Екскалибур

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kelebeim***, 23 октомври 2015.

  1. OVO

    OVO Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Здраво,

    Се зачленив на форумот конкретно да одговорам на оваа тема, така што ако нешто не е во ред со објавава извинете ми, прв пат сум овде

    Сакам да го напишам моето видување затоа што јас сум била на Екскалибур по препорака на 4 мои другарки кои беа навлечени и ми кажуваа за да знаеш што е треба да дојдеш да видиш.

    Да бидам искрена кога ми зборуваа за Мајсторот и пораките кои ги видов од него многу ми беше КРИНЏ ама си реков ајде да имам отворен ум и да видам што се случува, инаку голем скептик сум.

    Овде ќе го раскажам моето искуство нај објективно што можам.

    Се пријавив на екскалибур и барам некој си институт што уствари е стан. Имав најава од другаркиве од прилика што ќе се случува ама ништо во детали.

    Екскалибур програмата инаку трае некои си 3 дена и тамо се седи и по 12ч на ден (лудило)

    Одам ден прв, влегуваме внатре сите се однесуваат некако пре језиво се ословуваат со битие, се гушкаат (лично не можам да поднесам бллизок физички контакт со непознати луѓе)

    Не пречекуваат асистенти (доброволци) језиво љубезни седиме на под ко идиоти и се гледаме меѓу себе тотални анонимуси никој со никој не се познава и пред нас потпишуваме некој формулар со лични податоци и изјава на честа (ја нечесна излегувам со ова) дека што и да се види тамо нема да се зборува надвор од таму. Во смисла (тука доаѓаат луѓе со тешки животни ситуации и судбини и не би било фер доколку некој сподели лични работи да се прераскажува тоа на други) Јас така го доживеав, и реално луѓето маката може да ги натера да чукнат и на нај бизарните места, нели идат по цркви, бајачи, гатачи и сл.

    Ок. почнуваме доаѓа фамозниот Мајстор сите седиме на под мајсторот на стол облечен во бело, ситно човече инаку го најави мајсторката, да има и мајсторка.. неговата партнерка ок ајде и тоа

    Објаснува што всушност претставува алатката/техниката екскалибур која е систем разработен од некој си.. не го маптам, значи не е од него измислено ништо он само превзема и усовршува и од долги години пракса може да им помогне на луѓето да надминат некои ситуации, и како што разбрав јас поентата на екскалибур тамо е да ти го предадат знаењето во интензивни 3 дена за да можеш да стекнеш рутина да го користиш системот сам кога ќе осетиш дека се соочуваш со проблеми , со тоа што сеа да не се објаснувам има чекори од настанатиот проблем се враќаш назад анализираш што довело до овде нешто како селф хелп.
    И сега тука им вметнето многу источна мистика, и езотерија, будистички убедувања и верувања.
    Искрено програмата ја сметам за ок, зошто многу луѓе во секојдневието се губат себе си и ретко кој застанува да размисли кој сум јас, што сакам, зошто го сакам тоа, што ми се случува, зошто, која ми е целта во животот и слично. Значи буквално 3те дена се се врти околу тоа интензивна само анализа.
    И не е лошо некој да те упати како да го направиш тоа а реално не би го направил никој да не е оставен сам со себе цел ден без никакви надворешни влијанија (телефони, цигари..)

    И се е тоа ок, се додека не е наметнато. Моите другарки се редовни, одат и на интензиви (тоа е исто работење сам со себе, медитација да кажам само што е во група во природа)

    Е сега глупото во цела ситуација е што Мајсторов (не е глуп човек, не можам да кажам ни дека е злонамерен, само добар бизнисмен) некако многу брзо од слободна волја и водење, почнува да ги критикува учесниците да ги понижува, да им наметнува негова волја, за да одржува бизнис нели.

    Јас колку што сум читала, слушала, целта на гуруата или мајсторите е да ги доведат своите "ученици" до точка каде што нема веќе да им бидат потребни.
    Има луѓе што си медитираат и си тераат филм и надминале она што имале да надминат и толку, фала пријатно не ме замарај веќе, си имам живот.
    Е, не!
    Преку грижа на совест функционира иначе наметнувањето и обврзувањето за учество понатаму, и што од пристојност, кој од незгодно, кој од благодарност остануваат да ги посетуваат тие интензиви кои се плаќаат.
    Е сега има луѓе милион не сме сите исти, за некој па воопшто ова не е начинот, ама премолчаната а толку видлива осуда е језива ко за некој толку просветлен.
    Значи човече биди си реален, регистрирај се како друштво за медитација или нешто и остај луѓето сами да те бараат, а и приметив некако не ти дава да изразиш свое мислење зошто он е мајсторот и он знае секогаш најдобро и само неговата Вистина е вистинската вистина, а во примерите шти ги дава апла гаи омраза просветлениот.

