Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ќутии, јас пиев многу додека студирав, после намалив, од две чашки винце се светнував.. Сега, кој знае што ќе биде ако пивнам што викаш една голтка :x
     
    На LadyC и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    И мене ми рекоа да го будам ноќе на два часа бидејќи малку имаше напреднато за две недели, правев аларм ама на два часа таа ни очи ни уста отвараше... Па друг аларм на два и пол часа, тогаш едвај некако заспана да цица и не секогаш ми успева, се плашам дека пак малку ќе покаже на наредна контрола. А дење немаме проблем,на час и пол - два сама бара дури како прегладнета да е ако мине повеќе.
    Читајќи ја @Kaetana што ти пишала, си мислам истото мислење и за нас важи...
    Како го будеше ноќе на два часа?
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    И јас добив совет да го будам, иако напредуваше супер, само 70 грама изгуби во болница, после качуваше одлично, ама ете му буткав цице навечер. Не го будев јас, само во спиење му подметнував, малце ќе го размрдам, да сфати дека треба да цица и си цицаше спиејќи.. Сега аларм е затоа, он мене ме буди на 2 саати :call:
     
    На Thallia и Kaetana им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ако напредокот на бебето е помал од очекувано - треба да се буди порано, некаде околу 2 до 2.5 часа. Еве навечер нека е еден подој "развлечен" на 3 часа. (И да се еден ден 4 ако треба да се наспиеш, не е страшно).

    Во принцип ова е препорака кај сите мајки во првите месец дена по породувсње кога се воспоставува лактацијата.

    Откако ќе се воспостави лактација и ќе си тргне работата, тогаш се остава бебето само да диктира навечер. Значи откако напредокот ќе биде во рамките на она што се смета за нормално кај доено бебе (20-30 гр дневно).

    ***

    За сите кои сте љубители на алкохол, ок е што не сте го земале за време на бременост затоа што има студии дека може да наштети на бебето во матката. Ама со доењето е поинаку. Сите извори кажуваат дека една чашка на ден можете да се почестите без проблем. И нема никаква потреба од пумпање и фрлање млеко.

    https://www.llli.org/breastfeeding-info/alcohol/
     
    На mal.ecka, lavinija28, Brpbrp и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Се имам напиено чаша пиво два три пати во овие 5 месеци откако се породив. Зборувам за алкохолно, безалкохолно почесто си пијам :D Алкохолното го пијам после доење, кога знам дека ќе има размак од 3 часа до следното (мојата цица на 3 саати). Не сум приметила промени кај бебка, а кај мене да, многу ми ги полни градите, и алкохолното и безалкохолното.
    Педијатар ми рече дека една чаша пиво е дозволено одвреме навреме, па дури и вино бело, ама тоа не сум се напила.
    Имам читано статии за алкохол при доење, се вели во нив дека алкохолот се разградува во телото за 1 час, што значи не се задржува долго. Битно е да не се пие непосредно пред доење, туку после.
     
    На dunika, mal.ecka, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.755
    Пол:
    Женски
    Синко имаше жолтица и форсирав доење на 2 часа, дење ноќе. За месец и пол скоро 2 кг качи.
    Јас сепак ке се држам до непиење. Психата ми е помирна така. Реално, крупна сум, чаша бело вино (веројатно) нема ни да дојде до млекото, ама нешто одвнатре ми вели не ти треба, две години скоро поминаа, уште малку стрпи се.
    Само од алкохол сум лишена, ама нема да цица до школо. :D
    Ке поминат уште 6 месеци, ај и година и толку. Мама после ке може да пие без грижа на совест.
     
    На dunika, mal.ecka, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Кај мене пресметаа 21гр дека качува дневно, не се плашам од неспиење, само да почне да си става на килажа.
    Дали може бљуцкањето да е еден од факторите што малку напредува? Бидејќи скоро после секое доење исфрла по малку, не како млаз.
    И можеби ќе звучи глупаво прашањево, дали може бебе да кака премногу? Некогаш имам чувство дека повеќе искакала отколку што јадела :D :?:
     
    На Vanj4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Ние денес бевме на педијатар
    Леле не да сум претерала :$
    За 17 дена бебка кренала 900грама
    Рече дека е премногу,морам да олабавам.
    А јас си се водев по тоа каде сака и колку сака,а лакомо дете и на пола саат цица некогаш.
    Донекаде се израдував дека голем е напредокот,со првото дете имав многу млеко исто вака ама го давав од шише,се молзев мнг често и после 2 месеца се одвикна од цице најверојатно и секна млекото така,премногу ми беше криво...ама ете сега полна ми е душава

    Е сега преку ден ако треба да цица на саатипол 2,незнам како ќе ја смирам да не плаче да не бара,цуцла фаќа ама на кратко ја држи
    Ми дадоа капки за цуцла за да ја фаќа и да ја држи подолго на база на витамини (незнаев дека постои и такво нешто,што не ќе измислат :) )
    Па ќе видиме како ќе тераме...
    Некој слично искуство?
     
