Еве кумата моја е со дохрана и плус доење. Не качувало бебе килажа. И несакала да остави доење и цица и почнува да плаче бебе на града и она вади прави дохрана и дава. Они се во Германија и така ја советувале. Еве сега е 8 месеци бебе и така е. Кога дојдоа мое 4 нејзино 7 месеци па може кило разлика. А рачунај прематурче е моево. И они се високи големи двајцата со кумот како нас со мм. Мислам дека и таму даваат дохрана ако има потреба.
Во ред, тоа е веќе друга ситуација. Членката пиша дека бебето си напредува одлично и праша дали да крати на 15 минути бидејќи по кажување на пријателките требало да цица 5 минути. Затоа и пишав да не слуша пријателки и да не се води по тоа да менува гради на 15 минути. Штом е 9 недели сигурно веќе е воспоставена и лактација, па зошто да менува нешто што еве одлично функционира кај нив.
Јас од почеток до сега 13ипол месеци двете гради секој подој. Така во родилиште ме советуваа..и секој пат прва таа што била последна минатиот пат На почеток беше првата 30мин, втората 30 мин, сега е по 3 мин
Тоа е друга работа. Мене кога се породив така ми кажаа. Во осталом они ми рекоа немаш потреба од ад а не стриктно да не давам. Бабицата ми рече како ви е океј на вас така. И ако сакав да ми е полесно ќе дадев шише навечер и ќе сме раат ама зошто кога имам млеко. На 9 недели уште од двете цицаше. Сега е 4 месеци и од една града се најадува за 5 мин и да ја нудам другата не сака.
Јас од старт давам една града на подој а по потреба две. На почетокот дур имав многу млеко дури и едната не ја празнеше и скоро никогаш немаше потреба од две ама сега по 5 месеци бар пола од подоите и нудам од двете кога ќе приметам дека нешто се нервира на едната. А тоа мерење и тргање по точно 15 минути ми е тотално безвезе особено пошто никогаш не цицаат со ист интензитет. Ако ми побарала на саат од што била престимулирана и ако спиела па е прегладнета се скроз различни цицања. А што правиме после трет месец кога почнуваат да те зјапаат и да се кикотат дур цицаат. Мојава е таква веќе два месеци па и да сакам не можам да и измерам кога и е активно цицање. Цицањето не е само хранење, бебе сака утеха и не се мерат минути за тоа.