Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Некоја скоро да била во Дојран? Ме интересира како се плажите? И цените за сместување? Да сподели искуство....
     
  2. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Некој предлог за смештај за 1-2 ноќа и да не се астрономски цени ?
     
  3. Heidi__9

    Heidi__9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали има некој инфо каква е плажата што е спроти големиот паркинг(тој со напуштениот шарен автобус јас така го памтам:rofl:) и како се движат цените за јадење лежалки итн..?
     
  4. s.maja

    s.maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    805
    Гледам сеуште никој не одговорил на прашањата за Дојран а баш и мене ме интересира‍ Како се цените, водата, плажите, комарци...? И некоја препорака или совет од искуство одам со близначиња од 3 години наредна недела
     
  5. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    330
    Дали сезоната за капење почна во Дојран - колку степени е водата? Сакам викендов да одам да пливам.
     
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.104
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сте во Стар Дојран посетете го Природно Научниот Музеј.
    На туристичкото инфо, побарајте посета и една многу фина и учлива жена ќе ве однесе до музејот.
    Има направено патека како калдрма низ локалните куки и ќе ве однесе до музејот.
    Над музејот има саат Кула со прекрасен поглед до езерото.
    Влез за деца 40 денари
    Влез за возрасни 100 денари

    Уживајте ❤️
    IMG-1ac07a5794473ecf426a0a220c372d85-V.jpg IMG-2061e9f5f4c3b6995945f3b9be5f3a90-V.jpg IMG-33360029b38b2c298b23d30145b94ba4-V.jpg
     
    На Amellie и Аничкаa им се допаѓа ова.
  7. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Моето искуство од Дојран оваа сезона е следново:

    1. Бањање во езеро никако - дури и да е безбедно според некои извештаи и параметри, езерото е толку запуштено, полно со тиња, трски, фекалии (во еден момент пловеа поред брегот каде што шетав). Мажите влегоа да се избањаат дента кога пристигнавме (пред средбата со ) ама како жена никогаш не би била мирна по капење таму. И да, знам дека Дојранско секогаш имало тиња, не е кристално чисто езеро, јасно ми е, но овде стануваше збор за запуштено и несредено.

    2. Мештаните љубезни и фини. Во секој локал каде што влеговме бевме фино пречекани. Храната исто така вкусна и поевтина за разлика од други туристички места во МК. Единствено посакпо нешто беше една пекарница каде јадевме навечер и каде ѓеврек беше 60, а јогуртче 50 денари.

    За останати содржини за рекреација, не можам да споделам. Ние бевме само на 2 дена (1 спиење) и ресторани и езеро е сѐ што видовме. И плус настап на Сенида на фестивалот :D
     
  8. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    По кој пат се оди од Скопје до Дојран. Преку Штип Струмица или Неготино, Демиркапија?
     
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Преку Неготино, Демир Капија.
    Ама не влегуваш во овие градови туку по автопатот возиш. Можеш и по новиот и по стариот автопат.
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    41.180
    Пол:
    Женски
    Може и Штип, Радовиш, Струмица преку Валандовско брдо. Не знам како е поблиску веројатно др опција, ама провери на мапс. Преку брдово е малку кривини ако имате мака во возење можеби ќе ви е битно инфо. Ние така одиме најчесто
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Поблиску е преку Демир Капија од таа страна. Може во км да е др опција помалку км ама според возењето преку Демир Капија е поблиску.
     
    На Madi и _Vera_ им се допаѓа ова.
  12. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    41.180
    Пол:
    Женски
    Веројатно
    Ние од Шт одиме по оваа рута што ја кажав. Дека спомна Штип, па мислев да не и е битно од таму да мине
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    415
    Дојран е запуштен до бескрај.
    Жално за такво убаво место што пропаѓа. Во ништо не инвестираа.
    Ако сакаш туристи,треба и нешто да се среди,не само парите да ги оставаме таму,а се бањаш у мочуриште.
    Единствено нешто убаво е храната,тезгариите со убави работи за купување,и ноќната прошетка.
     
    На Amellie, Bratot, Kumanovkaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Ама по таа рута ако сте Штип, Кочани тој крај. А членката спомна за тргнување од Скопје, па затоа реков Неготино, Демир Капија по таа страна е подобро.
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.