    Заклучно ќе кажам, не се сеќавам кој беше го кажал ова ама Ако тој што сака да те просветли ти бара пари бегај од него, тој што сака да помогне за повисока цел го прави тоа бесплатно.
    Инаку за секта што знам, не ја знам дефиницијата за секта, ама мене секта ми се и тие цркварите. Значи се што е далеку од здрав разум и реално посматрање на работите ми е секта.
    Е сега лабилни карактери од луѓе ако се занеле во ова, ќе кажам подобро во екскалибур да забегаат, кога тогаш ќе се свестат дека се изманипулирани ќе се повлечат отколку по дроги, пијанчење итн.
     
    На Rozevata, awkey, Tonimit и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    10.269
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што сподели искуство од прва рака.
    Убаво си ги согледал работите како стојат би рекла. И што е добро а што не е. И мило ми е што благодарение на здрав разум си се повлекла од нив.
    Убаво забележа дека луѓето од мака се спремни да пробаат се и за пари потоа се злоупотребени.
    Јас го делам мислењето со тебе дека и во црквата може да има вакви моменти. Не секој свештеник е ист. За жал. Мислам дека современата црква треба да го прифати тоа дека човекот еволуира во сфаќањата, сега е далеку пообразуван од времето кога се појавува христијанството и дека не треба да се користи со чувство на вина за да ги натера луѓето да дојдат во црква и да се молат. Поминати се времињата кога со пеколот треба да се мотивираат луѓето за да не грешат. Тоа е мое мислење.
    За жал, сум слушала проповеди од поп во кои ги кара верниците на мисата дека нема што да бараат од светците и нема да им бидат услишани желбите од Бог ако не се редовни во црквата и не се молат редовно. За мене односот меѓу мене и Бог не познава ако-тогаш зошто не е условување и не е проста трансакција, туку е љубов безусловна. Како родител што си го сака безусловно детето какво и да е и обратно.
    Секогаш треба да се има стравопочит кон Бог и светците, така сум учена. Ама пари во замена како услов да ми биде одговорена молитва е пазар. Давам донации без повод и без очекување да добијам нешто од тоа назад.
    Ова ескалибур, каде што бара пари за решавање лични проблеми со надридоктор и преку наводно осамостојување а уствари стварање зависност од лидерот е чиста манипулација.
     
    На st-el и OVO им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    15.980
    Пол:
    Машки
    Јас искрено се чудам како се уште опстојува организацијава кога не е пријавена. Зарем никој од роднините и пријателите на тие учесници не се запрашале што се случува…? :worried:
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.428
    Пол:
    Женски
    Абе у затвор одма.
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magi1@!

    Magi1@! Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Gluposti traskas
     
  6. Magi1@!

    Magi1@! Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Kakva hipnoza ...veze nemas
     
  7. Taaesrce

    Taaesrce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Дали би можеле да ми кажете како се вика тој Мајстор, каде може да се најде ?
     
  8. Drkr0000

    Drkr0000 Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поздрав луѓе, гледам дека се уште нема одговор на прашањето а низ годините останала активна темата па еве јас ќе пишам:

    Не се работи за никаква секта или тајно друштво туку е техника која се работи низ светот.

    Еве и линк од светска мрежа од Мајстори на Просветление кои избрале јавно да објават на овој линк:

    https://www.enlightenment-intensive.net/en/masters.php

    Интензив на Просветление и Екскалибур се 2 техники, создадени од американец Чарлс Бернер кој барач начин со кој секојдневниот човек, живеејќи секојдневен нормален живот би можел да се спознае себе.

