А зошто даваш аптамил сеуште ако имаш млеко? Комбинираната исхрана е најтешка за калкулирање и мн често прави грчеви. Ако имаш доволно млеко исфрлај аптамил и премини на ексклузивно доење, мерење секоја недела на педијатар ќе покаже дали е доволно цицањето во секој случај и ќе си го следиш бебето
Искочи дека јас уствари имам силен млаз и бебка се плаши а не дека снемувам млеко се одмолзувам за силниот млаз да помине па сега е подобро
Па следно сме на преглед за повеќе од 2 недели, а навикнат е да пие адаптирано зошто не цицаше.. Овие 2 дена што цица и добив надеж дека може да се доиме, иначе само врескаше на града, јас се молзев и му давав, ама не доволно за ексклузивно да е на мое млеко (и намерно малку гледав да не стимулирам, зошто не би можела да терам само со молзење, премногу замарање е, имам и друго дете), а и како што сака во раце цело време без помош не стигав ажурно да се молзам, затоа и маститис добив. После маститисот мислев и да си го прекинам млекото ама реков ај уште една шанса ќе дадам да пие мое колку толку. Од првото екслузивно доено од 2 ден, со ова хаос направивме. Ќе видам ќе пробам само да го дојам еден ден, може и ќе го тргнеме ад..
Пробај ќе ти олесни место да молзиш или да правиш формула. Штом имаш млекце ставај на града во потемно и помирно
Од понеделник почнувам со работа 8 саати, сабајле да му дадам да цица, а после немам време ни простор за одмолзување, следно ќе биде додека се вратам околу 15 часот.Ќе влијае ова на количината млеко или не
Ќе ти се прилагодат градите да во тој период дури си на работа се намали продукција, во остатокот од денот ќе си биде според побарувачка.
Првите денови може во периодите кога цицало во тие 8 ч само да ти тече ,носи си влошки или ако си во можност и да пумпаш еднашка ако не немој за да прекине па градите ќе се прилагодат.
Женски, здраво. Дали додека доиме, смееме да пиеме про бета глукан? Кога бев бремена, пап тестот не беше добар, па не можев да пијам. Сега не можам да испитам брисеви додека не ми почне менструацијата. Барем така ми кажа матичната. Доколку некоја има искуство, би било супер да сподели.
Ако полни пелени, јас не би се грижела искрено. Моиве па обратно, првото како маче беше за цицање, ќе цицне малку и толку. Само првиот месец качи 1.300гр и толку, на годинка беше 9кг, а 3290гр се роди, значи не триплираше тежина. Сега на 4 ипол е 16кг и не мрда со килажа, а оди во висина. Јаде, не дека не, ама по малку секогаш и прибира. А еве второво, 1500 качи првиот месец, цица како да е последно. Дури и кога ќе се закашла од силен млаз, не се пушта, само испушта звуци од борба со градата - ахахаа, ахаа, ахахаа, пресмешен е, како топче е. Веќе оди накај 6кг, а во понеделникот направи 40 дена. 3650 се роди, АД немам дадено. Така да, секое дете си е скроз различно, не секое напредува исто, веќе почнуваат да ги интересира се околу нив, па и помалце цицаат. Стануваат и поактивни и повеќе трошат. Ако ти имаш чувство дека бебе е најадено, пелени полни, тогаш детето си е такво и нема што да му додаваш плус, не е ненајадено.
полни пелени, еве ја кака по три пати на ден, а и мочаните и се баш онака тешки, полни... твојот 40 дена 6 кила, моево е два месеци и 10 дена уште нема ни 5 кила стварно сум тотално во збунка и со педијатаров како да ја убедувам дека имам млеко а она ме гледа како да го изгладнувам бебето и сега ми рече за една недела пак да ја носам на мерење и упорно ми кажува дека за една недела требало барем 200 грама да качи, а она имаше качено нели 130 и сеа мислам дека оваа недела ако нема качено барем 200 грама ќе ми каже за дохрана
Јас и ти блиску се породивме моето е 2 ипол месеци. На 2 месеци тежеше точно 4890 и ми кажа педијатарот супер си е одлично качил. Се роди 3040 грама. Сама ми кажа дека не секое бебе качува исто и како минуваат месеците дека ќе накачува помалце. Битно да полни пелени, ништо друго. Може и да плаче, да ќенка, да не спие, а да е најаден. Не му се секирај толку ако полни пелени Со тежина мојот батко е на долна граница. Ни кажа чим досега е вака можам и на три ипол месеци 4 месеци најкасно пак на контрола. Замо на цицање е. Инаку големата скроз обратно беше. Само на цицање и качуваше многу. На прв месец мерена 1500 повеќе, втор 1300, трет 1400. Па тука педијатарот ми кажа како сум ја прејадувала на диета да ја ставам, не требала толку да цица. Не ја послушав си продолжив како предходно. На 6 месеци имаше 10 кила. Е после почна само по 200 грама да качува. Па на година имаше 11 ипол кила. Нема правила. Битно само да полни пелени. Еве ја денес манекенка. Брат ми бил ист како неа сега е коски и кожа. Совет од мене оди кај друг педијатар, јас таа ја сменив одма кога ми кажа диета.
значи исто како мојата 3050 се роди она, 4.930 беше сега, не знам ќе видам шо ќе каже може ќе ја сменам, сакам да и дадам шанса мн тешко се наоѓа педијатар
Мене никакви имуностимулатори не ми одобрија и гинеколог и педијатар и фармацевт. Само преку храна да пробувам да кренам имунитет.
Мајки, од кога се почнува со мачкање на брадавиците со ланолин, како подготовка за доење? Пред породување се почнува?
Да, јас од крајот на 8ми почнав не баш редовно ама битно мачкав. Земи си и во болница, таму веднаш почнав со мачкање неколку пати дневно.