Мојата микогаш не стави повеќе од 800 за месец. Просек 700 доаѓаше. Ама во должина фура Над 600 е сосема во ред првите 3 месеци за само доено бебе. Моринга јас земав околу 200 денари од веро џамбо. И не ја испив, се одбивме пред 1 месец Ама смешното е што мм ја нашол во кујна, па дека рокот пред крај, му ја дал на свекор ми. Си ја испи човекот
Не.. исто меки ми се цело време. Еве денес така некоја промена има, ама вчера цицаше, молзев.. гледав што повеќе да вадам и да пие.. зашто она си задремува на цице и не цица така мн мн. Денес и жолти се гомцата, не се зеленки...
Извини што ќе се умешам ама муабет помеѓу мајки за гомцата ми е најјак П.с не се секирај ќе си се средите двете. Ппс стави слика од бебка
Некој шок, нервоза.. дали промена одеднаш што ми дојде, па синко чуден ми беше и плачев зашто е таков ме дрмна некое депресииче, се соземам полека, сега влегов да се туширам дури и ми капеше од двете, се враќам во форма Бебка да ја дотерам и ке ставам една слика во мода за клинци и клинцези, се е смешно облечена.. што ми дојде тоа
Исто и мене. А бе не очекував дека може да западнам така. Мислев само на филмови го има. Жалам што со млекото платив
Не толку екстремни вежби. Полесни отпочеток, шок е за организмот, особено што си царски породена. Раните се зараснати, ама сепак т25 алфа не е само потскокнување и трчкање, си сака напор. Прашај гинеколог првин, види што ќе ти каже.
Мариз не треба да се оптеретуваш толку за килажата. Се што е над 700 гр месечно е сосем доволно. Не секое бебе е Буцко. Не си создавај дополнителен притисок со тоа. Ако сте вие големи луѓе и баткото ако бил понапреден, не значи дека и она треба да го следи истото темпо. Познавам мн крупни родители со поситни деца. Секој за себе си е. Не се нервирај ќе биде се добро. Инаку сакав да прашам дали можам да пијам чај од брусница? Многу ме печат мочните канали и на секои 15 минути сум во вц...
Здрaвo мaјки. Дaли знaете кaкo дa ги oтвoрaм кaнaлите? Евa немa тoлку силa дa влече се умoрвa и зaспивa пa и мoлзaм и и дaвaм сo шише. Исцрпенa сум веќе сaкaм бебе сaмa дa си влече a не мoжи. Ми велaт декa требa дa шприцa oд грaдите a кaј мене сaмo кaпе пијaм чaј зa дoилки и мнoгу течнoст, млекo имaм грaдите кaмен стaвaм и шише сo тoплa вoдa aмa кoгa се стиснaм не шприцa туку кaпе. Некoј сoвет?
Се вратив ептен во форма.. незнам што се случи минатите денови но од денес пак полни гради, дури и течат сами.. Која разлика значи... само да не ми се случи пак истото... Бебе цица, кака повеќе и спие мирно, одма се гледа задоволна, а и не ме пече кога цица... и од една града цица, наредната нареден подој. И апетит ми дојде повеќе.. И мислам лакта миксот многу ми помага..
Јас мислам ти помогна тоа што не даде ад и ја држеше на града. Реално, ако немаш млеко, што сакаш пиј, нема голема разлика да направи. Не чаеви, не кромиди што се не пиев, ама количината иста остана.
Не е некое си правило тоа дека мора да шприца. Но штом ти се градите јаки мораш да се молзиш. За каналите пробај под пареа молзи се или под топол туш.
@barby ти доиш? Денес не се напив апче и проверив тсх, 0.7 ми е.. волку никогаш не ми било.. односно под 2 никогаш. Можно е дека не се напив апче да си имам повеќе млеко денес? Ке треба да одам да ми намалат доза, на 5ти ден од раѓање кога проверија ми беше 2 и нешто.
Фана прво честито ќеркичка, да е жива и здрава, многу да ве радува! Штом ти се градите камен, значи полни ти се со млеко и лактацијата уште не ви е воспоставена како што треба. Деновиве пиј помалку од чајот за доилки, за да не се ствара вишок млеко за да не фатиш мастит. Пред подој оди под туш и туширај се со многу топла вода и масирај јако за да се отпуштат каналите. Исто ко што ти пишала Јована, над пареа, тенџере вода што врие, застани и масирај, тоа најдобро ги отпушта каналите. Оваа предуеност нема долго да трае, наскоро ќе се воспостави лактација и ќе ти издишнат градите, па тогаш ќе си мислиш си однемала млеко. @ mariz супер штом сте се вратиле во нормала, само така да си терате.
Да дојам, веќе 5 месеци само на доење е синко затоа ми ја намалија дозата, јас после 2 месеци појдов, касно знам, ама немав можност порано. Мене пред да останам бремена ми беше скоро 2, а во бременоста најмногу 3. Затоа кога ми се намалила осетив многу гушење и големаааа нервоза, само плачев. Кога ти испитале уште не си доела затоа може 2 ти била, како што расте бебе цица повеќе и затоа оди надоле. Така ми рече др. Каранфилски.Јас мислев дека кога ќе цица ќе треба да се зголеми дозата, нели дека од мене зема, ама бебето веќе си имало негова жлезда, не му требало од мојата да влече. испитај си не чекај. ве гушкам