1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ебола

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од BeautyAndTheBeast, 5 август 2014.

  1. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Разлистувајки приметив дека нема тема за оваа болест,а со оглед на тоа што во моментов ситуацијата не е баш најсјајна и не демнее голема опасност од епидемија решив да ја отворам темава да споделиме искуства,мислење и слично.
     
  2. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Не се секирајте, сега ќе смучка нешто Дастин Хофман, само да го најде носителот!

    Ситуацијата е и повеќе од алармантна, СЗО потврди, изминатиов период во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне изби досега најголемата епидемија на Ебола откога истата е откриена (пред 40тина години), имало неколку епдемии но никогаш не се ширеле вака брзо и со толкав број на заразени.
    Над 1,200 веќе се заразени, а дури 700 починати, само за споредба, сите овие 40 години откако е откриена Еболата и во сите нејзини епидемии заедно починале околу 900 луѓе, а сега нешто е различно и тоа многу сериозно ме плаши.

    Ова е најстрашна работа која не може да се спореди со ниту една друга чума на 21от век како Сидата, Сарс, ваков грип, онаков грип итн... периодот на инкубација е неверојатно мал (најдолг регистриран случај е 2 недели), самата болест трае неколку дена и завршува со многу морничави ситуации, при аутопсии е утврдено дека сите внатрешни органи буквално се претвораат во каша од мелено месо и крв - страшно!
    Смртноста е загарантирана (во над 90% од случаите) и ретко кој го преживеал ова крварење од буквално СЕКАДЕ, досега нема никаква успешна терапија и ниту еден лек не е ефективен.
    Вирусот буквално ги дроби и најмоќните антибиотици, еве на пример АЗТ кој спореден со Пеницилинот е 200пати појак и е во состојба навистина да го уништува ХИВ вирусот, а нема никаков ефект кај Еболата.

    Едноставно, не е откриено никакво успешно лекување до сега од проста и парадоксална причина што болеста толку брзо го убива пациентот, па лекарите немаат доволно време да установат дали една терапија е навистина ефективна или не, не можат така молскавично да делуваат за 24-36-48-72 часа...

    Јас многу се тресам од овие смртоносни вируси за кои нема превентива бидејќи сум лично засегната и во прилично голема опасност од контакт, конкретно Еболава досега се појавуваше во регионите на западна и централна Африка, слабо се ширеше и обично напаѓаше изолирани села по џунглите, но овојпат е нешто далеку посериозно бидејќи удри по градовите и се шири многу, многу побрзо.
    Фала Богу што не се пренесува аеровизорно, односно не може вирусот да се движи по воздух а и + не е отпорен на високи температури, иначе одамна ќе отидеше цел свет јабана.
    Самата Светска Здравствена Организација има направено проекција, доколку овој вирус беше лесно транспортабилен (преку воздух, а не допир) оваа болест наречена Ебола има капацитет да го зарази целокупното светско население за помалку од 48 часа!

    За доброто на човекот, молам Бога вирусот да не мутира и стане транспортабилен преку воздух, а во меѓу време ќе си се нафукам антибиотик за да бидам спремна, па нека дојде да ја видам...
     

    Прикачени фајлови:

    На Valerin и tessie им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Де Пирана што си толку успаничена , во овој случај Еболата е илјадници километри далеку од Македонија , дури и да некако дојде до тука , вирусот се пренесува преку било каков допир со заразениот , второ не е ова филм па да се шири низ цела планета , го имаат под контрола , од Африка нема никаде да бега , не верувам дека би мутирал да се пренесува преку воздух , ако мутира може на други начини да ги убива побрзо заболените или нешто така али не верувам дека преку воздух би идело....

