Здраво мајки Вчера се породив со царски. Млеко сеуште немам иако го ставам бебето на гради со надеж дека ќе надојди за 2-3дена. Бебето сеуште не е јадено, не сака ни адаптирано да пие а за чудо е мирно и не плачи многу,си спие. Жолтица нема Некој совет?
Сигурно му имаат дадено барем малку со шприц? Првите 24 часа и на нив им се приспособување, знае да се случи и да ги преспијат. Ќе почне да јаде, а ти продолжи да го ставаш на града за стимулација, ќе си дојде млеко, и така ептен малку му треба моментално.
Веќе почнува да се воспоставува лактација, не би ти препорачала да се молзиш пречесто за да не си направиш хиперлактација а со тоа и проблемите што си доаѓаат. Ако сакаш молзи неколку пати за да имаш некоја залиха ако сметаш дека е гладно, ама не многу. Исто така во 12 недела според термин им е и 3 скок па може и затоа повеќе да е плачливо отколку што е гладно.
Јас сум породена спонтано па млеко ми дпјде 5ти ден од пороѓај. Ќе дојде немај гајле се ќе биде ок, инаку ад им даваат во родилиште со шприц секако