Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Јас во ваков случај давам АД, од жал и вина да не немам доволно млеко и да не е гладен. Понекогаш знае и 100мл да мавне после цицање.
     
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Обично за 20тина минути ја исцицува поголемата количина од градата, ќе задреме или ќе престане да цица, ама ја држи, ќе ја размрдам малце ( ќе ја пресоблечам или ќе блуцне) па и ја нудам другата. Инаку најдобро е да цица до крај, најмасното млеко е на крајот.


    Моево е значи живо ненајадено. Еве сега пред еден саат и дадов АД бидејќи немав доволно млеко, не помина ни еден саат пак покажува знаци на глад, и дадов да цица...после ќе блуцкаме и така во круг...да се тргне сама-многу ретко. Не одбива ни шише ни града, ќе се прејаде и ќе поврати ама не одбива(facepalm)
     
    На enaena, PurpleMind и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  3. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    @Alishan30 кога прави така има грчеви. Мојот како пит бул и цуцла ќе искине и брадавиците лом ми ги прави кога цица, а има грчеви. Кога е смирен одбива цуцла, утеха наоѓаат мислам кога ги боли во града, цуцла, шише што и да понудиш нема да биде одбиено.
    Мојов навечер ако е добра ноќ на 3 часа сам станува бара, преку ден секогаш различно, уште нема некоја рутина.
     
    На Kitten и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.222
    Пол:
    Женски
    Во право си, еве 3 часа нема грчеви и не бара со устата да цица. Сигурни им е од нив, не ми е логично 20-25минути цицаше, и голта, ја слушав, и ждригна, се по ред, и на крај цуцла да бара.
     
    На Kaetana и eli.karameli им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Да, бара утеха кога ја боли мешето :)
     
    На Kaetana и Alishan30 им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Изгледа беља си направив, но силно се надевам дека е скокот проблемот. Малиот ми спие од моја десна страна и кога се буди ноќе за цицање поедноставно ми е да му ја дадам левата града зашто десната ниско му е и му го затнувам носот. Е сега проблемот е што забележав дека од десната града цица доста пократко и не тече многу млеко туку треба да влече по 3-4 пати, па да голтне. За 2 минути ја пушта и се нервира, ја нудам левата и го слушам како убаво голта. Си го намалив млекото на десната заради ноќните подои од левата така? Што да правам сега? Ја форсирам десната откако приметив ама џабе кратко цица и пушта.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Да не ти се затнати канали во прашање. Како што опишуваш мене ми се случи на почеток истово се изнамачив.
    Почнав со топли тушеви стискање масирање и ладни облоги и после ми секна таа града многу ми се намали физички и еве само со левата функционираме уште едвај...
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не би требало. Меки ми се градите, немам никакви болки и искрено не ни знам како изгледа тоа, како да препознаам. Имам млеко ама доста помалку. Освен ако е заради скокот, па да не сака да влече убаво.
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Овие 3 дена и ние се бориме со тоа нервирање и скок кај мене убаво си тече и од двете дури и од таа што повеќе има млеко и убаво тече ми ја одбива ќе фати малце и се љути иако има млеко пуна е силиконската и пак се трга...додека не пројде скокот нема што да се прави само упорност и борење неколку дена по цел ден :)
     
    На Jana06 и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Утеха наоѓаат али тогаш уште повеќе голтаат воздух и пак им се пунат цревата со меурчиња и си продолжува проблемот кратко кажано додека не се испрди асално џабе е се ...мојот се навечер плаче и додека не се испрди 10-15 пати по ред евентуално и да се искака ќе вришти дури и ќе задреме и наеднаш ќе врисне :)
     
    На eli.karameli и Alishan30 им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Јас така препозмав. Левата капеше сама а десната не. Само на стискање под туш ми капеше млеко. И бебе се нервираше не ја сакаше и така ме разраниж види малку рачно измолзи се ао топол туш па стави ладни облози ...
     
  12. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    веќе 2 дена цицаме само по 5 мин؛ се трга неќе ако и понудам уште, не ја мачи стомачето како претХодно и заспива؛ Се е супер ама нели е малце 5 мин цицање??
     
  13. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Ја преферира левата страна затоа што повеќе му пушта, а и веројатно се навикнал, поудобна му е и положбата на таа бидејќи почесто влечел од неа. Повеќето бебиња ја преферираат левата затоа што наводно има подобар проток.
    Форсирај ја десната преку ден, гледај два подои еден по друг да бидат или започнат од неа, секогаш почнувај со неа, бидејќи ако е гладен ќе се бори да влече и додека цица стискај околу ареолата за да му помогнеш со влечењето.
    Пробај да видиш и со пумпа да се измолзеш, добро би било еден период и после доење да се измолзуваш дополнително со пумпа додека не се изедначи протокот на двете гради.
    Јас имав скоро ваков момент со синко исто со десната града (јас си ја викав "смотаната" :rofl:), ама ми беше поради што немав пиено доволно течности, ние мајките често знаеме да заборавиме на себе и своите потреби, а маливе душлиња зависат од тоа.
     
    На K7M10J и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не бе, какво капење. Тоа одамна го нема кај мене. Меки ми се, не тече млеко, кога се стискам не тече ама имам млеко голта убаво.

    @MissBreezy Почнав да ја форсирам десната овие денови ама кратко цица и не сака. Со пумпа одамна не можам да се молзам, не тече млеко. Ништо, останува тоа што ми кажа да почнувам подој секогаш од таа, па веројатно ќе се врати во нормала.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Која храна смее да се конзумира додека се дои за да не му прави грчеви на бебето?
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    Јас мислам или е навикнат на таа града, или па си намалила течење од таа града. Може поспоро му тече и не сака да се мачи.. Мене вака не ми правел до сега (уште тоа фали), ама секогаш сум му давала од една еден подој, па од друга друг.
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јас последните 2-3 недели му давам од двете, ненаситен е. Не знам дали е намалено млекото, се надевам не зашто ако дојде момент да давам ад ќе имаме проблем, не сака шише за жива глава.
     
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    Не бе ни мојов не сака ад никако. А исто ми изгледа гладен цело време иако има 3 оброци и 2 ужинки. Ептен мисла ми е и мене тоа. Ќе помине време додека трепнеш, ќе јаде повеќе па ќе ти олесни, после ќе порасне повеќе и сѐ ќе јаде..
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Дека спомна спиеш на страна мене на ехото ми рекоа само на грб спиење за да не се запушат канали.
    За намалено можно е и ја со десната имав проблем и останав без капка млеко а левата x3 голема...
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.564
    Пол:
    Женски
    Точно е дека од спиење можат да се запушат канали, ама не можеш да не го забележиш тоа, се прави болна грутка. Плус кога си на почеток на доење поголеми шанси има за тоа. Откако ќе воспоставиш лактација, меки си се градите и не е исто чувството како на почеток. Немаш толку гајле и да спиеш на страна или мев зошто не ти надоаѓа толку млеко.
     
    На Brpbrp и Jana06 им се допаѓа ова.