Телото се менува според потребите. Битно еколкаво е детето. Ако е над 40 дена, не мора ноќе да цица ако напредува добро. Ако е мало и не напредува, мораш да будиш и доиш. АКо не му треба ноќе млеко,нема зошто да стимулираш ноќе доење. Врзи си вака - јас кога одевна работа, немав млеко до 4 саат. У 4 ми идеше млекото. Ноќе цицаше и имав ноќе млеко. Телото има некој регулатор.
Бебчево мое е мало 11 дена мора да се буди ама слабо влече се молзев вечерва едвај 20мл извадив па ќе морам изгледа со дохрана плус не ми качуваше тежина и се мислам ради тие ноќни оскудни подои
Јас па преку ден имам многу малку, а ноќе од градите само млекото ми тече но кога ќе почне да цица ме исцицува во еден подој.
Колкаво бебче имаш? Моево уште нема многу сила да влече 15мин супер после одвај со триста маки да ја натерам да доцица
17 дена, ама и оно кога цица ќе повлече, па ќе се одмори па пак ќе повлече, па ќе се расплаче од умор, па на другата и така се тегне може саат време и толку од млекото.
Иста ситуација и кај мене изгледа не му тече многу па си заспива морам да го штипнам и соблечам за да се освести и пак да влече а од шише го пие за секунда не се мачи толку
Мамички од што ви е составена исхраната за да имате повеќе и похранливите млеко? Исто, за шише млеко и шише чај како лакомо е.
Течности и одмор. Ништо посебно не е потребно. Може чај за доилки, разновидно овошје и зеленчук, разновидна исхрана се подразбира. Шишето со вода постојано до тебе - бебе цица, ти пиеш вода. И одмор. Кога спие бебе и ти спиеш. Нема повеќе и помалку хранливо млеко, или имаш или немаш. За да надојде убаво, градите стави ги под туш со топла вода колку што можеш да издржиш. Или пак држи ги над тенџере со вода што врие, од пареата да се отворат убаво каналите. Ќе надојде млекото.
Жени, чаре за блистери? Овој пат не поминуваат веќе цел месец Сум пробувала со топли облоги и благо трљање со фротирска крпа, бушење со игла па измолзување, но сега тие два блистера веќе не се затнати (грутки не ми се прават) но останаа површински на брадавицата и изгледаат како плускавци, како херпес на уста... Боли на допир, боли кога дојам...
Обично ми поминувале за ден-два откако ќе го отпушам и ќе исцица бебето, но ова сега трае и трае. Плус што се претвори на изглед во пликче.
Ќе помине душо мачкај маст на медела многу помага таа јас што не пробав зш ме болеа пупките и ден денес ме болат само не многу и уште мачкам пурелан 5+ сме.
И мојата е 5 месеци. Мачкам ланолин но некако во ситуацијава не ми помага. Гледам на врвот е засушено како крастичка Ќе пробам со топол влажен пешкир да ги омекнам и малце да ги истругам , па да намачкам
Како се третира блистерот? Со топлa влажна облога. Непосредно пред доењето треба да држите топли влажни облози на местото каде се појавил блистерот. Доколку нема подобрување, тогаш најмалку 4 пати на ден користете облози со “горчлива сол” (магнезиум сулфат). Растворот се прави со растворање на 2 мали кафени лажици од горчливата сол во 2 децилитри вода (се раствора во топла вода, а потоа се додава студена). Кожата околу блистерот може исто така да се омекне со поставување на маслиново масло на вата кое се става на брадавиците за да го апсорбира млекото. Потребно е да се измие брадавиците пред доење. Читав баш.на истава странава може и на лекар со стерилна игла да го боцнат.
Пробај со маста на медела многу побрзо ќе помине скапа е ама се исплати стварно. Јас предходно бев со ланолин ама пуреланот е каде подобар.
@Kitten Ги проверувам брадавициве синоќа и гледам блистер викам зар е могуче (видов на слика како изгледа) да не те прочитав немаше да знам што е Сабајлево ме заболува гледам веќе не е бело туку ко крв насобрана и може фати страв па пак читав може и такво да биде е сеа ваљда во доење не смета мислам на крвта не дај боже бебе да се наголта.. што да направам имаш идеја ?
Нема штета и да проголта. Јас некогаш малце поагресивно знам са се стиснам или трљам и да си пуштам крв. Важно е да се отвори каналот и да исцицува бебето, ако не се отвори се создаваат грутки во дојката. До сега успешно сум се справувала, или со топло мокро пешкирче ќе затрљам или со стерилна игла ќе пробушам па ќе измолзам за да бидам сигурна дека излегува млеко од него. Но сега кај мене нешто друго се случува, не е запушено но боли исто како да е запушено.
Како црвена коричка има фатено..ко рана што заздравува и малку отееченко е. на допир ме заболува малку. Ќе пробам ко тебе со крпа. Фала ти
Јас тој блистер два месеца го носам. Мислев се рагади, ако не прочитав немаше да знам. баш така ко херпес изгледа, ужасно боли при доење, а таа града е секогаш пополна од другава. Ланолинот не помага баш,а триење со пешкир би ми било пекол.