Не е за дохрана, си цица убаво. Од 4 месец не качуваат толку, качило 2 и пол кила за три месеци, што не е малку, со оглед на тоа дека просекот на добивање на килажа е 600-800 г месечно во првите три месеци. Јас не би се секирала, бебето си е весело и полни пелени според зборовите на мајката. Скокот во развој, а и периодот на sleep regression си го прават своето. Јас не би давала ад млеко, има добра килажа.
Колку често менуваш пелени? Има сува уста, колку често спие? Расте во висина? Премалку е 30г од 3-4м, најдолна граница е 300г, некој пак ќе каже дека е 400г. Јас би мерела бебе секој ден во исто време и би следела, ако не качува би почнала со дохрана, АД тешко да ќе прифати, но можеш да пробаш, ако не бива ќе почнеш да се молите со лажичка и каши..
Мамички ние преминавме амо на адаптирано млеко нема што не пробав не сака да цица само се измачуваме цела недела а детето гладно пак. Туку сега што да правам со градите што ми се насобира млеко, неможам нонстоп да се одмолзувам дали има некој начин за да ми престане млекото?
Девојки чаре за дунде да цица без силикони неможам да ја дојам не сака без нив а со нив се нервира се местат многу цела вечер со дохрана сме а несакам така веќе само дење ја ставам да цица со сила плаче вриште се нервира со силиконите што да правам со брадавиците
Ама што има врска жолтицата, кој те убедил дека ради жолтица неможе да цица? Малку се поуспани и помрзеливи, но ако почнеш со цуцла и те како ќе му биде полесно на шише да пие и нема да сака да цица. Јас во ни еден момент не помислив на вешташко, а двете ќерки ми имаа ептен јака жолтица бидејќи сум Рх негатив а тие позитив. Месец и кусур ни траеше жолтицата. И се доени од прв ден. А зошто неможеш да одмолзуваш? Штом имаш млеко подобра варијанта (а и поевтина) ти е да пие мајчино млеко.
Не качуваат толку ама и не стагнираат. Јас имав таква недела со полни пелени и цицање, а качи мн малку, ама тоа беше ради нагло прекинување на дохрана, после се вративме од почеток и постепено укинувавме. За мене најдобар показател е добивањето тежина, јас си земав педијатриска вага и секој ден ја мерев оти очигледно пелените не беа добар показател. Ме чуди дека имале супер напредок вагата може не е точна, ако навистина е толку јас би дала дохрана сепак мајката нека се советува со педијатар и нека си одлучи.
Бидејки за едно пиење и е пптребно 90мл а пие на секој 2 часа, едвај 30 успеав да се одмолзам од сабајле
Одмолзувај колку можеш, зголеми ја лактацијата со почесто одмолзување. И тие 30мл не се за фрлање, многу значат!
Моето несака веќе да цица преку ден само навечер кога е сонливо до мене леже и кога му дадам цица инаку нема шанси. Левата града ми е добра и од неа сама некогаш измолзам 90мл.ама десната ми се направи грутка кај ареолата и пупката неможе да цица од неа а јас кога пробам да се измолзам капка по капка тече. Дали подобро ќе биде да земам со електрична пумпица.
За грутката само топли облоги помагаат и мене ми беше така неколку дена ама помина со топли облоги сега сее во ред да само бебушка не сака да цица
Не молзи многу. Измолзувај само кога ептен ќе ти се преполнат и тоа малку колку да олесни. Пробај неколку дена вака, ако не ќе мораш на лекар да ти препишат бромергон/достинекс. И пиј чај од жалфија и намали на течности.
Од мое лично искуство, не би дала дохрана, оти пак ќе се вратат на старо. Можеби нема да качи ка дохраната, а можеби нема ни да сака да пие адаптирано, ќе создаде поголема нервоза кај мајката и тоа ќе и влијае на млекото. Од искуство го зборам ова, со првото дете. Што дека му давав дохрана и цицаше, не качуваше многу, одвај до просекот стигаше. Само се нервирав за џабе, а бебе весело, полни пелени и гуга, а сепак не качува на килажа. Еве го, на седум години уште е таков, јаде, пие, па пак со килажа на тригодишно дете.
Во 4ти месец и јас не би дала дохрана. Штом си цица убаво, нема знаци на глад или дехидратација и бебе е задоволно и среќно не гледам причина за паника. Ако и после 1 месец напредокот е таков може да почнете со дохрана и ќе се среди се. Инаку синко дури сега на 2 години триплира родилна, што инаку се очекува на годинка. А со исклучок на некои кратки периоди ептен убаво си ручка цело време.
И јас се мислам дека е до тоа. Но, сепак без никаков напредок во месецот малку ме загрижува. Полни пелени, има 3-4 мочкани пелени во денот другото ми е измешано со кака. @emkaemka расте во висина, до сега 15цм од раѓање е пораснато. И мене ми беше тоа што наеднаш има голема разлика во килажа а дневно менуваме околу 6-7пелени за разлика од претходно кога по 10-11 му менував. За ад нема да имам проблем мислам бидејќи еднаш му дадов зошто не можев толку да измолзам а бев на свадба. Ниту јас не сакам да се откажам од доење и не сум многу за ад, но мислам и не е во ред бебе да стагнира. Сепак, фала ви за советите, ќе видам баш што ќе ми каже педијатарот во вторник
Здраво мамички имаме еден проблем па да прашам како се справивте вие.Имаме 15 дена и сме само на доење но од вчера мене градите ми се преполни и ми тече со млазови.Бебе вчера скоро на секој подој се давеше од што не може да стигне да доцица.Се вадев од памет на секој подој па не знам како да се справам.Дали да ставам листови зелка затоа што ги осеќам градите полни а она не може да исцица и дали да одмолзувам оти ги осеќам тешки?И дали ќе ми се регулира лактацијата во следниот период оти вака цица кратко и повраќа од прејаденост а мене ни пола града не ми е испразнета?Ве молам некој со слично искуство ако има некој совет.
Женски јас си најдов техника за молзење. Нели ви кажав млеко имам а со пумпа слабо вадам. Е сеа работа било шо бебка навечер све исцицувала па затоа не може да се измолзе доволно. Е финта направив шо навечер кога спие и фавам до сабајле само од левата града да ми цица а десната ја полнам и сабајле кога ќе станам полнам цело шише. Ете и некоја од вас ако има ваков проблем може ќе и помогне
На почеток и мене ми беше исто . Со тек на време ке се регулира. Јас се одмолзував барем два пати дневно . Не дозволувај да ти се топли и полни градите долго време , барем мене така ми кажаа . Поз