А зошто даваш аптамил сеуште ако имаш млеко? Комбинираната исхрана е најтешка за калкулирање и мн често прави грчеви. Ако имаш доволно млеко исфрлај аптамил и премини на ексклузивно доење, мерење секоја недела на педијатар ќе покаже дали е доволно цицањето во секој случај и ќе си го следиш бебето
Искочи дека јас уствари имам силен млаз и бебка се плаши а не дека снемувам млеко се одмолзувам за силниот млаз да помине па сега е подобро
Па следно сме на преглед за повеќе од 2 недели, а навикнат е да пие адаптирано зошто не цицаше.. Овие 2 дена што цица и добив надеж дека може да се доиме, иначе само врескаше на града, јас се молзев и му давав, ама не доволно за ексклузивно да е на мое млеко (и намерно малку гледав да не стимулирам, зошто не би можела да терам само со молзење, премногу замарање е, имам и друго дете), а и како што сака во раце цело време без помош не стигав ажурно да се молзам, затоа и маститис добив. После маститисот мислев и да си го прекинам млекото ама реков ај уште една шанса ќе дадам да пие мое колку толку. Од првото екслузивно доено од 2 ден, со ова хаос направивме. Ќе видам ќе пробам само да го дојам еден ден, може и ќе го тргнеме ад..
Пробај ќе ти олесни место да молзиш или да правиш формула. Штом имаш млекце ставај на града во потемно и помирно
Од понеделник почнувам со работа 8 саати, сабајле да му дадам да цица, а после немам време ни простор за одмолзување, следно ќе биде додека се вратам околу 15 часот.Ќе влијае ова на количината млеко или не