Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    3.991
    @Kaetana сега го видов постот, ти благодарам на помислата, од вчера сум супер, како ништо да не било. Ставав термофор топол некни кога се разбудив баш со болката и толку, до вечерта подобро беше, а од наредниот ден исчезна скроз болката. Ја ставав да цица беба од таа почесто па може го отзатнала каналчето ако е било затнато каналче, кој знае. Битно денес сум супер :inlove:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    ајде да ве прашам мајки дали давата чај од бекутан за грчеви ?
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eli*Eli*Eli

    Eli*Eli*Eli Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    имам
    не ги полнеше пелените мнпгу малку мокреше сега сме на доење и плус прихрана...2 дена не го ставам на града се измолзувам бидејќи брадавиците се разранети...млеко измолзувам само 30 мл и додавам 30 мл или 60 мл вештачко...сега редовно ги полни пелените ...инаку денес сме 21 ден...креваме на тежина ама мислам дека 30 мл мајчино млеко е малку или грешам?
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Бекутан е со шеќери. Подобро свари чај од неколку зрнца ким во вода.

    Во врска со вториот твој пост ќе се обидам да ти одговорам... Тоа што се разранети брадавиците е најверојатно зашто неубаво ја фаќа брадавицата. Побарај низ интернет breastfeeding latch и истренирајте како убаво да се "закачи" на градата. При тоа ќе престанат да се разрануваат брадавиците. Зашто ако сега паузираш со доење, откако ќе се опорават брадавиците па го вратиш на града тие пак може да се разранат. А може и да биде касно, да не сака повеќе да цица.

    И за крај, редовно повторуваната реченица на темава, неможеш да измолзиш онолку млеко колку што бебето може да извлече/исцица. 30мл не се малку. Во секој случај е знак дека имаш млеко, но ако не цица бебето ќе се намали.

    Мислам треба да се почне на форумов пропаганда за доење уште во темите за бременост. Трудниците ич не ја читаат темава и после имаат многу проблеми. Доењето е богами цела наука!
     
    На Snowflake97, dunika, elenaklasik и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Тотално си во право ја сум 6ти месец и сга почнав интезивно да читам за доењево. Ококу мене жени блиски никогаш не доеле и читајќи гледам кај им биле грешките. А и читам колку работа и труд треба но и знаење за да доиш. Не било само стај на цицка и ајт како што до сега сум мислела.. Дури и се на мм му пренесувам за да може на правилен начин индиректно да помага. И дефинитивно треба Тема ваква во групата Бременост. Откога ќе се роди бебо кузнај колку време ќе се има за читање видеа и сл..
     
    На dunika, elenaklasik, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    16.346
    Женски, нова сум во категоријава, па ми треба помош :)). Се породив пред два дена, бебето има супер рефлекс за цицање, се мачи кутрото ама којзнае колку и дали воопшто му доаѓа нешто. Во болницата му давав дохрана оти плачеше од глад. Брадавиците ми се разранети од влечење на бебето ама млеко нема. Денес при туширање забележав грутки по градите, дали тоа значи дека се случува нешто и што понатаму би требало да правам...?
     
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    AMIN!
     
  8. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Тoчнo. Да прoчитав пoранo пoлеснo ќе ми беше пoсле тoа сo бебе на пoчетoк немав мнoгу време.
     
    На Kaetana, Sofi.ja и lovely12 им се допаѓа ова.
  9. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Почнува млеко да надоаѓа.. ставај д3 капки на брадавици и ланолин мачкај да поминат. Бебето ставај го да цица. А грутките со топол туш обиди се да ги измасираш и да ги одмолзеш... ама најубаво влечат бебињата. Само нека не те фаќа паника, и гледај грутките да ги нема полека масирај, да се ослободи градата. Можеш и листови зелка да ставаш и таа помага
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Бебе што повеќе на града, ако треба и постојано. Плачело од мал милион причини (спореди 9 месеци во меше на топличко на темно, убаво со мама едно тело,... со болничка соба болнички светла, плач од сите страни, сестри, непознати гласови...), а не дека било гладно. Замисли колку малку млеко му треба на тоа минијатурно желуднуче. Читни две три страни назад низ темава, деновиве убаво се објаснуваа некои работи. СреќНо доење и гушкајте се што повеќе!
     
    На mKdevojce, Kaetana, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Bilbilce
    Ако напредува и по натаму ок а досега сте биле на ексклузивно доење, немате гајле. Не пробувај со пумпа да вадиш - тоа не е индикација колку млеко имаш.
    Ставај го на града кога сака и не се секирај. Следи како е со столицата, во принцип е во ред под услов напредокот да ви остане во рамките на 20-30 грама просек - дневно.
     
    Последна измена: 28 јуни 2020
    На Bilbilce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. spirulina

    spirulina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Бебето ми е 3.5 недели родено 37 н 2980 тежина. Од болница си дојдовме со 2670. На болница млеко не ми дојде и после консултација со лактациски консултант предложено ми беше да почнам да стимулирам со пумпа и да ја клавам на града секој пат кога ќе побара користејќи силиконски брадавици. Како што ми објасни лактацискиот консултант заради возраста 37 н бебињата имаат проблем со доење, односно се однесуваат како предвреме родени. Од болница излеговме со план за хранење кој се состоеше од доење, дополнување со измислено млеко и формула. Првите недела ја врати годишната килажа и не посоветуваа да ја намалиме формулата и да продолжиме со одење и дополнување со мајчиното. Со формулата застанавме набрзо и останавме на ексклузивнo доење. На првата проверка на жалост бебето имаше ставено само 40 грама за недела дена. По совет од таму продолживме со доење на барање и дополнување со мајчиното млеко. Бебето се однесува смирено плаче само за доење, пелени има водени секоја промена и барем еднаш во денот искакана пелена. Сега ја мерев дома и не покажува некоја голема промена во килажа. Во што може да е проблемот?
     
