Еве сум пак се средив со млекото градите пак се полнат спас најдов во бозата и чајот на hipp за доилки
Јас до вчера молев Да ми дојде млеко денес плачам бебе да е Гладно почесто да празни. Леле од синоќа до сабајле градите силикони тешки болни. Ама ако нека има млеко. Инаку Супер сме со Беба моја. Многу е мирна, си цица и спие. Јас сум одлично, како непородена, веќе и не крварам. Се смеев со сестрите тука од цел пораѓај најголема мака ми беше канелата за инфузија во раката. Денес си одиме дома, едвај чекам да се здружиме со синко, кој не чека
Ќе го будиш. Првиот месец треба да се буди да цица барем на 3 саата кога гледаш дека не се буди. Кога ќе пркне и ќе цица количински повеќе може да се остави да ја преспива ноќта. @Presrekna честитки, жив и здрав да е бебуш, за тебе само совет да измолзуваш. Таков е почетокот, нагло надоаѓа а бебе нема сила сѐ да исцица. Ставај го да цица на пола саат до саат, а во меѓувреме ако осетиш тежина измолзи да ти олесни. Јас во болница еден куп тетра пелени утоп направив од измолзување па прејдов да измолзувам и на пешкири
Освен ако има жолтица, нема потреба. Кога имаат жолтица се успиваат од неа, и треба да се будат. Ако си е добар, радувај се што имаш спанко за син и легни си и ти. Јас мојава не ја разбудив никогаш. Кога беше гладна си плачеше, се знаеше дека е гладна. Чим се најадеше одма беше кома. Сите се молат бебето да им спие, тие што ја имаат таа среќа треба да уживаат во неа.
Јас будала го будев моето на 2 часа да цица, убаво си се успиваше и по 6/7 часа зависи кога како се будеше. Го будев и го ставав на града ама ќе повлечеше 2/3 пати и си спиеше не цицаше. Само го малтретирав и него а и себе, наместо да користам време да спијам. Па престанав да го будам, го доев кога сам ќе се разбудеше. Не го буди.
Моето бебе е старо една недела, истиот проблем го имаме. Многу време поминува во спиење и слабо цица, а млеко имам. Совет од педијатар да се форсира да цица, а и жолтица има па го будам ако поминат 3 часа во спиење. Јас сакав да прашам, ако некоја мајка има искуство со фероглобин капсули и доење, треба да почнам да ги пијам, а во упатството не е наведено дека се користат за време на доење, треба консултација со педијатар. Педијатрот достапен во понеделник.
Слободно пиј ги, безбедни се и за трудници и за време на доење. Јас ги пиев после пораѓај и доста ми помогнаа.
мајки кои доите сакам да ве прашам едно малку глупаво прашање. Ми рекоа треба да внимавам доста околу тоа што внесувам додека дојам,и ми потенцираа дека кафе не треба да пијам, а јас кафеџика морам во денот бар еднаш да се напијам. Пиете ливие кафе?
Едно напиј се слободно и нека ти е на здравје. А зошто ти рекле толку да внимаваш што да внесуваш? Има некоја посебна причина или стандард приказна за грчеви?
Кафе не толку колку што пијам кока кола. И двете треба да се избегнуваат од истата причина, кофеин. Јас намалив со кока колата додека бев трудна зошто не ми се пиеше толку, откако се породив некој период ми се пиеше многу вода, после си се вратив по старо, пијам најмалку литро на ден, најчесто и повеќе од тоа. Некоја разлика на бебето да му прави не сум приметила. Чисто за споредба литро кока кола има кофеин како две кафиња, значи јас внесувам еднакво на 3-4 кафиња на ден.
Се консултирав со сестра Јасна од Ложанковски и ми рече да измешам маст Миробакт, Бетаметазон и Канестен. Од првите две по пола, од Канестен третина. Од само 2-3 мачкања има ефект. Може на некој ќе му се најде во иднина.
Значи се работело за кандида - соор. Види и јазичето на бебето да не е со кандида па да ти пренесува цело време.
е демек да е разнивидна да содржи витамини да не предизвика грчеви... Стандарт муабет. Фаст фуд никако.... Е сега од сето тоа малку се нажалив за кафето
Мајки, породена сум пред 4 дена. Млеко дојде вчера. Градиве преболни и тврди. Бебе кога ке повлече умирам, пумпа кога ке повлече бетер. Неподнослива болка. Ме боли воздухот што го осеќам дека поминува низ брадавиците а не па било каков допир. Ставав и топли облоги, мачкам и ланолин, правев и масажи, пробувам и со силиконска брадавица. Ваква болка не сум осетила. Бебе слабо влече не ги омекнува и не ги празни. Полудувам. Сигурно ке фатам и мастит. Мислам дека ги пробав сите можни опции. Било каков совет за намалување на болката е добредојден.
Мора да се измолзиш и да ги ослободиш градите. Болно е ама мастит е полошо. Најубаво прави коморесии при доење - ќе му олесниш на бебето а и ти ќе истиснеш повеќе од млекото. Пред доење топол туш да ги отвориш каналите. По доење ладна облога на градите. Најважно е да фати бебето да може да ти ги празни градите за да не мораш да се молзиш цело време.
Смее ли да се пие чај од камилица и брусница за време на доење? И другите овошни чаеви дали смеат да се конзумираат и дали може по неколку чаши на ден или во помали количини?
Гледај да не содржат кофеин, ако содржат 1-2чаши, само доколку не си конзумирала кафе, но има и без кофеин чаеви. Кофеинот знае да направи вознемиреност кај бебето, не кај сите, но можно е.