@Kaetana сега го видов постот, ти благодарам на помислата, од вчера сум супер, како ништо да не било. Ставав термофор топол некни кога се разбудив баш со болката и толку, до вечерта подобро беше, а од наредниот ден исчезна скроз болката. Ја ставав да цица беба од таа почесто па може го отзатнала каналчето ако е било затнато каналче, кој знае. Битно денес сум супер
имам не ги полнеше пелените мнпгу малку мокреше сега сме на доење и плус прихрана...2 дена не го ставам на града се измолзувам бидејќи брадавиците се разранети...млеко измолзувам само 30 мл и додавам 30 мл или 60 мл вештачко...сега редовно ги полни пелените ...инаку денес сме 21 ден...креваме на тежина ама мислам дека 30 мл мајчино млеко е малку или грешам?
Бекутан е со шеќери. Подобро свари чај од неколку зрнца ким во вода. Во врска со вториот твој пост ќе се обидам да ти одговорам... Тоа што се разранети брадавиците е најверојатно зашто неубаво ја фаќа брадавицата. Побарај низ интернет breastfeeding latch и истренирајте како убаво да се "закачи" на градата. При тоа ќе престанат да се разрануваат брадавиците. Зашто ако сега паузираш со доење, откако ќе се опорават брадавиците па го вратиш на града тие пак може да се разранат. А може и да биде касно, да не сака повеќе да цица. И за крај, редовно повторуваната реченица на темава, неможеш да измолзиш онолку млеко колку што бебето може да извлече/исцица. 30мл не се малку. Во секој случај е знак дека имаш млеко, но ако не цица бебето ќе се намали. Мислам треба да се почне на форумов пропаганда за доење уште во темите за бременост. Трудниците ич не ја читаат темава и после имаат многу проблеми. Доењето е богами цела наука!
Тотално си во право ја сум 6ти месец и сга почнав интезивно да читам за доењево. Ококу мене жени блиски никогаш не доеле и читајќи гледам кај им биле грешките. А и читам колку работа и труд треба но и знаење за да доиш. Не било само стај на цицка и ајт како што до сега сум мислела.. Дури и се на мм му пренесувам за да може на правилен начин индиректно да помага. И дефинитивно треба Тема ваква во групата Бременост. Откога ќе се роди бебо кузнај колку време ќе се има за читање видеа и сл..
Женски, нова сум во категоријава, па ми треба помош ). Се породив пред два дена, бебето има супер рефлекс за цицање, се мачи кутрото ама којзнае колку и дали воопшто му доаѓа нешто. Во болницата му давав дохрана оти плачеше од глад. Брадавиците ми се разранети од влечење на бебето ама млеко нема. Денес при туширање забележав грутки по градите, дали тоа значи дека се случува нешто и што понатаму би требало да правам...?
Почнува млеко да надоаѓа.. ставај д3 капки на брадавици и ланолин мачкај да поминат. Бебето ставај го да цица. А грутките со топол туш обиди се да ги измасираш и да ги одмолзеш... ама најубаво влечат бебињата. Само нека не те фаќа паника, и гледај грутките да ги нема полека масирај, да се ослободи градата. Можеш и листови зелка да ставаш и таа помага
Бебе што повеќе на града, ако треба и постојано. Плачело од мал милион причини (спореди 9 месеци во меше на топличко на темно, убаво со мама едно тело,... со болничка соба болнички светла, плач од сите страни, сестри, непознати гласови...), а не дека било гладно. Замисли колку малку млеко му треба на тоа минијатурно желуднуче. Читни две три страни назад низ темава, деновиве убаво се објаснуваа некои работи. СреќНо доење и гушкајте се што повеќе!
@Bilbilce Ако напредува и по натаму ок а досега сте биле на ексклузивно доење, немате гајле. Не пробувај со пумпа да вадиш - тоа не е индикација колку млеко имаш. Ставај го на града кога сака и не се секирај. Следи како е со столицата, во принцип е во ред под услов напредокот да ви остане во рамките на 20-30 грама просек - дневно.
Здраво девојки. Бебето ми е 3.5 недели родено 37 н 2980 тежина. Од болница си дојдовме со 2670. На болница млеко не ми дојде и после консултација со лактациски консултант предложено ми беше да почнам да стимулирам со пумпа и да ја клавам на града секој пат кога ќе побара користејќи силиконски брадавици. Како што ми објасни лактацискиот консултант заради возраста 37 н бебињата имаат проблем со доење, односно се однесуваат како предвреме родени. Од болница излеговме со план за хранење кој се состоеше од доење, дополнување со измислено млеко и формула. Првите недела ја врати годишната килажа и не посоветуваа да ја намалиме формулата и да продолжиме со одење и дополнување со мајчиното. Со формулата застанавме набрзо и останавме на ексклузивнo доење. На првата проверка на жалост бебето имаше ставено само 40 грама за недела дена. По совет од таму продолживме со доење на барање и дополнување со мајчиното млеко. Бебето се однесува смирено плаче само за доење, пелени има водени секоја промена и барем еднаш во денот искакана пелена. Сега ја мерев дома и не покажува некоја голема промена во килажа. Во што може да е проблемот?
