзи ми течат каде ти беше болката? целата града ти беше болна? мене ми е како околу брадавиците, а вака неам ни разранети брадавици ни ништо ...
Долниот дел од градата беше кај мене, некако внатрешна болка не знам ни сама да објаснам грутка немаше никаде. Биди упорна, ќе пушти. Само масажите нека бидат нежни, не притискај многу. Онака лабаво од крајот на дојката према брадавица. За ден два треба да имаш подобрување А се сеќавам еднаш ме болеше така ареолата. Но, беше ден два, се чувствував како малиот додека цицал да си потфаќал некоја жиличка, такво беше чувството. Бепњ баш, на почетокот кога почнав да дојам, но се изгуби. Следи ситуација како ќе се одвива
леле и кај мене е така, како внатрешна болка исто, ни јас не можам да објаснам, ќе следам, ако не во вторник на лекар ќе одам да ме видат... фала ти за споделеното искуство
Дојдов на темава за истото. Од пред некој ден, бебе кога ќе фати да цица од десна града имам болка на брадавицата и ареолата, како да ме мава дкректно во глава, болката чувствувам и додека цица, а некако почна и малку да влече од градата, полна е со млеко. Забележав на брадавицата дека има бела точка, после доење ме пече. На допир нема никаква грутка, па дури ни болка, но бебе кога ќе фати да цица, мислам дека умирам од болка. Што може да биде??
Бела точка имаш на брадавицата? Ако да, точно знам каква болка е. Јас имав со првото дете на двете гради од кои само ма едната многу ме болеше. Се викаат milk blisters или milk bleb. Јас пробував како на видеово што ќе го споделам и успешно пукна после неколку обиди. На градата што не ме болеше ми остана и цела година од кога престанав да дојам и после некако успеав да ја стиснам и излезе такво ко засирено млеко. Пошо доењето не е предизвик па мора и вакви чуда да се прават. Инаку киснење со млака солена вода во чашка од ракија најмногу помогна кај мене.
Да бела точка е, кога ќе ја фати града и како влече многу боли, си плачам додека цица, повеќе боли и од разранети брадавици. Вчера се измолзував на таа дојка со пумпа и блага масаша под туш топла вода. Утрово кога и дадов да цица како да попушти болката, а и бебе повеќе влечеше, за разлика од вчера што ќе фати, па ќе пушти. Тоа белкото си стои.
Можеш да подржиш газичка натопена со маслиново масло во прслукот да ти постои на градата некое време да омекне местото. После со пешкир да истриеш можеби ќе излезе така белкото и ќе се отвори каналчето, мене ова ми помогна (совет е на Јасна).
Истото го имс во видеото погоре. Или такс или со солена топла вода и после се трие со пешкир ама не насилно. Може да не искочи од прв пат. Ама штом боли треба да се проба да се пукне тоа топчето, како засирено млеко е и стварно некогаш многу боли.
Преболно е, јас претпоследниот пат Господ го видов, никако не искачаше па на крај Јасна ја викнав на помош. Последниот пат брзо искочи среќа. Два пати во пет месеци ми се деси.
@Anaroz1 како си денеска? Имаш треска? Треска е обично симптом за маститис. Ама секое тело е различно, па можеби твоето така реагира и на каналче. И јас би ти препорачала топли облоги на града. Жешки, колку што можеш да издржиш. Одма природно лади тоа, значи два-три пати така и одма бебе да цица. Кај градата што ти има повеќе млеко одложувај доење, за да прати сигнал дека треба да создава помалку. И јас го имав истиот проблем. Давав малку да цица од неа, повеќе од другата. Следниот пат ќе оставиш најнормално. Јас ноќе давав 3 пати по ред од едната, 1 до 2 пати од другата. И се среди, ама ако ти се преполнува многу, тогаш ќе даваш на секое цицање по малку и од таа града за да ти олесни. Другата не ми се преполни. Се избалансираа двете. Или празни по малку ти сама, само колку да ти олесни, а не премногу за да пратиш сигнал дека потребно да создава повеќе. При најмала болка кога ќе осетиш на града одма ставај жежок пешкир. Обично кога го држиш бебето во раце се осеќа нелагодност на градата уште пред било што да можеш да напипаш. @Guns N` Roses болката ти е како струја да ти поминува така? Затнати каналчиња имате двете. Она од погоре и за тебе, плус после доење ладни листови зелка од фрижидер. Топло-ладно може да има поголем ефект. Земете си сончогледов лецитин. Кај мене го има во дм. Има тинкербел пишувано за позитивно искуство. Помага при доење, ги прави млечните масти нелепливи, па млекото полесно се движи низ каналчињата. Го има иначе во многу храна што ја јадеме секојдневно, ама обично е и полна со јаглехидрати и калории, па подобро да го земате како суплемент. Иначе јајца, целозрнести житарки, шака кикирики. Не влијае на млекото.
да, цело време осеќам како струја да ми поминува низ градите, иначе се напив парацетамол вечерта, а вчера си пишав со @thinkerbell и земав и лецитин почнав да пијам, ставам жешки облоги и денес осеќам како помалце да ме боли, вчера бев за нигде, денес имам болка ама како да пушта. фала ви за советите не знам шо ќе правев иначе како што ме фати во петок вечер не знам зашто во таа града цело време поише млеко имам, а и со првото исто тогаш топка ми се направи на истата града, тогаш антибиотик пиев, цело време наизмечно ја дојам не е дека цица само од една, ќе пробам да ја ставам поише на другата па ќе видам дали ќе се изнормализира.
Знам. Цицнува бебе, кратко олеснува и болката, ама за брзо почнува пак. Каналче е. Масажи под туш мене исто ми помагаа, ама додека се уште отворени порите, во бањарка да почнеш да доиш. Па што ќе даде ефект. Ќе се избалансираат градите немај гајле.
Да дефинитивно, вчера масажа под топол туш и се молзев со електричната пумпа неколку пати, не и давав да цица од таа града, многу болеше и мачкав ланолин. Утрово ја ставив да цица, не болеше така и убаво си влечеше, а тоа белкото падна.
Супер. Кога ќе земеш бебе во раце на тебе, кога ќе осетиш и најмала нелагодност во градите, одма под топол туш па на доење да спречиш да се создаде поголемо блокирање во каналчињата. И ќе немаш гајле после тоа.
кои витамини ги пиете за време на доење? јас продолжив со премама ваљда се океј. и од кај купувате убави прслуци за доење?