Ќутии, јас пиев многу додека студирав, после намалив, од две чашки винце се светнував.. Сега, кој знае што ќе биде ако пивнам што викаш една голтка
И мене ми рекоа да го будам ноќе на два часа бидејќи малку имаше напреднато за две недели, правев аларм ама на два часа таа ни очи ни уста отвараше... Па друг аларм на два и пол часа, тогаш едвај некако заспана да цица и не секогаш ми успева, се плашам дека пак малку ќе покаже на наредна контрола. А дење немаме проблем,на час и пол - два сама бара дури како прегладнета да е ако мине повеќе. Читајќи ја @Kaetana што ти пишала, си мислам истото мислење и за нас важи... Како го будеше ноќе на два часа?
И јас добив совет да го будам, иако напредуваше супер, само 70 грама изгуби во болница, после качуваше одлично, ама ете му буткав цице навечер. Не го будев јас, само во спиење му подметнував, малце ќе го размрдам, да сфати дека треба да цица и си цицаше спиејќи.. Сега аларм е затоа, он мене ме буди на 2 саати
Ако напредокот на бебето е помал од очекувано - треба да се буди порано, некаде околу 2 до 2.5 часа. Еве навечер нека е еден подој "развлечен" на 3 часа. (И да се еден ден 4 ако треба да се наспиеш, не е страшно). Во принцип ова е препорака кај сите мајки во првите месец дена по породувсње кога се воспоставува лактацијата. Откако ќе се воспостави лактација и ќе си тргне работата, тогаш се остава бебето само да диктира навечер. Значи откако напредокот ќе биде во рамките на она што се смета за нормално кај доено бебе (20-30 гр дневно). *** За сите кои сте љубители на алкохол, ок е што не сте го земале за време на бременост затоа што има студии дека може да наштети на бебето во матката. Ама со доењето е поинаку. Сите извори кажуваат дека една чашка на ден можете да се почестите без проблем. И нема никаква потреба од пумпање и фрлање млеко. https://www.llli.org/breastfeeding-info/alcohol/
Се имам напиено чаша пиво два три пати во овие 5 месеци откако се породив. Зборувам за алкохолно, безалкохолно почесто си пијам Алкохолното го пијам после доење, кога знам дека ќе има размак од 3 часа до следното (мојата цица на 3 саати). Не сум приметила промени кај бебка, а кај мене да, многу ми ги полни градите, и алкохолното и безалкохолното. Педијатар ми рече дека една чаша пиво е дозволено одвреме навреме, па дури и вино бело, ама тоа не сум се напила. Имам читано статии за алкохол при доење, се вели во нив дека алкохолот се разградува во телото за 1 час, што значи не се задржува долго. Битно е да не се пие непосредно пред доење, туку после.
Синко имаше жолтица и форсирав доење на 2 часа, дење ноќе. За месец и пол скоро 2 кг качи. Јас сепак ке се држам до непиење. Психата ми е помирна така. Реално, крупна сум, чаша бело вино (веројатно) нема ни да дојде до млекото, ама нешто одвнатре ми вели не ти треба, две години скоро поминаа, уште малку стрпи се. Само од алкохол сум лишена, ама нема да цица до школо. Ке поминат уште 6 месеци, ај и година и толку. Мама после ке може да пие без грижа на совест.
Кај мене пресметаа 21гр дека качува дневно, не се плашам од неспиење, само да почне да си става на килажа. Дали може бљуцкањето да е еден од факторите што малку напредува? Бидејќи скоро после секое доење исфрла по малку, не како млаз. И можеби ќе звучи глупаво прашањево, дали може бебе да кака премногу? Некогаш имам чувство дека повеќе искакала отколку што јадела
Ние денес бевме на педијатар Леле не да сум претерала За 17 дена бебка кренала 900грама Рече дека е премногу,морам да олабавам. А јас си се водев по тоа каде сака и колку сака,а лакомо дете и на пола саат цица некогаш. Донекаде се израдував дека голем е напредокот,со првото дете имав многу млеко исто вака ама го давав од шише,се молзев мнг често и после 2 месеца се одвикна од цице најверојатно и секна млекото така,премногу ми беше криво...ама ете сега полна ми е душава Е сега преку ден ако треба да цица на саатипол 2,незнам како ќе ја смирам да не плаче да не бара,цуцла фаќа ама на кратко ја држи Ми дадоа капки за цуцла за да ја фаќа и да ја држи подолго на база на витамини (незнаев дека постои и такво нешто,што не ќе измислат ) Па ќе видиме како ќе тераме... Некој слично искуство?
Исто и јас не го будев скроз да го расонам туку ќе го погалам по главче или за вратчето од позади и ќе му бутнев цице
Ако е проектилно може. Не ми се верува кај вас да е тоа. За какање не може, освен ако не даваш некакви капки што имаат лаксативно дејство. Ако е 21 грам е сосем во ред, земајќи во предвид ако полни пелени добро, и е весело и среќно бебе. (Колку што може да биде бебе, нели). Ако плаче - дај града. Не слушај педијатри кои инсистираат вооброчување на ексклузивно доени бебиња. Уште па цуцла, па мачкање со витамини за да ја сака. Бебе си знае што сака. Не е природно бебе да плаче за цицка, да имаш цицка спремна што би го смирило, а упорно да гледаш на саат колку време поминало од подој и да пикаш цуцли макнати во благузљави работи. И не се секирај. Нема да е дебело бебе. Нема секои 5 минути да крева толку многу. После месец - два ќе успори качувањето. Ве молам не слушајте педијатри кои инсистираат на вооброчување кај доени бебиња. Постојат шанси да си го зафркнете доењето.
Му пркнаа двете запчиња горе и мене на брадавиците ми направи дупчиња длабоки кои страшно ме болат додека цица. Ставам ланолин на медела не помага. Зарем сите вака ги боли и дали ова значи дека треба веќе да го одбивам? Неподнослива болка е се виткам додека убаво повлече и после тоа боли ама не до толку. Во секиј случај ич не уживам имачување ми е.
Прашање до @Kaetana Скоро 10м дојам,до сега не сум имала поголеми проблеми. Извесен период,десетина дена, ме наболува левата дојка,болка како да си се пипнал на модрица, доле под брадавица, во правец како линија. Ме боли само кога ќе поминам со прстите или мали ако ме стисне. Грутки нема,ниту пак нешто видливо.. Ако си сретнала нешто на описов,пиши
@'Kaetana ти благодарам многу и на честитките и на советите. Да си ни жива и здрава, господ само убавини да ви вракја.
Значи со две чаши млеко ми тече од двете гради ко лудо. Дохрана исклучена целосно, се надевам нема да ме натера да ја вратам назад. П.с. мислам дека е од чајот, освен мене ако не ми надошло асално.
Да во право си,ама сепак и верувам на докторкава сепак примариус доктор е. Ми објасни таа точно зошто ми го кажува тоа,вика дојди да видиш на бебето стомачето го опипавме премногу и беше тврдо и големо,вика неможе се тоа да се свари брзо и она бара утеха во тебе за цицање,не дека и се цица на 5мин,гасовите неможе да ги испушти убаво ваљда... Нема да гледам на саат во секој случај,ама ќе олабавам малку па ќе видам сама А ми падна во очи стомачето последниве денови дека како отечено и личеше некако чудно,ама ај викам ништо не е
Да да тој е, изгледа смениле пакување сега. Првиот и јас што го купив беше ваков ко на сликава а сега се со плаво капаче