    Трето најголема чума на 21 век е човекот со оглед дека убива милиони секоја година , а доста се фукаш без потреба со антибиотици , не е баш најдобро за твоето здравје да примаш антибиотици ако немаш никаква потреба , само прави што се правело цела година , избегнувај допир со заболени и измиј ги рацете кога ќе дојдеш дома .... Толку
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Yipman2, од каде знаеш кај се наоѓам јас моментално и што работам за да не бидам толку “успаничена“?
    Кој е тој случај во кој Еболата е илјадници километри далеку од Македонија и не веруваш дека може од Африка да дојде до таму, ова можеш да го кажеш за себе, а не за мене бидејќи јас не го гледам тој твој филм од далеку.

    Фала на советот за моето здравје, тебе ич да не те интересира со што и колку се фукам и дали има потреба од такво нешто, ти продолжи да си ги миеш рачињата кога ќе дојдеш дома и избегнувај допир со заболени, во иднина воздржи се од коментари и потруди се да се информираш пред да донесеш некаков заклучок за некој или нешто, а не да се бламираш и трчаш како прле пред магаре со твоите филмови.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Прво нема потреба од ова дрско понашање , советот беше со добро намера и толку , ама ете си знаеш ти све. Нема проблем , а друго нема да се воздржам бидејќи ми коментираш тука како да ќе заврши светот , креваш паника безвезе , колку има тука што доволно е да прочитаат нешто вакво на интернет и да им се стемни , нема никаква потреба од кревање паники ... а каде тоа живееш ти па да имаш потреба да паничиш толку ?

    И да не верувам дека ќе дојде во Македонија.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    За твојот совет и грижа за моето здравје - доби фала, а дали има потреба од вакво понашање требаше да размислиш пред да искоментираш на тој начин и да ме направиш успаничена небаре коси корнам, да ми објаснуваш како вирусот нема да избегал од Африка и е далеку од Македонија (што лично не ме засега) и врз тој основ ми делиш совети да не се фукам со антибиотици, бидејќи според тебе, јас немам потреба од нив и ти знаеш што е најдобро за моето здравје.
    Не знам кој е дрскиот и мисли дека знае се.

    Јас не ти коментирам тука на тебе, туку коментирам на форум во соодветна тема и ја прикажувам реалната слика за ситуацијата со вирусот, а не кревам паника со моето мислење.
    Според тебе, не треба да коментираме и пишуваме за ништо друго од она што е застапено во најголем дел од форумов, за да нели, не им се стемни на луѓето и да не се превртат од стол додека читаат.
    Ја преувеличуваш работата и претеруваш со твоите грижи за здравјето на останатите.

    Каде јас живеам е лично прашање на кое не одговарам на јавен форум и нема никаква поврзаност со темата за вирусот, исто како твојот прв коментар за моето фукање, успаниченост и превентива.
     
  7. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Извини на дрскоста, ама треба да живееш во дупка за да веруваш дека вирусот се појавил од нигде никаде и дека никој не контролира до каде ќе иде и како. Второ, умираат 50% од заболените, трето не 700 него над 900 луѓе се веќе умрени. УуУУУУ страшно. На крај краева, мора да се умре од нешто.
     
  8. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    А кој верува дека вирусот се појавил од нигде никаде? Дали некаде се коментира неговото потекло?

    Еболата се контролира исто како што се контролираше и ХИВ вирусот на кој целта му беше Африка, па бидејќи многу јако го контролираа до каде иде и како, денес оваа болест е раширена низ цел свет, ист пример имаме и со ред други вируси кои се излезени надвор од контрола, мутираат и за нив треба вакцина која би ги пратела сите можни варијации, а тоа е научна фантастика.
    Не знам каде треба да живееш за да веруваш дека еден вирус може да се контролира надвор од лабораториска епрувета.

    УуУУУУ страшно. Сите ќе умреме еден ден, па не знам зошто воопшто живееме и се замараме со информации и вакви “глупости“, нели? - Јак аргумент.
     