Млеко и да нема, колострум има. Сега имаш грутки затоа што имаш млеко кое не ти е отстрането од градите. Ставај бебе на града цело време, да не прерасне во мастит. Коригирај фат на града - штом ти се разранети нешто не е во ред. Со добар фат на града бебето може да ја испразни градата. Со лош фат не ја стимулира како што треба. https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/ Значи добар фат, мачкање на градите со ланолин, и ставање интензивно на бебето на града. Интензивно дури би значело цел ден да виси на цицка ако така сака. Без секирација, ако сега се запнеш - сѐ ќе биде ок.. Зошто силиконски брадавици? Инаку предвремено родени бебиња не значи дека по дифолт не знаат да цицаат или се мачат. Како го правиш дополнувањето? Сега само со мајчино? Колкава количина е таа? Дали во неделата кога напредна 40 грама беше само на цицка? Дали добива да цица кога и да посака? Како е со вечерни подои? Инаку воопшто не е невообичаено да има стагнација една недела. Особено во вашата возраст и при транзиција од дохранување со прекин. Тебе лактацијата уште не ти е воспоставена. Треба малку време и трпение. Не е воопшто чудно една недела да крене 40 грама а другата 250. Напредокот кај бебињата не е линеарен.
Силиконски ми препорача лактацискиот консултант во болница заради рамни брадавици и таа ми објасна дека на таа возраст имале потешкотии со хранење. Инаку пробуваме и без нив. Дополнување само со мајчиното правам неколку пати во денот по 20-30 мл. Толку вадам засега со пумпата. Неделата кога напредна 40 грама беше за прв пат целосно на мајчино. Цицка давам кога и да посака дење-ноќе без разлика.
Дали е можно бебето да се заситува од кратко време цицање, да речеме 5мин отприлика? 2 месеца и 10 дена е. Порано многу повеќе цицаше. Млеко имам, дури од страна на устето му се гледа. Деновиве многу силно плаче, има грчеви, сака во раце преку ден, ако го оставам пак кенка и плаче додека не го земам а навечер си спие во креветче без проблем. Се секирам плачењето да не е од шо не е доволно нацицано
Ок е што ти кажала така, сакав да кажам дека не е тоа случај кај сите бебиња. Многу бебиња кои се предвремено родени успешно цицаат без никаков проблем. Пробај да доиш без силиконски. Особено ако убаво фаќа бебето, гледај да ги тргнеш комплетно. Дополнувањето не знам како го правиш, моја препорака е да е со шприц или систем за дохранување на града (SNS), не со шише. Види како ќе напредува оваа недела со дохранување. Пишувај колку е тоа вкупно во мл на дневна база за да знаеш после да намалуваш. Ок е тоа со твое млеко, особено што тоа е стимулација плус. Дома не го мерете бебето, не ти треба да се нервираш. Би ти рекла да доиш кога и да посака, но да не е на подолг период од 2.5 часа (од почеток до почеток на подој) преку ден а 3-3.5 часа навечер. Ако спие - буди го. Пиши како ќе поминете со второто мерење. Ама дај време до кај месец да се среди лактацијата. Со првото ми беше така. Ја доев и во спиење буквално првите 4-5 недели за да стимулирам. Да ти ги покажам мерењата - исто. Ја носев на 3-4 дена на мерење. Качила 110. Следниот пат за 3-4 дена паднала 10. Па качила 130. Па качила само 20. Затоа меродавно е на подолг период. Во твојот случај ок е да е мерењето на недела, но да се земе во предвид дека една стагнација не мора да значи дека има проблем. @strelkata води се по пелени и напредок, а не по расположението на бебето.
Јас јадам јајца секој ден немаме до сега проблем со грчеви, а кромидот е добар само не претерувај, го менувал вкусот на млекото. Дајте идеи друго што јадете. Јас за ручек јадам домашни супи, измеѓу оброци овошје, сабајле јадам една чаша јогурт или кисело млеко со овес, чиа, семки од тиква и сончоглед, за доручек варено јајце со кашкавал, сирење или хумус. За велера скоро ништо не ми се јаде. Измеѓу оброци некогаш и чоколадо каснувам. Дајте други идеи.
Дополнување најчесто правам со шприц. На цицка ретко да има пауза повеќе од 3 часа, сама ако не побара ја разбудам. Две гради нудам компресии правам, топли облоги истотака. Затоа ме зачуди кога ми кажаа дека ставила само 40 грама. Среда сме на мерење пак ќе кажам како поминавме. Се надевам на позитивен исход. Благодарам на помошта
@strelkata води се по пелени и напредок, а не по расположението на бебето.[/QUOTE] Па и не ги полни баш. Само мочка. Со какање има проблем од втор месец,какаше на 4 дена, после го чекав 7-8дена и се искака ама со помош. Сега е 4ти ден како не е искакан.