Домазет

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 27 август 2010.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Па ваљда и тоа спаѓа под домазет а не само кога заедно живеете.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wojak

    Wojak Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Машки
    Секако дека не спаѓа, дома-зет живее во куќа со семејството на сопругата.
     
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Колку лошо и застарено мислење, посебно кога доаѓа од жена.
    Нели се боревме за еднаквост? Како е тогаш во ред жената да оди во стан на мажот, а обратно не?
    Жално е што вака се ограничувате. Најважно е да бидете среќни, не е важно на чие име е имотниот лист.
     
    На sino.o.oka, Yowannty, Darko90 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Факт е дека мажите што одат кај жените чекаат на готово, да не одам во детали, ама тие жени се мажот (столбот) на тој дом. Многу ретки се тие мажи што едноставно се свесни и придонесуваат, 21 век е ама и во куќата/станот на жената не плаќаат сметки и прават дупки на троседот. Ама да, општеството врши притисок и тие жени така си решиле и така живеат. Ако за нив е во ред, за некои не е. Скроз легитимно.

    Едит. посебно важно е на кого гласи имотниот лист кога жената оди кај мажот, оти во просечно македонско семејство жената е безгласна буква, а мажот ќути оти нема муда да оди под кирија. Како ќе каже стариот/старата. :inlove:
     
    На JasBee11, SummerGirl, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    31.635
    Пол:
    Женски
    Ако не постои можност за заедничко живеалиште некаде посебно и треба да се живее со стари тогаш исто ми е дали е со нејзините или неговите. Ако размислуваат рационално ќе одберат каде има подобри услови, повеќе простор и сл. Никогаш нема да ги разберам некои жени чии родители имаат огромни куќи а по свадбата ќе се стиснат во некое станче од 50 квадрати заедно со родителите на сопругот можејќи комотно да живеат кај неа на цел спрат. Најдобро е заедничко инвестирање. Не ми е добра опција ни ако мажот на пример има свој посебен стан. Многу така се имаат зезнато во смисол имаат покрив над глава, не штедат и трошат се што ќе заработат. Ама во случај да се деси развод тогаш жената ќе остане без ништо. Ем никаква заштеда ем нема право на тој стан.
     
    На JasBee11 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    21.610
    Пол:
    Женски
    Наивно ти е размислувањево :(

    Да не се повторувам и објаснувам, убаво ти вика Ели под тебе.

    Тоа е тоа.
     
    На nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Зошто ваква генерализација? Имам доста примери во околина каде жените веќе имале нешто свое и било пологично и попрактично мажот да се всели кај жената, отколку да креваат кредити и да се изложуваат на огромни трошоци а едниот веќе има, па немаат баш никаков проблем, заедно си вложуваат, купуваат и ги делат сите финансиски обврски и трошоци. Што би требало да биде исто кога би била и обратна ситуацијата.

    Имотниот лист гласи на оној кој го купил тој стан/куќа. Кога жените одат кај мажите, нормално е се на има на мажот, во обратна ситуација е обратно. Отстапка има само кога двата заедно си вложуваат во нешто свое.

    Не би рекла дека е наивно. Никогаш не би се ограничувала на таков начин ако јас веќе имам, да се заглавуваме додатно во трошоци и кредити само за да биде на двата, или уште полошо да одам во заедница додека мене станот ми стои празен.
    Тука земаме во предвид дека знаеме со кој стапуваме во брак нели? :) Полошо би било ако е со заостанати балкански размислувања и му е понижувачки да дојде кај мене да живее, па да ме тера од поубаво да одам на полошо само поради тоа што ќе каже народот...
     
  8. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски

    Болд 1: Кажуваат заедно, за да не ги јаде срамот.
    Болд 2: Многу жени сами купуваат, ама се залетуваат имотниот лист да биде на име на мажот (не знам зошто, ваљда за да му ја докажат машкоста) и доказ за оваа проблематика имаш во неколку правни групи каде најчесто анонимни профили на жени бараат совети.