    На Summerlover, imelda и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Јас не сум многу исплашена поради Еболата и покрај тоа што кога слушам ми минуваат морници низ телото мислам дека кај нас не може да стигне а и не е заразна болест која се пренесува преку воздухот затоа нема место за паника. Но сепак не се мешам во вашите размислувања.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Во Велика Британија веќе кажаа дека надгледуваат човек кој се вратил од регион каде вирусот е раширен. Во Кардиф во домашна доброволна изолација го чекаат да видат дали ќе добие симптоми. Вчера се разбра дека има уште неколку случаеви на луѓе кои биле во ситуации за можно фаќање на вирусот и исто така им е речено да изолираат од јавноста. СЗО не кажува колкав број на луѓе се во домашна изолација, и не кажува во кои градови се другите патници кои се вратиле од овие подрачја, само инсистира за првиот човек од Кардиф кој го надгледува дека уште не покажува симптоми.

    Останаа неискористени вреќите што ги нарачаа од страв дека свинскиот ќе не заколи сите, ама гарант ја дуваат прашината од нив моментално за секој случај да им се при рака :!:
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Деф нека се прави таму. Малку болести ли има па уште и оваа со вакво име.Ај сиктер там. ]:) ]:) ]:)
     
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно за Pirana, бидејќи прочитав многу "факти" во твојот текст - антибиотици не се терапија за болести чиј причинител е вирус, нормално дека и пеницилин и било кој друг антибиотик нема да се ефективни против ебола...
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ^
    Антибиотикот на Пирана беше на шега, природниот македонски антибиотик = лукче, кое го земаме да ујачаме имунитет нели и да сме силни и се браниме и против бактерии, против вируси, габи...се живо да бега од нас, а и други луѓе :lol:
     
    На Pirana2 и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Да да, сфатив тоа, но погоре читав споредба на антиретровирусни лекови споредени со пеницилин и слично, да не го цитирам сега делот каде јасно пишува тоа.
    Некој навистина успаничен ќе чита и ќе сфати буквално, па ќе земе стварно како превенција ќе се настега антибиотици, ништо чудно...
     
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Сосема надвор од темата.

    За оние кои немаат доволно познавања самите да оценат што е превентивно, и дали ке има позитивно или негативно влијание врз нив, нека навалат. И лук и антибиотици- и вируси, и бактерии и луѓе нека бегаат, што е сигурно- сигурно е. :lol:
     
    На Pirana2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.402
    Па...повеке заболени има од милион други болести од кои за добар дел нема лек и се умира како последица на нив, па еболава ми е зафрканција. Секако, да бев стуардеса како Пирана и да бев во контакт со луѓе кои скитаат насекаде па и во делови каде има ебола, би се плашела, ама вака не.
    Не знам како преживуваат луѓе кои секој ден се во контакт со стотици луѓе и кои можност да се оболат од допир со некој имаат секојдневно.
    Во меѓувреме, повеќе имам шанси да умрам од некој глупак кој ке се самозапали некаде отколку од ебола.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Е тоа де, ќе треба човек со скафандер да биде, не дека е нова болеста, но очигледно голем замав зема...Дали е сама по себе појавена или лабораториски, со некаква цел, којзнае, лошо што умираат луѓе, што не е шала или нешто што би се гледало на тој начин, не ме разбирај погрешно,не ме мислев на тебе.Во секој случај добро е да се знае како да се заштити човек, начин на пренесување и последици, кои веќе се знаат, но барем да се внимава на здравјето.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Светот мрда, народ се движи, и можеби некои од овие кои доаѓаат на европско тло и ќе заболат и ќе инфицираат некој друг, ама дека ќе се деси неистреблива епидемија од овој вирус во светски размери, нема. Како прво има разлика во хигиенските навики и услови во белиот свет од таму каде рушум прави болеста. Доброто е што ако не допреш си ок. Значи не мораш со маска на уста. И да пукне епидемија на мало време, по дифолт си ставаш лејтекс ракавици на раце пред да излезеш од дома и тераш.
    Од сезонски грип годишно умираат многу луѓе и баш тука е интересното кога некој ќе рече еее страшната работа, од многу ствари се мрие. Ама не умираат пример од сезонски оние без компромизиран(постои ли зборов?) имунитет. Ако фатиш, ставаш крпа на глава, пиеш пет литра на ден вода, се жалиш дека ќе умреееееш, и за пет дена станеш на нога како џиритка. Оваа еболата и здрав да си ако ја фатиш, моли се. И тука е паниката, тука е стравот. Не е стравот дека ќе изгинеме како во 14 век од црна чума, туку стравот дека ако се шмугне во наша околина да не сме ние оние неколкумина додека не изолираат за да спречат масовно ширење.
     
