Претањето мислам дека му е од грчеви а мислам дека и цвилењето исто. Првите денови кога дојдовме од болница ми бепе смешно, но после сфатив дека од мака го прави тоа, од грчевите. Кога завршија грчевите го снема и цивкањето.
Сега за два дена месец прави, пробав со цуцла не сака ја плука грчеви биле првото скоро и да немаше грчеви и не правеше вака. Добар е сега денес е помирен.
Јас ги купив ама дали сите 3 се пијат наеднаш ?? Бидејки коа ги пиев пре мама тие омегата беа после пола саат од тие другите а за овие не пишува
Здраво мајки, дали на некоја од вас и се има јавено јадеж по градите при доење? Последните неколку дена, кога и да ја дојам малата, градите ненормално ме чешаат..
Исто и јас сакав да прашам. Значи се откорнав од чешање. А забележав и дека имам повеќе стрии сега. Ова почна да се случува откако бебе почна да цица на 2-3 саати.
Дури дојам шо лек освен гастрогард смеам да пијам за киселини? Ме убија деновиве, не ми се оди сега баш по доктори
Мајки хелп... Ова ми е второ дете, но со првото не се доевме туку се молзев до 7 месеци и снемав млеко преку ноќ и со тешко срце морав да дадам ад млеко... сега малата ми е 25 дена во болница бев премногу среќна шо фати веднаш да цица, но за дома ни препорачаа цицање и дохрана. Јас си реков дека ќе цицаме и не и давав дохрана 10тина дена... но кога се меревме беше помалку од тоа што не пуштија во болноца со 200 гр и почнав да се нервирам и почнав со дохрана. Прво ја ставам на града цица и ми се успива, ја будам па пак ќе повлече и пак се успива. По цицањето и давам дохрана 60 мл и цело си го пие, ретко ждригнува, а ја држам исправено. Па по некое време ќе поврати. Нез дали имам доволно млеко, пумпав неколку пати и секогаш различно најмногу 80 мл... брадавиците ме болат и ми се помодрени и црвени... и не напоменав имам големи гради и тешко е додека се наместиме и најдеме позиција. Однапред Ви благодарам, поздрав
Во 9ти месец сум влезена а не сум уште породена а млеко ми дојде? Дали е знак за пораѓај за првото ко се породив после 2 дена ми дојде млеко
За големи гради најдобро е во позиција фудбалска топка. Јас само такА дојам.Доаѓа како под мишки да го држиш бебе, побарај има на јутуб туторијали како да го наместиш. При правилна положба и правилен фат, нема да те болат брадавиците. Колку дена имаше бебето на првата контрола? Моето на 15 дена немаше вратено родилна тежина, беше 90 гр намален, продолжив само со доење и за 2 недели имаше качено уште 550гр. Само и само на града, нека виси на града. Помеѓу подои да нема поголемо растојание од 2ч. Повремено молзи се после подој за стимулација дополнително. Ако добро паметам имаш електрична пумпа. Измолзеното млеко не го давај со шише, можеш со шприц или лајче. Не е на одмет да консултираш советник за доење, во однос на тоа како да се исфрли ад. И јас прво дете дохранував, може да се рече дека со тек на време и само се одби, тоа не беше салам доење. Но, со второто бев непоколеблива и во најголеми кризи не дадов шише. Имав поддршка од прекрасна личност која знае се за доење и успеавме, засега. Колкаво ти е бебето точно? Можеш и лп да ми пишеш слободно, за консултации, за поддршка...
Ти поминаа тебе од регланот? Јас уште немам појдено на доктор, се сомневам на гастритис, веке 5-6 дена ми е вака и со гастрогардот само си олеснувам по малку
Здраво мајки и јас официјално да се приклучам во темава. Бебе одма фати да цица ама ми направи ранички на брадавиците и кога цица боли. Се мачкам ланолин маст ми ги омекнува ама сеуште боли..дали треба време да ги извлече убаво и затоа боли не знам.. Вие што сте имале сличен проблем како си помогнавте?
И јас имав вовлечени брадавици, 2-3 недели ме болеа и мачкав Пурелан од Медела. Тоа е,мора да ги извлече, после ќе немате гајле
Имам проблем со десната града. Цело време на лева дојам по згодно ми е а десната сама ми тече а при одмолзување повеќе имам во десната. Како да се поставам пробав секако, ако имате слики или видео пуштете. Фала ви!
Да ве прашам, треба да имам хируршки зафат на забот, а морам да пијам Диазепам пред секој зафат, сега не знам што да правам. Малиот и го дојам и му давам ад, ама млеко немам континуирано секој ден, има денови кога е цело време на ад.Не знам дали да се напијам сабајлето и да одам на лекар и тој ден да не го дојдам, да се одмолзувам и да го фрлам или има некој друг начин?