    Последна измена: 28 јуни 2020
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Млеко и да нема, колострум има.
    Сега имаш грутки затоа што имаш млеко кое не ти е отстрането од градите. Ставај бебе на града цело време, да не прерасне во мастит. Коригирај фат на града - штом ти се разранети нешто не е во ред.
    Со добар фат на града бебето може да ја испразни градата. Со лош фат не ја стимулира како што треба.

    https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/

    Значи добар фат, мачкање на градите со ланолин, и ставање интензивно на бебето на града. Интензивно дури би значело цел ден да виси на цицка ако така сака.
    Без секирација, ако сега се запнеш - сѐ ќе биде ок..

    Зошто силиконски брадавици?
    Инаку предвремено родени бебиња не значи дека по дифолт не знаат да цицаат или се мачат.
    Како го правиш дополнувањето? Сега само со мајчино? Колкава количина е таа?

    Дали во неделата кога напредна 40 грама беше само на цицка? Дали добива да цица кога и да посака? Како е со вечерни подои?

    Инаку воопшто не е невообичаено да има стагнација една недела. Особено во вашата возраст и при транзиција од дохранување со прекин. Тебе лактацијата уште не ти е воспоставена. Треба малку време и трпение.
    Не е воопшто чудно една недела да крене 40 грама а другата 250. Напредокот кај бебињата не е линеарен.
     
    На mKdevojce и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. spirulina

    spirulina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Силиконски ми препорача лактацискиот консултант во болница заради рамни брадавици и таа ми објасна дека на таа возраст имале потешкотии со хранење. Инаку пробуваме и без нив. Дополнување само со мајчиното правам неколку пати во денот по 20-30 мл. Толку вадам засега со пумпата. Неделата кога напредна 40 грама беше за прв пат целосно на мајчино. Цицка давам кога и да посака дење-ноќе без разлика.
     
    Последна измена: 28 јуни 2020
    На Kaetana и Chuchanov им се допаѓа ова.
  15. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    772
    Дали е можно бебето да се заситува од кратко време цицање, да речеме 5мин отприлика?
    2 месеца и 10 дена е.
    Порано многу повеќе цицаше. Млеко имам, дури од страна на устето му се гледа.
    Деновиве многу силно плаче, има грчеви, сака во раце преку ден, ако го оставам пак кенка и плаче додека не го земам а навечер си спие во креветче без проблем.
    Се секирам плачењето да не е од шо не е доволно нацицано
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ок е што ти кажала така, сакав да кажам дека не е тоа случај кај сите бебиња. Многу бебиња кои се предвремено родени успешно цицаат без никаков проблем.

    Пробај да доиш без силиконски. Особено ако убаво фаќа бебето, гледај да ги тргнеш комплетно.
    Дополнувањето не знам како го правиш, моја препорака е да е со шприц или систем за дохранување на града (SNS), не со шише. Види како ќе напредува оваа недела со дохранување. Пишувај колку е тоа вкупно во мл на дневна база за да знаеш после да намалуваш. Ок е тоа со твое млеко, особено што тоа е стимулација плус.
    Дома не го мерете бебето, не ти треба да се нервираш. Би ти рекла да доиш кога и да посака, но да не е на подолг период од 2.5 часа (од почеток до почеток на подој) преку ден а 3-3.5 часа навечер. Ако спие - буди го.
    Пиши како ќе поминете со второто мерење. Ама дај време до кај месец да се среди лактацијата. Со првото ми беше така. Ја доев и во спиење буквално првите 4-5 недели за да стимулирам. Да ти ги покажам мерењата - исто. Ја носев на 3-4 дена на мерење. Качила 110. Следниот пат за 3-4 дена паднала 10. Па качила 130. Па качила само 20. Затоа меродавно е на подолг период.
    Во твојот случај ок е да е мерењето на недела, но да се земе во предвид дека една стагнација не мора да значи дека има проблем.

    @strelkata води се по пелени и напредок, а не по расположението на бебето.
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Јас јадам јајца секој ден немаме до сега проблем со грчеви, а кромидот е добар само не претерувај, го менувал вкусот на млекото.
    Дајте идеи друго што јадете. Јас за ручек јадам домашни супи, измеѓу оброци овошје, сабајле јадам една чаша јогурт или кисело млеко со овес, чиа, семки од тиква и сончоглед, за доручек варено јајце со кашкавал, сирење или хумус. За велера скоро ништо не ми се јаде. Измеѓу оброци некогаш и чоколадо каснувам. Дајте други идеи.
     
    На Chuchanov, eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @spirulina исто да напоменам дека треба да нудиш две гради од подој и да правиш компресии.
     
    На spirulina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. spirulina

    spirulina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дополнување најчесто правам со шприц. На цицка ретко да има пауза повеќе од 3 часа, сама ако не побара ја разбудам. Две гради нудам компресии правам, топли облоги истотака. Затоа ме зачуди кога ми кажаа дека ставила само 40 грама. Среда сме на мерење пак ќе кажам како поминавме. Се надевам на позитивен исход. Благодарам на помошта
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    772
    @strelkata води се по пелени и напредок, а не по расположението на бебето.[/QUOTE]
    Па и не ги полни баш. Само мочка. Со какање има проблем од втор месец,какаше на 4 дена, после го чекав 7-8дена и се искака ама со помош. Сега е 4ти ден како не е искакан.