    Веројатно веќе сте слушнале дека на Земја се доаѓа за да се спознаеме себе или со друг збор тоа се нарекува Просветление. За тоа себе искусување постојат повеќе начини и на пример во Индија е нешто за што секој човек слушнал и таму патеката е таква што наоѓаат учител, го оставаат животот што го имале и се посветуваат на Просветлението. Слично нешто се и монасите по манастирите, медитациите, шаманите и слично. Различни патеки за иста цел со различна брзина и начин на достигнување. Чарлс Бернер посакал да најде начин - техника да не мора да го оставаме животот за Просветление туку да е Просветлението вклопено во секојдневниот живот. Затоа е техниката забрзана, интензивна, значи се крати години медитации во пештери а се доаѓа до истото спознание па согласно Бернер има правила кои треба да се спроведат, за да тоа е воопшто возможно.
    ● Храната се прима 3 оброка на ден и ужина, значи не е дека се гладува но е вегетаријанска храна, лесна за дигестија со цел да не го одвлекува вниманието. Ако сте биле во Индија или зборите со било кој што отишол да вежба јога или на ретреат, таму се знае дека кога се работи духовност се прима таканаречена сатвичка храна. Чајот е јапонски, нормален чај кој се продава во мк и се дава баш тој бидејќи е многу многу поздрав во споредба со останатите чаеви.
    ●Мајсторот на Просветление - Master of Enlightenment е назив кој се користи за секој кој е потполно Просветлен а така се нарекува тој што го одржува семинарот.
    ● На почетокот семинарите биле бесплатни бидејќи Мајсторот го работи од љубов но приметил дека учесниците тоа го злоупотребувале, се однесувале лошо и слично па пробувал повеќе цени за да дефинира која цена привлекува луѓе што стварно се заинтересирани а да можат да си дозволат што поголем број луѓе. Во светот истиот овој семинар сум видела да е наплаќан и до 10000$. Има и јавно објавено
    и цени и сите се различни значи нена правило.
    Ние за секое нешто така бараме третман како во Индија или Германија или Шведска а со понашањето и свеста не сме дораснати. Меѓутоа никогаш никој не е вратен бидејќи немал да плати.
    ● Битие е исто со Human Being. Не е нешто посебно за обраќање туку ние и сме човечки Битија.
    ● Не е тајно друштво туку е избор на секој Мајстор дали ќе објавува повици преку реклама или веб сајт или по препорака. Ова е пракса и на многу други луѓе кои работат со други техники особено 1 на 1 а во овој случај групна и е избор на тој што ја води техниката а нема друга цел.
    ● Во Македонија Интензиви на Просветление се случуваат повеќе од 60 години. И низ Југославија се случувале и има неколку Мајстори кои се и моментално активни на Балканот и многу низ светот.
    ● Легално е се и проверувано и пријавувано е многу пати. Се додека и самите тие што проверувале кога не нашле ништо станале учесници и се ослободиле од траумите и кошмарите и последиците од минување страшни искуства во војна за што ниту една друга техника или лекови не им помогнале.
    ● Јас сум видела и луѓе што животот го смениле од овој семинар а и такви што се тргнале а до ден денешен ниту една техника не им помага.
    Не секој е спремен да се соочи со вистината да е извор на сите искуства и избори и да преземе одговорност за тоа па да создаде посакувана реалност. Поврзано е и со нивото на развој на душата. Повеќето луѓе бараат лек или работа а кога ќе им се понуди решението, избираат да страдаат. Никој никогаш не те обврзува за ништо, и Бернер вели дека задача на Мајсторот е да укаже дека Просветлението е битно и дека отпорите се нормални да се случуваат и за било што тоа е човечка реакција. И толку, ако продолжи човек ок, ако не пак ок.
    ● Техниките не се со хипноза, билка, манипулација или било какво посредство. Самостојно се стекнува свеста а знаењето е во душата во сржта на секој од нас. Директен пат на Себе спознавање Е низ комуникација преку самозапрашување. Никој ништо не учи, а доаѓаме до истото, плус тоа исто е исто што зборел и искусувал и Исус и Буда и сите Просветлени монкови, Лами, Гуруа, Зен Мајстори... За побожните, истото од Библијата ама го знаеш од внатре а не од што си прочитал дека така пишува или рекле светците.


    ЕКСКАЛИБУР од друга страна е техника со која се отстрануваат непожелните чувства и се учи како да се создава. Никој од никого не бара да зборува што проблеми има, некои луѓе сами си кажуваат, техниката не бара ништо освен да се именува чувството (тага, бес, радост...) Е сега тоа што зборите дека е 12ч на ден, е начинот за да се стигне до сржта, до Себе, и создаваш од Себе што не е случај со останатите техники. Во процесот се ослободува од огромни количини непожелни чувства па иако целта е Просветление или Себе спознавање, луѓе излечиле секакви болести и такви од кои медицината кренала рака, и неплодни родиле деца, и сиромашни создале богатство и самци креирале семејство.

    ●Дали е Мајсторот богат или колку е богат лично мене не ме интересира ниту за него ниту за било кој друг човек, но ако веќе некој предава техника за СОЗДАВАЊЕ па чудно ќе биде да не успеал он самиот да создаде. Тогаш би било измама а дефинитивно не се богати од семинарите, да е така ке гледате реклами и ќе се одржуваат често а и ги немаше подолго време а тој не е бездомник воопшто.

    ● Дали некој ќе оди само на Екскалибур и 1 Интензив на Просветление или на 10 или на 50, тоа е личен избор. Целта на Интензив на Просветление е да се стабилизира искуството и да се потполно спроведи низ животот се до моментот кога е потполно. Тоа е и целта на Бернер, да веќе не е потребен учител туку самостојно да се живее директно и да се реализираат сите цели кои ги има секој од учесниците.
    Исто како што на одмор се оди секое лето а не еднаш за цел живот, така се до момент кога животот станува убав исто како на одмор.

    Кој сака повеќе инфо еве уште еден линк а има и книги од Чарлс Бернер на амазон каде се објаснети сите правила зошто се такви какви што се.

    https://de.wikipedia.org/wiki/Enlightenment_Intensive

    Поздрав