Не. Кај некои млекото се намалува сосема малку пред менструација заради хормонски промени, ама малку што нема ни да приметиш, а кај некои нема измена и дури да има само неколку дена трае. Слободно продолжи си да доиш
Продолжувам, проблемот е што бебе е многу нервозно, плаче и почесто бара да цица. Можеби е само сплет на околности меѓу неговиот развој и мојот циклус. Инаку освен плачењето нема друг симптом дека е гладен, полни пелени
Се сметаат од терминот. Спушти си апликација на моб. И овде читни во темава. https://forum.femina.mk/threads/Скок-во-развој-кај-бебињата.20528/page-57
Мајки Ве молам за совет дали правам како што треба: Деснава града забележав дека не тече. Беше жешка ме печеше ја измолзував, ставав зелка, топли облоги и туширав со жешка вода и масирав. Капка не течеше со пумпата едвај испумпував. Бев на ехо рекоа во ред е каналите се полни не гледале застој не знам како е можно кога левава тече и капе а деснава ништо. Бидејќи тоа не го знаев кога го ставав бебе од нервоза не ја фаќаше убаво па сега и ја разранив. Ставам пак силиконска и цица така со неа. Сега градата ми е омекната не е како што беше. Но десно накај пазувите осеќам како болка при допир интука највеќе масирам и ставам жешка тетра. Се осеќам како да не помага. Цицаше. Се туширав и правев компресии со сета сила се стискав дали 3 капки истискав... Многу ми е страв да не развијам маститис...што да правам? Зошто на ехото ова не го увидоа? Поима немав ни дека го имам проблемов се до синоќа Едит Имам и така некои грозници ми се тресе телото. Немам температура. Дали ова е знак млеко дека иде или не е нормално лва што ми е ладно? Извинете на долгиот пост...
Стискање со сета сила не значи дека ќе предизвикаш ослободување на каналите, напротив. Пробај со два прста стисни под брадавицата кај аеролата - каде што всушност бебе стиска при цицање. Ако не испумпуваш не значи дека бебе не извлекува - колку што бебе може да испие ниедна пумпа не може да испумпа. Дополнително, ако имаш електрична пумпа - најјако влечење не значи дека најмногу ќе испумпа. Јас пумпав најмногу (со шприцање од градата) со средна јачина, ако не и помалку. Почни со најмала јачина и постепено појачувај - ќе забележиш кога ќе почне да тече. Битно е правилно да е наместена во инката. Штом ти омекнала малку значи бебе извлекло со силиконската. Ставај го и на оваа града на секој подој, ќе ја ослободи. Пробај веднаш после жежок туш да го ставиш на таа града и при цицање вади ја градата да видиш дали се полни силиконската. Се надевам дека помогнав, јас вака си ги ослободив градите и веќе не користам пумпа, бебе си влече колку сака, тие толку и создаваат. Апдејт и од мене: им дадов неколку дена убаво да заздрават брадавиците, бебе си цицаше со силиконски. Откако престана болката и со силиконски, ги тргнав и веќе 5ти ден цицаме без силиконски болката е првите 5 секунди и после е убаво.. баш убаво Неспоредливо со претходната болка која беше стократно поголема и траеше цел подој и плус после кога не цицаше.. Сега си уживаме кожа на кожа, без болка, со галење и со уживање
Фала ти многу Да не е форумов не знам што ќе праев. Вчера ми идеше да се откажам од што стварно не знаеш како да си помогнеш а околу мене исто не знаат како да ми помогнат. Инаку пумпата ми е рачна на чико. Ќе пробам сега денес така па ќе пишам апдејт дали има подобрување. Фала
Мојата преку ден цица на пола саат до саат максимум незнам зошто така еве 3 дена по ред се на града ми е а голема е 4 месеци и 10 дена сме. И нудам ад не сака се врти да цица на ден имаме по 3- 4 полни пелени
Во скок е. Може многу да цица, а може и ич. Мојов тој 4 скок на моменти цицаше многу, неколку дена не можевме да се намолиме никако. И не мораш да му даваш ад, цицка да, е храна за бебињата ама и многу повеќе од тоа. Близина, мазење, лигавење. Да е гладно ќе знаеш.
Моето се е во скок 19 недели е треба да е поминат веќе скокот ама незнам по нејзе како што се понаша во скок е. @Cherry333 се прејадува и повраќа, ако не и дадам да цица зајдува цела помодруваи ноќе станува плачејќи
Да застанеш со градите над тенџере со вода што врие, одма ќе почне да тече. Значи врела вода што испарува, мене тоа ми помогна многу со првото дете, се отворија каналите убаво и почна да си тече млекото. А пред тоа ни капка немаше. Не зелка, не масажи, не измолзување, ништо. Само врела пареа и топлина, колку што можеш да издржиш, за да се отворат убаво каналите.
Јас иако немав проблем, забележав дека после бањање почнува да ми тече млеко, буквално течеше. Ако не се бањам, тогаш течеше само кога цица или кога ке стиснам. Можеш и да се истушираш со жешка вода. А ако имаш грутки, само се масирај под туш.
Искусни мајки ќе може ли помош? Бебе 2 недели. Во рок од 5 дена кренал 110гр,што му доаѓа по 22-23 гр на ден. Педијатар ми вика ај следен преглед да видиме може да вклучиме и дохрана. Се разочарав. Имам млеко, дете си цица, чаеви пијам, супи јадам секој ден, најбитно бебе ставам нон стоп на града. Неќам адаптирано да давам, по мене не напредува лошо со оглед на тоа дека нон стоп мочка и кака. Што мислите?
воопшто не е лошо؛ Нормално треба од 25-30гр ама и ова е добро؛ И моето така тераше една недела не дадов воопшто доХрана и следна контрола беше 35гр дневно؛ Јас не би дала ад и би дала шанса само на мајчино؛ Ем дете напредува, сигурно полни пеленки и давај најмногу на 3 часа цицка؛ Со ад само мозеш да го одвикнеш од мајчино а да не зборам дека ќе ти се преполнат градите؛ Само трпение и следи го бебето и узивај
^а за тие 2 недели вкупно колку има качено? Јас мислам дека е ок, следна недела може и дупло да качи нема правило. Битно е да оди нагоре и да не стагнира. Мојата првите 7 дена имаше качено само 40гр и матичната рече дека ок сомоглед на тоа дека првите неколку дена нели намалуваат на тежина, сигурно и дома намалила зошто нас мн брзо не пуштија.