    Во најидеални услови сето ова е возможно - да не биде важно дали е или не е домазет, само и само ако двајцата се целосно изреализирани личности и финансиски независни па да не биде предмет на дискусија. Оти финансиски независен човек (посебно тој кој живеел сам, исто така битно) знае дека заедничкото живеење подразбира заедничко придонесување и самата свесност не му дава простор да не се понуди. Факт е дека не може да се подели 50%-50%, всушност бракот не треба да е мое и твое (оти и тоа па ич не личи, да не одам офф-топик), ама да се има некоја разумност и свесност за заедничко придонесување. Знам многу жени што работат и по три работи само и само за да се има, од кои истите сами финансираат курсеви, купување школски прибори, облека итн., само што за ова не се збори гласно, него потивко на релација жена-жена или пак истите ќе се скратат самите од нешто (да речам нема да си го купат кремот што секогаш го користат во својата рутина, банален пример, еве најчесто користен). Истите тие мажи немаат никаков осет дека тоа чини (секогаш мислат дека жените многу трошат), ама ај нема да му ја кршат машкоста. Всушност, многу жени премолчуваат сѐ, само не сакаат да си признаат гласно и јасно пред себеси.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
    Луѓе со такви мислења ако треба и бурка ќе стават на себе битно мажот да ги удостои со куќа, кола, накит итн.
     
    На Angie1432 и Angelllla им се допаѓа ова.
  10. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Таа шо е воспитана да е понизна така размислува.

    Еве маж ми е домазет и се вложвит ко сите нас дома.

    А машкоста ако му се повредела ене му ја вратата на таквите :D

    Моиве појќе се притресуваат по маж ми него по мене, појке удобства уживат 8)
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Ништо нема лошо во тоа мажот да живее во имање на жената ако плаќа сметки и ги извршува домашните обврски. Реално мажот не треба само да придонесе финансиски, треба да научи најпрости обврски и да стекне навика зошто утре може да се разболите па он да не знае што да прави со вас, а да не збориме ако фамилија остварите па свекрвите и мајките да ви доаѓаат да ви перат и чистат. Малце срамота е да дреме и да не знае најпросто јадење да направи.
     
    На JasBee11 и Angelllla им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    21.610
    Пол:
    Женски
    Брееееј ама јака клетва упатуваш ;(
    Се глеа оти си од Охрид, клети сте :(

    У заедница сте?

    И дај прекинете со глупоштините, као бурки, покорност, курци палци плс |(

    Реков ако сум маж боље не се женам него да идам кај жена ми, па уше и нејзините да ги глеам бе, е браво..

    Шо кур ми докажувате некојси феминизам, а по други теми мрчите оти феминизмот се залага за право на избор на жената. Ете некој сака маж им да вложува, то ест заеднички, а не да се мажат со паразити.

    Не лајте и за маженцава денешни шо се прави принцезички кај мамини уште и тинтрани од страна на вашиве.
    Абе бајки шо да ви кажам, романтично :inlove:

    Жив срам ќе ме изеде да е вака, да бев маж, пак ќе го речам, по 10000 пати ако треба ќе го речам.
    Ужас.
     
    На JasBee11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.285
    Пол:
    Женски
    Ако ти е толку убаво, сјајно и бајно зашто осеќаш потреба да се објаснуваш со анонимни луѓе на форум, па уште и да ги вреѓаш?

    Тоа што некој не сака да живее како тебе и има поразлично мислење од твоето, не го прави прост. А кој колку се вложвит кај вас, баш и не нѐ интересираше, душо. Сори. Ај сеа олади малку и не се расфрлај многу со навреди.
     
