Па се согласувам со овие мисли, освен што нејасно ми е како во реалноста изгледа тој твој духовно ослободен ( роден ) човек....како ја живее и развива својата душа?
Има вистина во ова, како и да е слободна воља секогаш постои, и доколку една од страните тргне на погрешен/безбожен пат и е штетна за другата, или односот стане/е токсичен и штетен за двете страни, да се прекине. Сепак, светот е во падната состојба, а тоа многу логично се одразува и на односите. И генерациските гревови, односно (пренесување на) синџирот на трауми и злоставување. На тоа мисли Исус во Матеј 18, поготово со ова: "Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото." Како и да е сепак постои надеж со помош на љубов и проштевање (иако пак, не секогаш) да се исправи. Евентуално пак, со работа на себе и помош на Бог и се излечат во нов, поздрав однос. За тоа и сме створени, за да си помагаме. "Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние"
Параболава би била најсоодветна. Како што на телото му е потребна вода ,така на верник му е потребен бог со кој ќе ја гаси својата духовна жед.Но,тоа е во мали количини, трошки од духовноста напишани во книгите. Е сега замисли изворот да е во тебе.
Да, простувањето е сржта, а тоа само од љубов може да произлезе. А кога ќе го дадеме, можеме и генерациски гревови да надминеме...( од срце кое омекнува преку молитва )
Па секој кој се освестил и тргнал по духовен пат, почувствувал извор во себе....само е битно да го одржуваме чист да биде...
Тоа што збориш ти е кога човек е воден по закон -правила и се стреми да ја одржува совеста чиста. При изворот не постои дуалност, црно или бело, ниту на него може да се делува. Не постои ниту закон, ниту бог и ѓавол. Ти си тоа што си.
Подобро е како и да е одредено време сам/а, за да не се проектираат на други несвесно понатаму. Како и уопше за (ре) конекција со Бог/духовниот свет, време сам со себе е клучно. "It's your path and yours alone, others can walk it with you, but not for you."