Некоја скоро да била во Дојран? Ме интересира како се плажите? И цените за сместување? Да сподели искуство....
Ме интересира дали има некој инфо каква е плажата што е спроти големиот паркинг(тој со напуштениот шарен автобус јас така го памтам) и како се движат цените за јадење лежалки итн..?
Гледам сеуште никој не одговорил на прашањата за Дојран а баш и мене ме интересира Како се цените, водата, плажите, комарци...? И некоја препорака или совет од искуство одам со близначиња од 3 години наредна недела
Кога ќе сте во Стар Дојран посетете го Природно Научниот Музеј. На туристичкото инфо, побарајте посета и една многу фина и учлива жена ќе ве однесе до музејот. Има направено патека како калдрма низ локалните куки и ќе ве однесе до музејот. Над музејот има саат Кула со прекрасен поглед до езерото. Влез за деца 40 денари Влез за возрасни 100 денари Уживајте ❤️
Моето искуство од Дојран оваа сезона е следново: 1. Бањање во езеро никако - дури и да е безбедно според некои извештаи и параметри, езерото е толку запуштено, полно со тиња, трски, фекалии (во еден момент пловеа поред брегот каде што шетав). Мажите влегоа да се избањаат дента кога пристигнавме (пред средбата со ) ама како жена никогаш не би била мирна по капење таму. И да, знам дека Дојранско секогаш имало тиња, не е кристално чисто езеро, јасно ми е, но овде стануваше збор за запуштено и несредено. 2. Мештаните љубезни и фини. Во секој локал каде што влеговме бевме фино пречекани. Храната исто така вкусна и поевтина за разлика од други туристички места во МК. Единствено посакпо нешто беше една пекарница каде јадевме навечер и каде ѓеврек беше 60, а јогуртче 50 денари. За останати содржини за рекреација, не можам да споделам. Ние бевме само на 2 дена (1 спиење) и ресторани и езеро е сѐ што видовме. И плус настап на Сенида на фестивалот
Преку Неготино, Демир Капија. Ама не влегуваш во овие градови туку по автопатот возиш. Можеш и по новиот и по стариот автопат.
Може и Штип, Радовиш, Струмица преку Валандовско брдо. Не знам како е поблиску веројатно др опција, ама провери на мапс. Преку брдово е малку кривини ако имате мака во возење можеби ќе ви е битно инфо. Ние така одиме најчесто
Поблиску е преку Демир Капија од таа страна. Може во км да е др опција помалку км ама според возењето преку Демир Капија е поблиску.
Веројатно Ние од Шт одиме по оваа рута што ја кажав. Дека спомна Штип, па мислев да не и е битно од таму да мине
Дојран е запуштен до бескрај. Жално за такво убаво место што пропаѓа. Во ништо не инвестираа. Ако сакаш туристи,треба и нешто да се среди,не само парите да ги оставаме таму,а се бањаш у мочуриште. Единствено нешто убаво е храната,тезгариите со убави работи за купување,и ноќната прошетка.
Ама по таа рута ако сте Штип, Кочани тој крај. А членката спомна за тргнување од Скопје, па затоа реков Неготино, Демир Капија по таа страна е подобро.