    На Cka и tessie им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Правилно е компромитиран.

    Туку паниката е што не е сигурен начинот на трансмисија. И болеста не е доволно истражена. Се пренесува од животни на луѓе со директен контакт со крв и секрети. Исто и меѓу луѓето.
    Наводно постојат причини за сомневање дека еболата може да се пренесува и преку воздух. Секако сеуште се само теории, може има нешто точно,може се новинарски патки . Кој да знае. :doh:

    http://www.vanguardngr.com/2014/08/expe ... -possible/

    Доколку директниот контакт со телесни течности е единствен начин на трансмисија, сепак и не е толку чудно зошто во Либерија толку брзо се рашири болеста, се работи за неразвиена земја и наводно заразата се проширила преку погребните ритуали кои се практикуваат таму, те директен контакт со заболените. Па затоа како што прочитав веќе почнале да ги исфрлаат мртвите на улица плашејки се од болеста што предизвикува и понатамошно ширење.

    Од друга страна има многу заболенеи лекари и медицински сестри( нели и двата случај на лекари од САД кои наводно ги излечиле со некој таен серум :^) ) , тука се поставува прашањето нели тие медицински лица знаат како да се заштитат а сепак заболеле. Па се подгреваат теориите за аеробна трансмисија.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    MandyLane, со моето спомнување на АЗТ (зидовудин) кој се користи во прва линија и со неговиот ефект овозможува луѓето заразени со ХИВ вирусот да живеат поквалитетно, со минимален ризик од пренос на вирусот од мајка на дете т.е. породување и значително намалување на шансите за пренос на вирусот преку односи, сакав да направам една проста споредба помеѓу овие два поима со цел да ја прикажам способноста на Еболата да те здроби за многу краток период во кој ништо не може да ти помогне барем да добиеш на време, да живееш одреден период со вирусот.
    Со иста цел ја спомнав и профилаксата која мора да се изврши во рок од 72часа и има ефикасност од нешто под 100% (доколку го преживееш процесот) да се т.н. исчистиш целосно од ХИВ вирусот, а и да не успееш, ти остануваат години (квалитетен) живот додека стигнеш до стадиум на Сида.
    Значи, сакав да направам една споредба помеѓу ХИВ (како доста “популарен“ вирус) и Еболата, при ХИВ вирусот имаш шанса да се излечиш или исчистиш во рок од 72часа од првиот контакт - кај Еболата ја немаш таа шанса, како носител на ХИВ вирусот можеш да живееш со години под АЗТ (или друга терапија, еве јас конкретно за оваа се фатив), а додека заразен со Ебола ќе умре за 1 недела бидејќи терапија нема.
    Се надевам сега е јасно што сакав да кажам и разбираш зошто мислам за Еболата дека е најстрашна работа, ќе те сотре за многу краток период во кој не можеш да превземеш апсолутно ништо за да се спасиш, буквално седиш со врзани раце и посакуваш да умреш што побрзо.

    За антибиотикот... мислам дека сме доволно свесни, паметни и возразни за да не читаме лекарски рецепти по женски форуми, да се уплашиме од една кивавица и да помислиме на Ебола или ХИВ па за превентива на своја рака да се наколкаш со апчиња како абдал.
    Јас ставив и слика во боја за да не дојде до забуна, подобро да мирисаш на лук отколку на земја.

    Cka, а која ти е оваа Пирана што ја направи стујардеса?
     
    На MandyLane, jovanovska94 и mims-89 им се допаѓа ова.