Истото го мислев и јас тој период, ми се чинеше кога беше новороденче не бевме толку време на града како тогаш…ќе помине период е, претпоставувам скокот, после се оправивме па си цицаше на 2-3 саати преку ден… ноќе не би сакала да коментирам станува пак ама не цица на секое…
И мене ова ме интересира.. ние стигнавме до ноќе цицање 2-3 пати само (а станува многу пати уште од 4ти скок). И би сакала да почнам да давам и ад и полека да премине на тоа во следниве месец два (под услов да го прифати зошто нема пиено одамна и последен пат не го сакаше).
Ништо посебно нема да смени ад додека сте во скок мајка. Ова само како искуство ти го кажувам дека го поминав. Кога ќе пројде скокот ќе се стабилизирате.
Цица за комфорт заради скокот, така се смирува. Кај нас е истото сега од забите(на 10 месеци), ама барем има нешто што стандард ја смирува јас така се тешам.
А кога врви овој скок оти ми скока во главата мозокот овие дена Имавме и гости овие дена брат ми со внуците па шетавме цел ден и денски мн спиеше па ноќе се будеше често, ќе речам и тоа има врска ама овој е ваков некое време уште пред да дојдат тие. Снаа ми вика леле будење малото навечер како издржуваш, ехх реков јас си знам, тие ќе го видеа на камера и ееееј мирен колку е, еве се уверика во живо ако не за друго
Па мојата приказна веќе е нашироко позната низ форумов ама не ми е проблем ќе ја споделам пак На кратко, после се можно што можев да пробам, а без резултат, последна опција ми беше одбивање од ноќно доење, преку ден си сакав да ја дојам уште. Јас буквално се отселив од спална на една недела, спиеше маж ми со ќерќа ми 4 ноќи, после тоа следните 4 ноќи мајка ми спиеше со неа. Секое будење нејзино ја презаспиваа со нишкање или тапкање, јас не влегов ниту еднаш во спална. Од 4тата ноќ почна да преспива по цела ноќ, или малку само да се подразбуди по еднаш.. Подојот сабајле го заменив наеднаш со АД. Викендот пред да почнам на работа насабајле наместо да и дадам да цица и дадов ад, си пиеше без проблем. После тоа си продолживме со редот. Утредента пак и дадов сабајле ад, а следниот подој го заменив со ужинка. И толку беше, од тогаш тераме така, јас си тргнав на работа. Проблем со градите немав иако нагло скратив два подоја
Здраво мајки, Имам потреба да прекинам со доење во најскор период и да ја префрлам малата (3 месеци) на адаптирано. Ве молам ако некоја од вас имала ваков случај да ми каже како полека да ја одвикнам, дали по еден подој на ден да исклучувам или може и повеќе (се плашам да не направам мастит), дали воопшто ќе ми прифати шише прв/втор пат, дали имате совет за шише кое бебињата после екслузивно доење го прифатиле, затоа што и од цуцла почна да се одвикнува...
Авент ти се најдобри шишиња за бебиња кои се на цице. Ќе ти прифати, скоро сите бебиња прифаќаат лесно шише оти побрзо им течи млекце. Е сега за одвикнување од града со лесно, мојот и на шише е и цицка бара за утеха.
Филипс авент мојата цица и секако еднаш два пати неделно ја оставам со маж ми попладне и индава со шишенце измолзено од мала… од пред 40дена. Јас уште користам проток 2… вероватно ќе мора да сменам неделава - 6месеци сме
Како бе проток два на шест месеци ? Ние преминавме на 3, четири м сме, со двојката се нервираше и не можеше да трга. Мојот ми забушава со цицање, најверојатно немам доволно млеко за неговите потреби. Денес три пати ад дадов три пати веднаш заспа, претходно на цицка нервози, фати пушти, како да не му иди млеко и мрмла цел ден, не му е погодено, кога ќе се нацицаше беше мн мирен сега не, ,затоа почнав со ад да прихранвам.
Па совет беше ако сакам да цица а да ја оставам и со измолзено од шише понекогаш со татко и да ја причува да не брзам со проток голем да не се научи на шише и после да стане мрзлива да влече од цице. Сега веќе ќе приминам на тројка полека
@Baby warrior и @Cvetce_ фала ви, ќе ги земам и двете да се пробаат, иако со сите сили се трудам да не дојде до тоа...
Деновиве имав јаки панични напади. Ќе морам да вклучам таблети, за почеток на природна база. Дај Боже да делуваат за да не ја одвикнувам од цицање.
Оф, со лесно Не си сама, и мене ме имаа фатено, пред еден месец и на ургентен завршив, па во интерно, мислев мозочен добив, едвај ме убедија дека немам ништо.
Само еднаш те фати? Мене ме држи со денови, да не речам недели, само што има моменти кога држам под контрола а си тлее, а има моменти кога ескалира. На ургентен ќе стигнев и јас да не е маж ми, вака само два пати бев на матичен, еднаш на дерматолог, и во меѓу време посета на психолог. Многу малку зборуваме на темава, а мислам дека многу би ни помогнало на сите во мајчински муабети да си ги споделиме работиве за да знаеме дека не сме сами и, дека за жал на некој начин е нормално да ни се случува ова.
Јас имав некое воспаление и примав терапија и не смеев да дојам ама тоа траеше две недели Не добив мастит и го одржував некако млекото со испумпување барем на 4-5 саати ако не почесто И продолжив после тоа со доењето ама и со ад во комбинација Полека му намалував од дозата оти и мене мислам дека ми се намали млекото Уствари немам некако увид колку цица но ако не пие ад некогаш е кенкаво па решив на секој подој да додавам после цицање Кога се вратив продолжив со пумпата иако не вадеше многу Е сега 3 м се многу период ама ако си упорна мислам дека ќе успее Со тоа што прашај си дали може да дадеш своето млеко после неколку часа од терапија на пример повеќето лекови се најактивни 3 часа до 6 па зависност колку често пиеш терапија може да си комбинираш во текот на денот да имаш по некој подој Ако е еднаш на пример ќе го пиеш навечер и нема да доиш секако ако е два пати ќе ги распределиш според доењето но сепак провери на интернет некој тука имаше пуштено апликации за проверка на лекови при бременост и доење и нормално со консултации на Др А за да ги пие од шише мислам за почеток да додаваш од своето млеко со ад ако не е навикнато Јас имав и имам обратно проблем Моето бебе се згреши работата со тоа што на стартот се навикна на шише и тоа беше со побрзо проток и после не сакаше да цица баш а и не влечеше па таман ги поминавме тие предизвици благодарение на Јасна од бебелогија многу ми помогна со совети па после мене ми се случи да не смеам да дојам и така Еве сега сме на комбинација па тоа е тоа се помирив Колку може барем да прими некаков имунитет од мајчино млеко Така да можно е да си ја одржиш лактацијата ама е мачно Се надевам дека ти бев од помош
Во кој момент те фаќа паника? Дали додека доиш, ако си сама, ако си во гужва некоја? Мене ме фаќа нервоза зошто не сум наспана пример и сеуште немам ред со доењево одма заспива, се трудам и да го будам и се ама џабе... плус ај ќе заспие одвај ете го за 15мин разбуден или се буди со болки во меше со напони за какање