Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за истрајноста мајка капа доле ти симнувам! Се надевам ќе успеете да си продолжите директ од града, далеку полесно е од молзење дефинитивно, немаш точно време, миење шишиња, планирање, само вадиш цице и завршена работа.

    Ти дадоа корисни совети и другите членки еве и од моево искуство со бебка. Време одприлика на 2 саати ми бараше пред да преминеме на цврста храна, максимум 2ипол ако издржала. Сега на 4 саати ако има убав оброк, ако не пак бара како и помала дур беше. Ако е нешто престимулирана знае и почесто да бара и ако и се спие ама верувам вие се успивате на поинаков начин. Мојава кога сака ја познавам освен што е ќенкава, одма ме шмата кај ќе стигне особено ако и се приближам со фаца, носот партали хах. И знае да ми нурка со главата во гради. Нуди во секој скучај ако поминат 2 и нешто саати и да не ти побара. Како растат така сакаат да цицаат повеќе легнати, во темно, мирно, без галама и дистракции. Мојава прекинува пример татко и ако помине или зборне. Друго нешто што ја деконцентрираше еден период беше ако ја гледам во очи, прекинуваше да цица и мислеше си играме. Дури сама ме чекаше, ќе прекине да цица и ме гледа чека да се свртам. И претешко беше да и одолеам да не ја погледнам кога душичка едвај чекаше ама морав да ја игнорирам малце за да исцица убаво.

    Тоа е вака што ми текна да споделам, ти посакувам среќа да си терате прекрасна доенечка приказна :inlove:
     
  2. Bebce ❤️❤️❤️

    Bebce ❤️❤️❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ноќно време уште поубаво ке фаќа пробај прво и ноќно време на града ако ептен не бидува дај и од шише јас така правам и јас имам млеко на едно одмолзување по 140-150 мл а оно кога влече сигурно и повеќе има за силиконски не ти препорачувам жива мака со првото имав ама не сакаше никако да фати без нив
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Не би требало цело време да те боли, само ако гризне бар кај мене е така. Во врска со гризањето, неколку пати ме гризна откога и искочи запчето, ја искарав така поднаљутено и прекина