И јас би го одбила на твое место како што кажа Cherry333, особено чим почнуваш на работа а он во градинка треба да си создаде друг начин за смирување а не да зависи толку од цице. Ќерка ми не фати цуцла никогаш па ете ја одбив без преголема мака. Фати некако шише по неколку обиди и пие млеко само пред заспивање и некогаш ретко еднаш во текот на ноќта ако ептен не може да презаспие без. Денска дремка или во количка или со читање книги и пеење.
Немаат сите деца исто барање за блискост. Немој да се лажеш да одбиваш дете, цица дека сте заедно цело време. Поголемо ќе прифати повеќе објаснување како на пример ќерка ми 25м, а сега со менувањето на тертипот ќе има промена па ќе се одвикне од висење на цице. И јас се надевам на истото, зошто и јас за скоро почнувам со работа.
Јас кажав дека јас би го одбила. И го одбив првото на година, а никогаш не висеше деноноќно на града, мене лично ме нервира тоа и не го ни доев цело време за презаспивање, ете цветче ужива во доењето, па и ти исто ваљда. А мене ми личи дека ја користи наместо цуцла лажалка. А градата е примарно за хранење на бебето, кога бебето си јаде после годинка, доста е од доење, тоа е мое мислење.
Апсолутно неточно. Цицката е за цуцање а не цуцлата. Ај што е вака нашироко прифатено, туку ни логика никаква нема. Самото име цуцла лажливка е за да го “излаже” бебето и да замени цицка. Не ја користи бебето цицката наместо цуцла, туку му се подметнува цуцла за да не биде на цицка, каде што најприродно треба да биде. Башка што бенефит освен лажење на бебето нема, а последици по вилицата еден куп може да има. @Cvetce_ чим ти е убаво терај. Моето е 17 месеци сеуште се буди доста ноќе, ама неговата потреба е пред мојата па тераме. Чим почнува во градинка а ти на работа, ќе ви се смени и таа динамика и ќе се прилагодите поинаку. Ама биди спремна дека после работа може да ти биде закачено цело време оти ќе сте разделени и ќе му фалиш и тоа ќе му биде голема промена. Ама и тој период ќе помине ко и секој друг. Се дур уживате и двајцата терај како ви одговара.
Мајки здраво ве молам за совет, бебе вечерва страшно многу плачеше, врискаше дури. Вчера јадев грозје, можно ли е да е од тоа? Не јадам грав, грашок и сл, но за грозје не сум слушнала дека прави грчеви. Од кога се покака заспа. Поздрав
Извини но мене твоето мислење ми е измодернизирано. А башка и се обраќав на другата членка... Јас гледам на доењето како базична конекција помеѓу мајката и детето. Чим детето не се одбило на 8, 18, 24 месеци само, најверојатно е сензитивно и има потреба од поголема конекција и допир. Нема секоја жена живци и нерви да и виси дете на града, а не ни има потреба. Башка што има жени што се малтретираат да дојат, секако дека е подобро да се скрати истоштувањето. Секоја си знае најдобро за себе и своето чедо. На моето дете цицката му е све, храна, комфор, удобност, перниче, гушкалче... Цуцла не прифати, шише па ич. Цицка магија. Ми станува напорно? Да. Скратив подои, па тераме понатака.
Да се апдејтирам Детето е цело време цел ден буквално само со мене, пресно сме преселени и освен мене и татко му со живо битие нема контакт, освен тек тук еднаш неделно ако се видиме со пријателите и нормално надвор кога го вадам. Е сега, еве денес гости ми дојдоа и детето буквално два часа заборај на мене, не само што не побара да цица туку и не ме ни регистрира дека не сум во близина негова. Значи од што е навикнато да цица насекое, оти јас кажав претходно дека нудам града оти тоа ми е единствениот начин да земам здив бидејќи сум сама скоро цел ден со него. Ќе тераме вака додека ни е убаво, и јас мислам дека кога ќе почне во градинка динамиката ќе ни се смени и постепено ќе се одвикни, имам приметено а е со луѓе и има занимација не бара цице
Не би требало. Колкаво е бебо? @Cvetce_ скроз исто... јас ги искористив деновиве што залади да и вметнам нови активности и дистракцијата функционира...
2 месеци, го туширавме го оставивме голо малце се покака и заспа. Вака не плачел до сега па се сомневав на грозјето
Микрофлората дур се формира ќе има мака. Сега може повеќе плаче зошто едноставно добива сила како што расте, а не дека претходно помалку го болело. Верувам дека ти најдобро ќе забележиш што му смета. Грозје не би требало ама ако мислиш дека прави проблем, скокни го. Обично ќерка ми реагираше со појаки грчеви после некој час откако ќе јадев нешто. Најлошо и беше од грав и тоа и од најмала количина. Исто покасно дознав дека може да има грчеви и од чоколадо и кафе.
