Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.801
    Допаѓања:
    142.112
    Телото се менува според потребите. Битно еколкаво е детето. Ако е над 40 дена, не мора ноќе да цица ако напредува добро.

    Ако е мало и не напредува, мораш да будиш и доиш.

    АКо не му треба ноќе млеко,нема зошто да стимулираш ноќе доење.

    Врзи си вака - јас кога одевна работа, немав млеко до 4 саат. У 4 ми идеше млекото. Ноќе цицаше и имав ноќе млеко. Телото има некој регулатор.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Бебчево мое е мало 11 дена мора да се буди ама слабо влече се молзев вечерва едвај 20мл извадив па ќе морам изгледа со дохрана плус не ми качуваше тежина и се мислам ради тие ноќни оскудни подои
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.801
    Допаѓања:
    142.112
    Буди на 2 саати, давај после подој АД, и мери редовно. И стимулирај млеко со одмозување.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Јас па преку ден имам многу малку, а ноќе од градите само млекото ми тече но кога ќе почне да цица ме исцицува во еден подој.
     
  5. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Колкаво бебче имаш? Моево уште нема многу сила да влече 15мин супер после одвај со триста маки да ја натерам да доцица
     
  6. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    17 дена, ама и оно кога цица ќе повлече, па ќе се одмори па пак ќе повлече, па ќе се расплаче од умор, па на другата и така се тегне може саат време и толку од млекото.
     
  7. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација и кај мене изгледа не му тече многу па си заспива морам да го штипнам и соблечам за да се освести и пак да влече а од шише го пие за секунда не се мачи толку :)
     
  8. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Мамички од што ви е составена исхраната за да имате повеќе и похранливите млеко?

    Исто, за шише млеко и шише чај како лакомо е.
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2018
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    Течности и одмор. Ништо посебно не е потребно. Може чај за доилки, разновидно овошје и зеленчук, разновидна исхрана се подразбира. Шишето со вода постојано до тебе - бебе цица, ти пиеш вода. И одмор. Кога спие бебе и ти спиеш. Нема повеќе и помалку хранливо млеко, или имаш или немаш. За да надојде убаво, градите стави ги под туш со топла вода колку што можеш да издржиш. Или пак држи ги над тенџере со вода што врие, од пареата да се отворат убаво каналите. Ќе надојде млекото.
     
    На Kaetana, Lolipop23 и melani@ им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Жени, чаре за блистери?
    Овој пат не поминуваат веќе цел месец :(
    Сум пробувала со топли облоги и благо трљање со фротирска крпа, бушење со игла па измолзување, но сега тие два блистера веќе не се затнати (грутки не ми се прават) но останаа површински на брадавицата и изгледаат како плускавци, како херпес на уста...
    Боли на допир, боли кога дојам...
     
  11. jule84

    jule84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Јас имав такво скоро 3 месеци и само се повлече а боли многу јас пукнав 3 месеци.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Обично ми поминувале за ден-два откако ќе го отпушам и ќе исцица бебето, но ова сега трае и трае. Плус што се претвори на изглед во пликче.
     
  13. jule84

    jule84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Ќе помине душо мачкај маст на медела многу помага таа јас што не пробав зш ме болеа пупките и ден денес ме болат само не многу и уште мачкам пурелан 5+ сме.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    И мојата е 5 месеци. Мачкам ланолин но некако во ситуацијава не ми помага. Гледам на врвот е засушено како крастичка :| Ќе пробам со топол влажен пешкир да ги омекнам и малце да ги истругам , па да намачкам :sweat:
     
  15. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    Како се третира блистерот?
    Со топлa влажна облога. Непосредно пред доењето треба да држите топли влажни облози на местото каде се појавил блистерот. Доколку нема подобрување, тогаш најмалку 4 пати на ден користете облози со “горчлива сол” (магнезиум сулфат). Растворот се прави со растворање на 2 мали кафени лажици од горчливата сол во 2 децилитри вода (се раствора во топла вода, а потоа се додава студена).

    Кожата околу блистерот може исто така да се омекне со поставување на маслиново масло на вата кое се става на брадавиците за да го апсорбира млекото. Потребно е да се измие брадавиците пред доење.
    Читав баш.на истава странава може и на лекар со стерилна игла да го боцнат.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jule84

    jule84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Пробај со маста на медела многу побрзо ќе помине скапа е ама се исплати стварно. Јас предходно бев со ланолин ама пуреланот е каде подобар.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    @Kitten
    Ги проверувам брадавициве синоќа и гледам блистер викам зар е могуче (видов на слика како изгледа) да не те прочитав немаше да знам што е :)
    Сабајлево ме заболува гледам веќе не е бело туку ко крв насобрана и може фати страв па пак читав може и такво да биде е сеа ваљда во доење не смета мислам на крвта не дај боже бебе да се наголта.. што да направам имаш идеја ?
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Нема штета и да проголта. Јас некогаш малце поагресивно знам са се стиснам или трљам и да си пуштам крв. Важно е да се отвори каналот и да исцицува бебето, ако не се отвори се создаваат грутки во дојката. До сега успешно сум се справувала, или со топло мокро пешкирче ќе затрљам или со стерилна игла ќе пробушам па ќе измолзам за да бидам сигурна дека излегува млеко од него.
    Но сега кај мене нешто друго се случува, не е запушено но боли исто како да е запушено.
     
    На Independiente му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    Како црвена коричка има фатено..ко рана што заздравува и малку отееченко е. на допир ме заболува малку. Ќе пробам ко тебе со крпа. Фала ти
     
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Јас тој блистер два месеца го носам. Мислев се рагади, ако не прочитав немаше да знам. баш така ко херпес изгледа, ужасно боли при доење, а таа града е секогаш пополна од другава. Ланолинот не помага баш,а триење со пешкир би ми било пекол. :(
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.