Еве кумата моја е со дохрана и плус доење. Не качувало бебе килажа. И несакала да остави доење и цица и почнува да плаче бебе на града и она вади прави дохрана и дава. Они се во Германија и така ја советувале. Еве сега е 8 месеци бебе и така е. Кога дојдоа мое 4 нејзино 7 месеци па може кило разлика. А рачунај прематурче е моево. И они се високи големи двајцата со кумот како нас со мм. Мислам дека и таму даваат дохрана ако има потреба.
Во ред, тоа е веќе друга ситуација. Членката пиша дека бебето си напредува одлично и праша дали да крати на 15 минути бидејќи по кажување на пријателките требало да цица 5 минути. Затоа и пишав да не слуша пријателки и да не се води по тоа да менува гради на 15 минути. Штом е 9 недели сигурно веќе е воспоставена и лактација, па зошто да менува нешто што еве одлично функционира кај нив.
Јас од почеток до сега 13ипол месеци двете гради секој подој. Така во родилиште ме советуваа..и секој пат прва таа што била последна минатиот пат На почеток беше првата 30мин, втората 30 мин, сега е по 3 мин
Тоа е друга работа. Мене кога се породив така ми кажаа. Во осталом они ми рекоа немаш потреба од ад а не стриктно да не давам. Бабицата ми рече како ви е океј на вас така. И ако сакав да ми е полесно ќе дадев шише навечер и ќе сме раат ама зошто кога имам млеко. На 9 недели уште од двете цицаше. Сега е 4 месеци и од една града се најадува за 5 мин и да ја нудам другата не сака.
Јас од старт давам една града на подој а по потреба две. На почетокот дур имав многу млеко дури и едната не ја празнеше и скоро никогаш немаше потреба од две ама сега по 5 месеци бар пола од подоите и нудам од двете кога ќе приметам дека нешто се нервира на едната. А тоа мерење и тргање по точно 15 минути ми е тотално безвезе особено пошто никогаш не цицаат со ист интензитет. Ако ми побарала на саат од што била престимулирана и ако спиела па е прегладнета се скроз различни цицања. А што правиме после трет месец кога почнуваат да те зјапаат и да се кикотат дур цицаат. Мојава е таква веќе два месеци па и да сакам не можам да и измерам кога и е активно цицање. Цицањето не е само хранење, бебе сака утеха и не се мерат минути за тоа.
Здраво мајки Конечно стигнав во темиве за бебе Сакам да ве прашам, како постапувате кога бебето спие и ќе го надмине периодот за цицање? Дали го будите по секоја цена, или оставате да се наспие? Ноќта ни беше бурна, цицаше на 2-3 часа, а во меѓу време беше со плачење од гасови, бљуцкање од прејадување... Заспа со цицање во 6 и пол, па се разбуди во 10:45, тогаш цицаше и еве ја спие се до сега, нема гајле. И вчера беше вака преку ден, се изнаспа. За најадување сигурна сум дека се најадува, вчера и Јасна од Бебелогија ни беше на посета, па ја мереше после подојот, а и јасно се слуша како голта како ненаситна Кој е ваш совет, да ја оставам вака да си спие додека не се разбуди самата, или да ја будам, со надеж дека вечерта ќе спие?
Да ми дадете совет како да стимулирам за повеќе млеко. Дали пиете нешто , чај некој ? Неколку капки ми капнува само , се измолзувам стимулирам . Рачна пумпа имам , дали ќе имам поголеми шанси со електронска ?
Со електронска ми е полесно. Си го зголемуваш влечењето малку по малку се додека не почне да капе, а тебе да ти е поднослива силата на влечењето. Мислам дека самата пумпа може да ти помогне во стимулирање на млекото, затоа што е идентична со влечењето на бебето, само да биде тоа во редовни интервали, на пример на секои два-три часа, на двете гради по 15 минути. Ова е само мое лично мислење и мој предлог.
Ставај го бебето на града да цица. Јас пијам чај за доилки на holle, многу течност и редовно да се храниш. Пред да доиш масажа на градите под топол туш.
Мене според ова што го кажуваш ми личи дека бебе ги има замешано ден и ноќ, така да јас би кажала да ја будиш за да можеш да воспоставиш ред и да си знае и оно кога е ден за ручкање и будно време, а кога е ноќ за спиење
Мислам дека со електрична би ти било полесно. Јас ја имам зелената на Авент и си има посебно модул за стимулација и за експресија (не знам дали кај сите пумпи е истото). Пумпај си на редовни интервали и постепено ќе ти надоаѓа. Дополнително пијам Лактил капсули и Хип чај за доилки. И хидратација задолжително, 2-3л течности дневно.
И ние тоа го помисливме со маж ми, ама она преку ден спие мирно, нема проблем со стомачето. А преку ноќ не си лежи мирно, спокојно па да е до тоа дека помешала ден и ноќ, туку се грчи целата, се мачи да прдне, да се искака. Ќе видиме оваа вечер како ќе поминеме...
Тоа да, ама за колку долго спие денски, за разлика од навечер што се буди затоа ми личи дека и се помешани. Пробај утре реши во колку часот сабајле, 6-7-8 ќе ви биде "официјалното" станување и буди ја на 2-3 часа, за 12 часа од тогаш легни ја за ноќно спиење и види како ќе биде. Ама мислам дека ќе треба неколку дена да го правиш ова за да осетиш разлика Ние на пример го немавме овој проблем, ама спиеше од 23 до 11, зошто дури во 23 ја легнував во спална на тивко и темно. Откако почнав во 8 друг терк одма имавме
Јас со медела единечната, трет ден ми дојде млекото после царски. Се измолзував на 2ч, ама немаше толку па ми рекоа да не ги форсирам толку мн градите, ќе надојде. Идев секој ден по два пати на измолзување на интензивна и дома се измолзував на 3ч и замрзнав може 10 кесички макс ми беше 45мл од двете гради едно измолзување и почна да намалува дека три ипол недели беше бебе таму. Стрес и све и снема. Кога дојде дома ми рекоа никако мала е мн 2кг беше. Све на све колострумот и го дадов ми беше замрзнат и мн малку млеко. Биди упорна барем замрзни дома нешто и таму што ќе идеш да се измолзуваш. Лактил таблети и чај пиев.
Знае ли некоја дали е безбедно да се пијат овие додека се дои ? мене ми рекоа дека се безбедни ама за сигурно да си прашам.. скоро 15 месеци е малата https://naturatherapy.mk/calm-prepa...stres-y-narushuvanja-na-raspolozhenyeto-mk-mk
Не додека доиш. Пасифлора и кава се ослободуваат во млекото. Б 6 можеш да пиеш. Или кога ќе престанеш со доење можеш да ги пиеш.
Јас друга мака имам, бебе е мн неервозно додека е на града, отвора муце ќе ми ја изеде раката и кога ќе затрга се нервира, пушта, ме трга, со ноџињата мрда леле мори мајко. Приметив и дека мн млеко му теци од уста и се засркнува, кога ја тргнав градата прскаше како фонтана млеко, без да ја допрам градата, изг нагло ми надојде млеко оти денеска и градата десна ме изгоре од болка а бебе се успа вечерта за цицање. Како да се справам со ова, да се молзам пред да му дадам града, така ми вели чат џпт
Да, молзи малку пред да доиш. Исто мене ми помагаше ако ја наместам бебка во позиција да е над градата а не под, за да не и се влева директ млекото во грло. Ја доев на перница за доење и плус едно перниче ставав кај главата под перницата за доење да и е поткрената главата. Дур ми беше ова со млазот баш не ни сакаше на кревет цела легната да цица