1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    И јас би го одбила на твое место како што кажа Cherry333, особено чим почнуваш на работа а он во градинка треба да си создаде друг начин за смирување а не да зависи толку од цице. Ќерка ми не фати цуцла никогаш па ете ја одбив без преголема мака. Фати некако шише по неколку обиди и пие млеко само пред заспивање и некогаш ретко еднаш во текот на ноќта ако ептен не може да презаспие без. Денска дремка или во количка или со читање книги и пеење.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    4.440
    Пол:
    Женски
    Немаат сите деца исто барање за блискост.
    Немој да се лажеш да одбиваш дете, цица дека сте заедно цело време. Поголемо ќе прифати повеќе објаснување како на пример ќерка ми 25м, а сега со менувањето на тертипот ќе има промена па ќе се одвикне од висење на цице. И јас се надевам на истото, зошто и јас за скоро почнувам со работа.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    9.421
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека јас би го одбила. И го одбив првото на година, а никогаш не висеше деноноќно на града, мене лично ме нервира тоа и не го ни доев цело време за презаспивање, ете цветче ужива во доењето, па и ти исто ваљда. А мене ми личи дека ја користи наместо цуцла лажалка. А градата е примарно за хранење на бебето, кога бебето си јаде после годинка, доста е од доење, тоа е мое мислење.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.210
    Допаѓања:
    192.585
    Пол:
    Женски
    Апсолутно неточно. Цицката е за цуцање а не цуцлата. Ај што е вака нашироко прифатено, туку ни логика никаква нема. Самото име цуцла лажливка е за да го “излаже” бебето и да замени цицка. Не ја користи бебето цицката наместо цуцла, туку му се подметнува цуцла за да не биде на цицка, каде што најприродно треба да биде. Башка што бенефит освен лажење на бебето нема, а последици по вилицата еден куп може да има.

    @Cvetce_ чим ти е убаво терај. Моето е 17 месеци сеуште се буди доста ноќе, ама неговата потреба е пред мојата па тераме. Чим почнува во градинка а ти на работа, ќе ви се смени и таа динамика и ќе се прилагодите поинаку. Ама биди спремна дека после работа може да ти биде закачено цело време оти ќе сте разделени и ќе му фалиш и тоа ќе му биде голема промена. Ама и тој период ќе помине ко и секој друг. Се дур уживате и двајцата терај како ви одговара.
     
    На MeowMeow, Liza38, Cvetce_ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Nala1806

    Nala1806 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2024
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво ве молам за совет, бебе вечерва страшно многу плачеше, врискаше дури. Вчера јадев грозје, можно ли е да е од тоа? Не јадам грав, грашок и сл, но за грозје не сум слушнала дека прави грчеви. Од кога се покака заспа. Поздрав
     
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    4.440
    Пол:
    Женски
    Извини но мене твоето мислење ми е измодернизирано. А башка и се обраќав на другата членка... Јас гледам на доењето како базична конекција помеѓу мајката и детето. Чим детето не се одбило на 8, 18, 24 месеци само, најверојатно е сензитивно и има потреба од поголема конекција и допир. Нема секоја жена живци и нерви да и виси дете на града, а не ни има потреба. Башка што има жени што се малтретираат да дојат, секако дека е подобро да се скрати истоштувањето. Секоја си знае најдобро за себе и своето чедо. На моето дете цицката му е све, храна, комфор, удобност, перниче, гушкалче... Цуцла не прифати, шише па ич. Цицка магија. Ми станува напорно? Да. Скратив подои, па тераме понатака.
     
    На Baby warrior, MeowMeow и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Да се апдејтирам :)

    Детето е цело време цел ден буквално само со мене, пресно сме преселени и освен мене и татко му со живо битие нема контакт, освен тек тук еднаш неделно ако се видиме со пријателите и нормално надвор кога го вадам.
    Е сега, еве денес гости ми дојдоа и детето буквално два часа заборај на мене, не само што не побара да цица туку и не ме ни регистрира дека не сум во близина негова.
    Значи од што е навикнато да цица насекое, оти јас кажав претходно дека нудам града оти тоа ми е единствениот начин да земам здив бидејќи сум сама скоро цел ден со него.

    Ќе тераме вака додека ни е убаво, и јас мислам дека кога ќе почне во градинка динамиката ќе ни се смени и постепено ќе се одвикни, имам приметено а е со луѓе и има занимација не бара цице :)
     
    На Anie93, MeowMeow, Anastasia579 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    4.440
    Пол:
    Женски
    Не би требало. Колкаво е бебо?

    @Cvetce_ скроз исто... јас ги искористив деновиве што залади да и вметнам нови активности и дистракцијата функционира...
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nala1806

    Nala1806 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2024
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    2 месеци, го туширавме го оставивме голо малце се покака и заспа. Вака не плачел до сега па се сомневав на грозјето :(
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Микрофлората дур се формира ќе има мака. Сега може повеќе плаче зошто едноставно добива сила како што расте, а не дека претходно помалку го болело.
    Верувам дека ти најдобро ќе забележиш што му смета.
    Грозје не би требало ама ако мислиш дека прави проблем, скокни го. Обично ќерка ми реагираше со појаки грчеви после некој час откако ќе јадев нешто.
    Најлошо и беше од грав и тоа и од најмала количина. Исто покасно дознав дека може да има грчеви и од чоколадо и кафе.
     