Според истражувања нема врска што јаде мајката, ама лично јас имав приметено одредени јадења дека и правеа проблем. Така да скокни ги за чиста мира. Ние грчеви минувавме тело на тело топличко да и е на мешето.
@Cosmic Girl @merriel0 Фала ви, нешто ке менуваме ке се гушкаме, периоди се ке поминат а и читам 8ма недела скок има, може и тоа е
Тешко е, знам, мојата имаше грчеви доста долго, дури и кога веќе јадеше скоро се. Ништо не помагаше, ни чаеви ни ништо. Дури не потпорасна не го надмина. Единствено моето припазување од нешто што ќе приметев. Инаку јас не ја сакам теоријата со скокови. Во темата за скоковите објаснував пошироко зошто.
Девојки што се породивте во Систина, дали ви го дадоа бебо одма на града после породување (и за природно и за царски прашувам), за да може да си го исцица колострумот или го собиравте или…како постапивте за да сте сигурни дека ќе го прими колострумот? Јас со првото на ГАК не ми ја донесоа долго а се пумпав бидејќи веднаш почна да тече и за жал го фрливме… не сакам пак да се фрли па затоа прашувам каков им е пристапот во Систина?
Јас имам лошо искуство во Систина. Не беа воопшто стручни за доење, јас бев спонтано породена и дур бев во сала беше со мене бебето, го ставив на града но никој ништо не ми кажа, после тоа кажуваш дали сакаш да е со тебе или не. Јас бев прворотка и не знаев ништо за доење, мислев дека ќе ми кажат таму но дефинитивно не беа стручни па после имав проблеми. Инаку ги ранат со шише, адаптирано, дури по 60 мл им даваат дур се таму кај нив.
Јас сум породена природно во Систина, бебе веднаш ми го дадоа на града, акушерката што беше на пораѓај ми го намести, ми кажа, алал да и е! Бебе одма цицаше - тоа прекрасно чувство не се опишува! Кога ќе те качат во родилен бокс, ќе им кажеш и ти како сакаш и мислам дека нема да направат спротивно од тоа. А доле во соба го оставаа колку сакаш кај тебе и форсираа доење, малиот по цел ден беше на града. Дури еднаш јас ги замолив да го земат на кратко затоа што бев многу уморна и сакав да се средам. Јас имам преубаво искуство!
Да веднаш ми ја ставија на мене, спонтано породена. После доле во соба исто цело време си беше со мене, сестрите од неонатологоја доаѓаат ја местат ти објаснуваат ако имаш прашања. Ако надојде млеко внимаваат и на градите ако не го ставаат бебето да сримулира цело време. Мене вистинско млеко ми се наполнија градите тек кога дојдов дома, 4ти ден по пироѓај ама додека бев таму стимулираше бебе и го цицаше колострумот
Бебето има 6 недели, на комбинирана исхрана сме, но не напредува многу во килажа. Родено е со 4300 сега има 4800. На последното мерење ни кажаа да зголемиме со адаптираното. Сакам да биде повеќе на доење. Дали тоа што не качува доволно на тежина значи дека немам доволно млеко? Ве молам за совет како да ја зголемам количината на млеко.
Хелоу Според моја логика и искуство со бебки на други мајки, бебе родено 2800 и бебе родено 4300 ретко да напредува исто, сигурна сум дека твоето бебе е позахтевно, така да мислам дека нема потреба да си правиш никаков терет. Грижата е тука е секогаш ќе остане. Мојот совет е да држиш бебе цело време т.е. почесто на града, не на 3ч како што најверојатно ти препорачале... Лактацијата функционира по побарувачка, колку повеќе стимулира со цицање бебе толку повеќе млеко ќе имаш. Кога даваш АД ти веќе му кажуваш на телото дека не треба да произведува млекце... за екстра млекце или за надоаѓање можеш да пробаш и со лактил капсули, чај од анасон, сок од јаболко, овесни каши, или па со готови чаеви за лактација. Важно е да не претераш са не ти се случи хиперлактација Јас лично користев капсули лактил и многу ми помогнаа.
Колку му е тежината при испис? Колку реално качило за тие 6 недели? Ние сме со слична родилна тежина, поголемите бебиња поспоро качуваат тежина. Јас воопшто не додадов адаптирано и покрај препораките, во еден момент не ми беше сеедно кога не растеше како "по книга", но континуирано си расте, по своја крива и е здраво право среќно бебенце,. Веројатно си читала по темава, ако полни пелени, среќно е, бројките не значат многу. Нуди почесто града, пиј течности ...