Јас во ваков случај давам АД, од жал и вина да не немам доволно млеко и да не е гладен. Понекогаш знае и 100мл да мавне после цицање.
Обично за 20тина минути ја исцицува поголемата количина од градата, ќе задреме или ќе престане да цица, ама ја држи, ќе ја размрдам малце ( ќе ја пресоблечам или ќе блуцне) па и ја нудам другата. Инаку најдобро е да цица до крај, најмасното млеко е на крајот. Моево е значи живо ненајадено. Еве сега пред еден саат и дадов АД бидејќи немав доволно млеко, не помина ни еден саат пак покажува знаци на глад, и дадов да цица...после ќе блуцкаме и така во круг...да се тргне сама-многу ретко. Не одбива ни шише ни града, ќе се прејаде и ќе поврати ама не одбива
@Alishan30 кога прави така има грчеви. Мојот како пит бул и цуцла ќе искине и брадавиците лом ми ги прави кога цица, а има грчеви. Кога е смирен одбива цуцла, утеха наоѓаат мислам кога ги боли во града, цуцла, шише што и да понудиш нема да биде одбиено. Мојов навечер ако е добра ноќ на 3 часа сам станува бара, преку ден секогаш различно, уште нема некоја рутина.
Во право си, еве 3 часа нема грчеви и не бара со устата да цица. Сигурни им е од нив, не ми е логично 20-25минути цицаше, и голта, ја слушав, и ждригна, се по ред, и на крај цуцла да бара.
Изгледа беља си направив, но силно се надевам дека е скокот проблемот. Малиот ми спие од моја десна страна и кога се буди ноќе за цицање поедноставно ми е да му ја дадам левата града зашто десната ниско му е и му го затнувам носот. Е сега проблемот е што забележав дека од десната града цица доста пократко и не тече многу млеко туку треба да влече по 3-4 пати, па да голтне. За 2 минути ја пушта и се нервира, ја нудам левата и го слушам како убаво голта. Си го намалив млекото на десната заради ноќните подои од левата така? Што да правам сега? Ја форсирам десната откако приметив ама џабе кратко цица и пушта.
Да не ти се затнати канали во прашање. Како што опишуваш мене ми се случи на почеток истово се изнамачив. Почнав со топли тушеви стискање масирање и ладни облоги и после ми секна таа града многу ми се намали физички и еве само со левата функционираме уште едвај...
Не би требало. Меки ми се градите, немам никакви болки и искрено не ни знам како изгледа тоа, како да препознаам. Имам млеко ама доста помалку. Освен ако е заради скокот, па да не сака да влече убаво.
Овие 3 дена и ние се бориме со тоа нервирање и скок кај мене убаво си тече и од двете дури и од таа што повеќе има млеко и убаво тече ми ја одбива ќе фати малце и се љути иако има млеко пуна е силиконската и пак се трга...додека не пројде скокот нема што да се прави само упорност и борење неколку дена по цел ден
Утеха наоѓаат али тогаш уште повеќе голтаат воздух и пак им се пунат цревата со меурчиња и си продолжува проблемот кратко кажано додека не се испрди асално џабе е се ...мојот се навечер плаче и додека не се испрди 10-15 пати по ред евентуално и да се искака ќе вришти дури и ќе задреме и наеднаш ќе врисне
Јас така препозмав. Левата капеше сама а десната не. Само на стискање под туш ми капеше млеко. И бебе се нервираше не ја сакаше и така ме разраниж види малку рачно измолзи се ао топол туш па стави ладни облози ...
веќе 2 дена цицаме само по 5 мин؛ се трга неќе ако и понудам уште, не ја мачи стомачето како претХодно и заспива؛ Се е супер ама нели е малце 5 мин цицање??
Ја преферира левата страна затоа што повеќе му пушта, а и веројатно се навикнал, поудобна му е и положбата на таа бидејќи почесто влечел од неа. Повеќето бебиња ја преферираат левата затоа што наводно има подобар проток. Форсирај ја десната преку ден, гледај два подои еден по друг да бидат или започнат од неа, секогаш почнувај со неа, бидејќи ако е гладен ќе се бори да влече и додека цица стискај околу ареолата за да му помогнеш со влечењето. Пробај да видиш и со пумпа да се измолзеш, добро би било еден период и после доење да се измолзуваш дополнително со пумпа додека не се изедначи протокот на двете гради. Јас имав скоро ваков момент со синко исто со десната града (јас си ја викав "смотаната" ), ама ми беше поради што немав пиено доволно течности, ние мајките често знаеме да заборавиме на себе и своите потреби, а маливе душлиња зависат од тоа.
Не бе, какво капење. Тоа одамна го нема кај мене. Меки ми се, не тече млеко, кога се стискам не тече ама имам млеко голта убаво. @MissBreezy Почнав да ја форсирам десната овие денови ама кратко цица и не сака. Со пумпа одамна не можам да се молзам, не тече млеко. Ништо, останува тоа што ми кажа да почнувам подој секогаш од таа, па веројатно ќе се врати во нормала.
Јас мислам или е навикнат на таа града, или па си намалила течење од таа града. Може поспоро му тече и не сака да се мачи.. Мене вака не ми правел до сега (уште тоа фали), ама секогаш сум му давала од една еден подој, па од друга друг.
Јас последните 2-3 недели му давам од двете, ненаситен е. Не знам дали е намалено млекото, се надевам не зашто ако дојде момент да давам ад ќе имаме проблем, не сака шише за жива глава.
Не бе ни мојов не сака ад никако. А исто ми изгледа гладен цело време иако има 3 оброци и 2 ужинки. Ептен мисла ми е и мене тоа. Ќе помине време додека трепнеш, ќе јаде повеќе па ќе ти олесни, после ќе порасне повеќе и сѐ ќе јаде..
Дека спомна спиеш на страна мене на ехото ми рекоа само на грб спиење за да не се запушат канали. За намалено можно е и ја со десната имав проблем и останав без капка млеко а левата x3 голема...
Точно е дека од спиење можат да се запушат канали, ама не можеш да не го забележиш тоа, се прави болна грутка. Плус кога си на почеток на доење поголеми шанси има за тоа. Откако ќе воспоставиш лактација, меки си се градите и не е исто чувството како на почеток. Немаш толку гајле и да спиеш на страна или мев зошто не ти надоаѓа толку млеко.