    На Nala1806 и merriel0 им се допаѓа ова.
  11. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    4.440
    Пол:
    Женски
    Според истражувања нема врска што јаде мајката, ама лично јас имав приметено одредени јадења дека и правеа проблем. Така да скокни ги за чиста мира. Ние грчеви минувавме тело на тело топличко да и е на мешето.
     
    На Nala1806 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nala1806

    Nala1806 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2024
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl @merriel0
    Фала ви, нешто ке менуваме ке се гушкаме, периоди се ке поминат а и читам 8ма недела скок има, може и тоа е
     
    На merriel0 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Тешко е, знам, мојата имаше грчеви доста долго, дури и кога веќе јадеше скоро се. Ништо не помагаше, ни чаеви ни ништо. Дури не потпорасна не го надмина. Единствено моето припазување од нешто што ќе приметев.

    Инаку јас не ја сакам теоријата со скокови. Во темата за скоковите објаснував пошироко зошто.
     
  14. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Девојки што се породивте во Систина, дали ви го дадоа бебо одма на града после породување (и за природно и за царски прашувам), за да може да си го исцица колострумот или го собиравте или…како постапивте за да сте сигурни дека ќе го прими колострумот? Јас со првото на ГАК не ми ја донесоа долго а се пумпав бидејќи веднаш почна да тече и за жал го фрливме… не сакам пак да се фрли па затоа прашувам каков им е пристапот во Систина?
     
  15. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Јас имам лошо искуство во Систина. Не беа воопшто стручни за доење, јас бев спонтано породена и дур бев во сала беше со мене бебето, го ставив на града но никој ништо не ми кажа, после тоа кажуваш дали сакаш да е со тебе или не.
    Јас бев прворотка и не знаев ништо за доење, мислев дека ќе ми кажат таму но дефинитивно не беа стручни па после имав проблеми.
    Инаку ги ранат со шише, адаптирано, дури по 60 мл им даваат дур се таму кај нив.
     
  16. Anastasia579

    Anastasia579 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Јас сум породена природно во Систина, бебе веднаш ми го дадоа на града, акушерката што беше на пораѓај ми го намести, ми кажа, алал да и е!
    Бебе одма цицаше - тоа прекрасно чувство не се опишува!
    Кога ќе те качат во родилен бокс, ќе им кажеш и ти како сакаш и мислам дека нема да направат спротивно од тоа.
    А доле во соба го оставаа колку сакаш кај тебе и форсираа доење, малиот по цел ден беше на града. Дури еднаш јас ги замолив да го земат на кратко затоа што бев многу уморна и сакав да се средам.
    Јас имам преубаво искуство!
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    7.401
    Пол:
    Женски
    Да веднаш ми ја ставија на мене, спонтано породена. После доле во соба исто цело време си беше со мене, сестрите од неонатологоја доаѓаат ја местат ти објаснуваат ако имаш прашања. Ако надојде млеко внимаваат и на градите ако не го ставаат бебето да сримулира цело време. Мене вистинско млеко ми се наполнија градите тек кога дојдов дома, 4ти ден по пироѓај ама додека бев таму стимулираше бебе и го цицаше колострумот :l:
     
    На ...Arthemisia... и Anastasia579 им се допаѓа ова.
  18. pecpec

    pecpec Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    11
    Бебето има 6 недели, на комбинирана исхрана сме, но не напредува многу во килажа. Родено е со 4300 сега има 4800. На последното мерење ни кажаа да зголемиме со адаптираното. Сакам да биде повеќе на доење. Дали тоа што не качува доволно на тежина значи дека немам доволно млеко? Ве молам за совет како да ја зголемам количината на млеко.
     
  19. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    4.440
    Пол:
    Женски
    Хелоу
    Според моја логика и искуство со бебки на други мајки, бебе родено 2800 и бебе родено 4300 ретко да напредува исто, сигурна сум дека твоето бебе е позахтевно, така да мислам дека нема потреба да си правиш никаков терет. Грижата е тука е секогаш ќе остане. Мојот совет е да држиш бебе цело време т.е. почесто на града, не на 3ч како што најверојатно ти препорачале... Лактацијата функционира по побарувачка, колку повеќе стимулира со цицање бебе толку повеќе млеко ќе имаш. Кога даваш АД ти веќе му кажуваш на телото дека не треба да произведува млекце... за екстра млекце или за надоаѓање можеш да пробаш и со лактил капсули, чај од анасон, сок од јаболко, овесни каши, или па со готови чаеви за лактација. Важно е да не претераш са не ти се случи хиперлактација :) Јас лично користев капсули лактил и многу ми помогнаа.
     
    На Anie93 и pecpec им се допаѓа ова.
  20. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    1.389
    Пол:
    Женски
    Колку му е тежината при испис? Колку реално качило за тие 6 недели?
    Ние сме со слична родилна тежина, поголемите бебиња поспоро качуваат тежина. Јас воопшто не додадов адаптирано и покрај препораките, во еден момент не ми беше сеедно кога не растеше како "по книга", но континуирано си расте, по своја крива и е здраво право среќно бебенце,.
    Веројатно си читала по темава, ако полни пелени, среќно е, бројките не значат многу. Нуди почесто града, пиј течности ...