    На mal.ecka и elenaklasik им се допаѓа ова.
  9. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Исто и јас не го будев скроз да го расонам туку ќе го погалам по главче или за вратчето од позади и ќе му бутнев цице:D
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ако е проектилно може. Не ми се верува кај вас да е тоа. За какање не може, освен ако не даваш некакви капки што имаат лаксативно дејство.
    Ако е 21 грам е сосем во ред, земајќи во предвид ако полни пелени добро, и е весело и среќно бебе. (Колку што може да биде бебе, нели).

    Ако плаче - дај града. Не слушај педијатри кои инсистираат вооброчување на ексклузивно доени бебиња. Уште па цуцла, па мачкање со витамини за да ја сака. Бебе си знае што сака.
    Не е природно бебе да плаче за цицка, да имаш цицка спремна што би го смирило, а упорно да гледаш на саат колку време поминало од подој и да пикаш цуцли макнати во благузљави работи.

    И не се секирај. Нема да е дебело бебе. Нема секои 5 минути да крева толку многу. После месец - два ќе успори качувањето.

    Ве молам не слушајте педијатри кои инсистираат на вооброчување кај доени бебиња. Постојат шанси да си го зафркнете доењето.
     
    На dunika, mal.ecka, lavinija28 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    13.664
    Пол:
    Женски
    Му пркнаа двете запчиња горе и мене на брадавиците ми направи дупчиња длабоки кои страшно ме болат додека цица.
    Ставам ланолин на медела не помага.
    Зарем сите вака ги боли и дали ова значи дека треба веќе да го одбивам?
    Неподнослива болка е се виткам додека убаво повлече и после тоа боли ама не до толку.
    Во секиј случај ич не уживам имачување ми е.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    18.644
    Прашање до @Kaetana
    Скоро 10м дојам,до сега не сум имала поголеми проблеми.
    Извесен период,десетина дена, ме наболува левата дојка,болка како да си се пипнал на модрица, доле под брадавица, во правец како линија.
    Ме боли само кога ќе поминам со прстите или мали ако ме стисне.
    Грутки нема,ниту пак нешто видливо..:wasntme:
    Ако си сретнала нешто на описов,пиши
     
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски
    @'Kaetana ти благодарам многу и на честитките и на советите.
    Да си ни жива и здрава, господ само убавини да ви вракја.
     
    На Kaetana и Bella* им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    received_1195935347428122.jpeg

    Значи со две чаши млеко ми тече од двете гради ко лудо.
    Дохрана исклучена целосно, се надевам нема да ме натера да ја вратам назад. :inlove:
    П.с. мислам дека е од чајот, освен мене ако не ми надошло асално. :rofl:
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На dunika, Alishan30, Kitten и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Да во право си,ама сепак и верувам на докторкава сепак примариус доктор е.
    Ми објасни таа точно зошто ми го кажува тоа,вика дојди да видиш на бебето стомачето го опипавме премногу и беше тврдо и големо,вика неможе се тоа да се свари брзо и она бара утеха во тебе за цицање,не дека и се цица на 5мин,гасовите неможе да ги испушти убаво ваљда...
    Нема да гледам на саат во секој случај,ама ќе олабавам малку па ќе видам сама
    А ми падна во очи стомачето последниве денови дека како отечено и личеше некако чудно,ама ај викам ништо не е :)
     
  16. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене се покажа ефикасен многу :D
    Пиј си го редовно и нема да имаш проблем :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Јас тој што го земам има поинакво паковање. Истиот ли е?
     

    Прикачени фајлови:

    • A001413.jpg
      A001413.jpg
      Големина на фајлот:
      321,1 KB
      Прегледи:
      11
    На LadyC и Thallia им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.755
    Пол:
    Женски
    Ист е. Тоа горе е ново пакување, твоето старо. Дома имам и таква и таква кутија, исти се.
     
    На LadyC и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  19. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Да да тој е, изгледа смениле пакување сега. Првиот и јас што го купив беше ваков ко на сликава а сега се со плаво капаче :D
     
    На LadyC, Chuchanov и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Фала женски, си помислив дека пијам погрешен чај :D
     
    На LadyC, 0ли и NNK19 им се допаѓа ова.