    На JasBee11, Simon4e0507 и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е до жените. Ние тука не го коментираме типот на маж, туку зборуваме општо дали е во ред маж да живее во стан/куќа на жена ако таа веќе има а тој не. И според мене дефинитивно е во ред. Ако можеме ние да одиме кај мажите во спратови најчесто кои нели не се на наше име и никогаш нема да бидат, и да вложуваме таму мало богатство во реновирање се со цел за подобро на семејството, зошто да не можат тие? Ако некоја жена си дозволи на таков начин маж да ја врти, да седат во нејзино а притоа да не придонесува или да не вложува еднакво, тогаш за што зборуваме овде? Зборуваме дека одбрала погрешен маж. А секако дека ги има многу свесни, финансиски независни, на кои сепак им е тешко во денешно време да кренат кредит од ијадници евра и да се задолжат пола живот за да купат нешто свое, според тоа ако жената има, ако еве јас сум таа жена, вратите би му биле широко отворени и баш би била среќна што сум со поотворен маж, кој не се води по тоа што ќе кажат луѓето, туку најважна му е нашата среќа. А за сите исклучоци, жените сами се криви. Не може да дозволиш некој упорно да те влече за нос, па уште капаче на тоа пред луѓе да кажуваш како вложува за да не му ја повредиш машкоста, а тој не прави апсолутно ништо. За болд 2 да не ни коментирам, во најлуд сон не би го направила :)
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ти кажам дека жените не секогаш се криви за ситуацијата во која се наоѓаат. Тоа самите си го барале не секогаш е така. Мажите се вешти, а и тешки прикриени спонзоруши.

    И пак доаѓаме до тоа дека тие жени само вложуваат во нешто што не е нивно (ако одат кај мажот), додека спротивно - реновирање од домазет никогаш нема да видиш. Дури ни на сон.

    Не е работата што ќе кажат луѓето, него во тоа дека жена секогаш ќе гледа да вложува, ако не за себе - за деца, мажите и во дупка да ги оставиш ним ништо нема да им пречи. Помина тоа кога во времето на старите имало домазет - еве јас знам за вакви примери ама тој домазет не бил како овие сега. Сѐ останува на модерната жена, а на мажот само да биде маж. Сума сумариум, домазетските приказни се толку изромантизирани и во реалноста пак е тоа: колку и дали партнерот придонесува. Најлесно е на готово да се тупне некој.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    21.610
    Пол:
    Женски
    Убаво е бе, нема куќа сиротиот, прибери го таму у станчето, глеаш баба му и дедо му како го размазуваат, синче им станал :inlove:

    Нека дреме он на троседот, нека го издупчи, со пивото у рака, а баба му нека му пере гаќи :puke:

    Да, замислете знам за таков пример кај шо бабава им чисти, готви и средува по дома, дур идат у провод они.
    Си се нареди зетчето на ново и наместено, паметен :inlove:
     
    На JasBee11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Баш дека имам видено затоа и зборувам, имам блиски во околина кои се домазет, притоа заедно реновирале и средувале се. Не знам зошто толку генерализирање, со какви мажи се дружите? Среќа па не сум сретнала такво нешто досега, што не значи дека нема, ама не значи ни дека сите се исти.
    Фала богу во опкружување немам такви, сите се вредни, реализирани и се борат заедно со партнерките за подобар живот.

    Како не секогаш се жените криви? Еве ќе се изгориш ќе го земеш дома и гледаш не вложува во ништо, не плаќа сметки и? Ќе си го чуваш?

    Епа се додека има овци, ќе има и волна :)
     
    На Angelllla и Hygge-girl им се допаѓа ова.
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    3.013
    Зошто толку се генерализира дека сите мажи се исти? По дифолт ако е домазет и тој седи на кауч и прави дупки во каучот? :rofl:

    Што ми е гајле на мене кој каде живее и со кој? Колку глупава тема и мислења.
     
    На Medea., злоба, Angelllla и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.571
    Значи мажот ако се тупне кај жената дома, по дефолт е амеба, неамбициозен, млатикур итн, а обратно кога е, така треба да биде пошто нели мажиште а у џа бу :)

    Од една страна се бара полова еднаквост а од друга истото се користи само кога им е во полза :)
     
    На anggell и Annora им се допаѓа ова.
  20. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    604
    Пол:
    Женски
    Ако е домазет не значи дека е неспособен.
    И обратно.
    Во такви заедници луѓето си живеат среќно и ич не им чуе што мисли околина.
    Кој гарантира дека оние што се сами по дома без баби и дедовци живеат хармонично и у труло богатство. И не е до станот или куќата, гужвата, до луѓето е,
     
    На Mumoftwo30, Angelllla, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.