Секоја чест за истрајноста мајка капа доле ти симнувам! Се надевам ќе успеете да си продолжите директ од града, далеку полесно е од молзење дефинитивно, немаш точно време, миење шишиња, планирање, само вадиш цице и завршена работа. Ти дадоа корисни совети и другите членки еве и од моево искуство со бебка. Време одприлика на 2 саати ми бараше пред да преминеме на цврста храна, максимум 2ипол ако издржала. Сега на 4 саати ако има убав оброк, ако не пак бара како и помала дур беше. Ако е нешто престимулирана знае и почесто да бара и ако и се спие ама верувам вие се успивате на поинаков начин. Мојава кога сака ја познавам освен што е ќенкава, одма ме шмата кај ќе стигне особено ако и се приближам со фаца, носот партали хах. И знае да ми нурка со главата во гради. Нуди во секој скучај ако поминат 2 и нешто саати и да не ти побара. Како растат така сакаат да цицаат повеќе легнати, во темно, мирно, без галама и дистракции. Мојава прекинува пример татко и ако помине или зборне. Друго нешто што ја деконцентрираше еден период беше ако ја гледам во очи, прекинуваше да цица и мислеше си играме. Дури сама ме чекаше, ќе прекине да цица и ме гледа чека да се свртам. И претешко беше да и одолеам да не ја погледнам кога душичка едвај чекаше ама морав да ја игнорирам малце за да исцица убаво. Тоа е вака што ми текна да споделам, ти посакувам среќа да си терате прекрасна доенечка приказна
Јас мислам дека ноќно време уште поубаво ке фаќа пробај прво и ноќно време на града ако ептен не бидува дај и од шише јас така правам и јас имам млеко на едно одмолзување по 140-150 мл а оно кога влече сигурно и повеќе има за силиконски не ти препорачувам жива мака со првото имав ама не сакаше никако да фати без нив
Не би требало цело време да те боли, само ако гризне бар кај мене е така. Во врска со гризањето, неколку пати ме гризна откога и искочи запчето, ја искарав така поднаљутено и прекина