значи педијатриве се чудо секој нешто различно ќе ти каже, после маж ми ми вика шо читаш цело време, па морам ќе видам баш ќе пишам како сме прошле наредна недела и колку качила, сега ја ставам почесто да цица ама и се спие пустото
Јас можам само од лично искуство да кажам, секако не сум доктор. Кај мене се покажа дека се што ми кажуваа докторите кај мене беше обратно. Не давав ад и покрај тоа што на некои мерења не беше премногу по нивните стандарди качена на килажа, ама го следев бебето и кај мене се покажа дека не качува килажа линеарно и го прифатив тоа се додека нормално бебето е ок и си полни пелени. На крај се беше ок, доев екслузивно една година. Секој доенечки пар е индивидуален но според ова што го пишуваш очигледно е дека имате воспоставено лактација и дека се е ок, јас би те охрабрила да продолжиш со исто темпо и да не се секираш за бројките во грамови. Ако не качила "колку што треба" на следната контрола мислам дека не е ништо страшно и дека треба да причекаш уште некој период за да можеш реално да согледаш дали бебето доволно си цица или не. Со лесно мајка и ти посакувам многу среќа.
Скроз истово искуство го имав, со тоа што плус ние и се помачивме додека да се доиме асално, ама еве не веќе 8 месеци сме на екслузивно доење
Исто и ние, особено првиот месец беше многу тежок со плачење и неспиење, не знаев што правам и на секој подој сакав да се откажам од болки, но некако го надминавме и продолживме со доење.
мајки да прашам дали е во ред во молзеното млеко во шише да има како раски, грутчиња кои со промешување ги снемува ?
Ако стои во фрижидер подолго фаќа како кајмак маснотиите одат нагоре ако мислиш на тоа. Сосема нормално
Што правите кога ќе ве гризнат дур цицаат? Како да и укажам дека не треба, има ли шанси некако да разбере? 6ипол месеци е само што и излегоа 2 заба
Ајде еве ме и тука, ни наваму ни натаму сум. Пробувам да ја тргнам дохраната ама како да немам доволно млеко. Бебе само тегне а слабо голта и се уморува брзо и заспива па вришти и за брзо пак бара, па дадам АД неколку пати во денот. Три недели сме вака, има ли надеж да ми надојде млеко или тоа е што е. Исто совет некој за молзење, зашто он е нон стоп на града па ми е страв да не му секнам скроз млекото
Кај мене беше така па надојде млеко ама сеуште сме на комбинација оти не може целосно да се одвикне плус овие денови примам терапија па морав ад да му давам и не цица пумпам и го фрлам Пиј чаеви и многу вода и биди упорна Капсули лактамил сабајле и навечер Чај холе за доилки сабајле и навечер Чај лактамикс 4 чаши во денот може Овесни снегулки Протеинска храна
Девојки дали има некоја голема разлика помеѓу Нан и Аптамил? Од почетокот земав Нан, да користам по потреба, не се распрашував многу во аптека ми го дадоа тоа. Пред некој ден познаничка ми изнакажа дека Нан во споредба со аптамил е послаб и нема доволно хранливи состојки.. дали да менувам. И комбинирам затоа што уште се мачиме со цицање.. прекина одеднаш и сега е борба..
Сите адаптирани млека се произведуваат според одредени европски стандарди. Составот е сличен, меѓутоа кај секое бебе различно. Не менувај ако си почнала види си дали ќе напредува и дали ќе има проблем со столица/повраќање.
Првите денови по препорака на педијатрите давав 45 на секој 3 саати аптамил прематуре ( голема грешка) но така оти беше презаситено не сакаше воопшто да цица плус лош избор на шише и направи лоша навика и не влечеше кога цица и сеуште мака мачиме ама е подобро Јас почнав да му кратам Му дадов 30 мл на секој 3 саати плус сменив шишенце земав од Philips Avent 2 капки и многу побавно пие за разлика од препораката со медела што ме испуштаа од Ремедика рецепт како да не доиш После давав на 4-6 саати ад 30-45 и цицањето цело време на цице помеѓу колку што си сака самото бебе и така се стимулира млеко Оти ако е сито нема шанси само ќе спие на цице А пак ако е прегладнето го фаќа нервоза и вриштење имаше сѐ додека не добие ад не цицаше Така да кај мене лично тоа беше спасот малку ад да не е прегладнето и после сепак да не е целосно сито за да цица Плус да пиеш ова што го пишав погоре и евентуално ако дознаеш уште нешто за да ти надојде полесно и повеќе млеко Исто можеш со пумпање да стимулираш млеко Е сега деновиве морав 60 на 3 саати оти не смееше да цица првите 5 саати после мојата доза Е сега како ќе се вратам на доењето само не знам ама ќе му намалувам постепено пак и тоа е тоа Се надевам дека ќе ти биде од помош Плус не ти пишав Го сменив ад многу плачење од тоа имаше бебево, сега му давам Холе козјо Имаш наназад во темава добри совети што ми дале мене многу членки може да прочиташ
Не знам дали сум на право место со темава ама имам некое чудно крварење се појавува па го снемува како менструација а не е мензис ..притоа го дојам бебето.Пиев ерготил капки и престана ,па по 10дена пак почна сега пијам Добростон ми ги даде мат. гин. 10мг×2 .Во контакт сум со докт што ме породи и ми вика дека не дум стабилизирана и дека од доењето може да се случи да се крвари така ..некоја со вакво искуство?
И јас завчера се израдував дека добив. Вчера имаше повеќе крварење, сабајле гледам влошката пак онака со минимално како она крајното кога истекува при добивање...некаде 6 недели мислам се поминати откако се породив.
Јас сум породена на 4ти Август и веќе крварењава ме иритираат зашто ми се обилни ..се плашам некоја болест да не имам.А докторкиве на стенд бај ме ставаат се нешто почекуваме..не знам