Форумџика на годината

Духовен свет

Дискусија во 'Религија' започната од sonuvana, 6 август 2018.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.804
    Пол:
    Женски
    Па се согласувам со овие мисли, освен што нејасно ми е како во реалноста изгледа тој твој духовно ослободен ( роден ) човек....како ја живее и развива својата душа?
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.611
    Пол:
    Женски
    Има вистина во ова, како и да е слободна воља секогаш постои, и доколку една од страните тргне на погрешен/безбожен пат и е штетна за другата, или односот стане/е токсичен и штетен за двете страни, да се прекине.
    Сепак, светот е во падната состојба, а тоа многу логично се одразува и на односите.
    И генерациските гревови, односно (пренесување на) синџирот на трауми и злоставување.

    На тоа мисли Исус во Матеј 18, поготово со ова:

    "Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото."

    Како и да е сепак постои надеж со помош на љубов и проштевање (иако пак, не секогаш) да се исправи.

    Евентуално пак, со работа на себе и помош на Бог и се излечат во нов, поздрав однос.

    За тоа и сме створени, за да си помагаме.

    "Потоа рече Бог:
    Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние"
     
    Последна измена: 30 мај 2024
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. -alf-

    -alf- Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Параболава би била најсоодветна.

    Како што на телото му е потребна вода ,така на верник му е потребен бог со кој ќе ја гаси својата духовна жед.Но,тоа е во мали количини, трошки од духовноста напишани во книгите.

    Е сега замисли изворот да е во тебе.
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.804
    Пол:
    Женски
    Да, простувањето е сржта, а тоа само од љубов може да произлезе.
    А кога ќе го дадеме, можеме и генерациски гревови да надминеме...( од срце кое омекнува преку молитва )
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.804
    Пол:
    Женски
    Па секој кој се освестил и тргнал по духовен пат, почувствувал извор во себе....само е битно да го одржуваме чист да биде...
     
    На daylight и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  6. -alf-

    -alf- Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Тоа што збориш ти е кога човек е воден по закон -правила и се стреми да ја одржува совеста чиста.

    При изворот не постои дуалност, црно или бело, ниту на него може да се делува.
    Не постои ниту закон, ниту бог и ѓавол.
    Ти си тоа што си.
     
    Последна измена: 30 мај 2024
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.611
    Пол:
    Женски
    Подобро е како и да е одредено време сам/а, за да не се проектираат на други несвесно понатаму.

    Како и уопше за (ре) конекција со Бог/духовниот свет, време сам со себе е клучно.

    "It's your path and yours alone, others can walk it with you, but not for you."
     
    На eliesaab и sonuvana им се допаѓа ова.