Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екскалибур

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kelebeim***, 23 октомври 2015.

  1. OVO

    OVO Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Здраво,

    Се зачленив на форумот конкретно да одговорам на оваа тема, така што ако нешто не е во ред со објавава извинете ми, прв пат сум овде

    Сакам да го напишам моето видување затоа што јас сум била на Екскалибур по препорака на 4 мои другарки кои беа навлечени и ми кажуваа за да знаеш што е треба да дојдеш да видиш.

    Да бидам искрена кога ми зборуваа за Мајсторот и пораките кои ги видов од него многу ми беше КРИНЏ ама си реков ајде да имам отворен ум и да видам што се случува, инаку голем скептик сум.

    Овде ќе го раскажам моето искуство нај објективно што можам.

    Се пријавив на екскалибур и барам некој си институт што уствари е стан. Имав најава од другаркиве од прилика што ќе се случува ама ништо во детали.

    Екскалибур програмата инаку трае некои си 3 дена и тамо се седи и по 12ч на ден (лудило)

    Одам ден прв, влегуваме внатре сите се однесуваат некако пре језиво се ословуваат со битие, се гушкаат (лично не можам да поднесам бллизок физички контакт со непознати луѓе)

    Не пречекуваат асистенти (доброволци) језиво љубезни седиме на под ко идиоти и се гледаме меѓу себе тотални анонимуси никој со никој не се познава и пред нас потпишуваме некој формулар со лични податоци и изјава на честа (ја нечесна излегувам со ова) дека што и да се види тамо нема да се зборува надвор од таму. Во смисла (тука доаѓаат луѓе со тешки животни ситуации и судбини и не би било фер доколку некој сподели лични работи да се прераскажува тоа на други) Јас така го доживеав, и реално луѓето маката може да ги натера да чукнат и на нај бизарните места, нели идат по цркви, бајачи, гатачи и сл.

    Ок. почнуваме доаѓа фамозниот Мајстор сите седиме на под мајсторот на стол облечен во бело, ситно човече инаку го најави мајсторката, да има и мајсторка.. неговата партнерка ок ајде и тоа

    Објаснува што всушност претставува алатката/техниката екскалибур која е систем разработен од некој си.. не го маптам, значи не е од него измислено ништо он само превзема и усовршува и од долги години пракса може да им помогне на луѓето да надминат некои ситуации, и како што разбрав јас поентата на екскалибур тамо е да ти го предадат знаењето во интензивни 3 дена за да можеш да стекнеш рутина да го користиш системот сам кога ќе осетиш дека се соочуваш со проблеми , со тоа што сеа да не се објаснувам има чекори од настанатиот проблем се враќаш назад анализираш што довело до овде нешто како селф хелп.
    И сега тука им вметнето многу источна мистика, и езотерија, будистички убедувања и верувања.
    Искрено програмата ја сметам за ок, зошто многу луѓе во секојдневието се губат себе си и ретко кој застанува да размисли кој сум јас, што сакам, зошто го сакам тоа, што ми се случува, зошто, која ми е целта во животот и слично. Значи буквално 3те дена се се врти околу тоа интензивна само анализа.
    И не е лошо некој да те упати како да го направиш тоа а реално не би го направил никој да не е оставен сам со себе цел ден без никакви надворешни влијанија (телефони, цигари..)

    И се е тоа ок, се додека не е наметнато. Моите другарки се редовни, одат и на интензиви (тоа е исто работење сам со себе, медитација да кажам само што е во група во природа)

    Е сега глупото во цела ситуација е што Мајсторов (не е глуп човек, не можам да кажам ни дека е злонамерен, само добар бизнисмен) некако многу брзо од слободна волја и водење, почнува да ги критикува учесниците да ги понижува, да им наметнува негова волја, за да одржува бизнис нели.

    Јас колку што сум читала, слушала, целта на гуруата или мајсторите е да ги доведат своите "ученици" до точка каде што нема веќе да им бидат потребни.
    Има луѓе што си медитираат и си тераат филм и надминале она што имале да надминат и толку, фала пријатно не ме замарај веќе, си имам живот.
    Е, не!
    Преку грижа на совест функционира иначе наметнувањето и обврзувањето за учество понатаму, и што од пристојност, кој од незгодно, кој од благодарност остануваат да ги посетуваат тие интензиви кои се плаќаат.
    Е сега има луѓе милион не сме сите исти, за некој па воопшто ова не е начинот, ама премолчаната а толку видлива осуда е језива ко за некој толку просветлен.
    Значи човече биди си реален, регистрирај се како друштво за медитација или нешто и остај луѓето сами да те бараат, а и приметив некако не ти дава да изразиш свое мислење зошто он е мајсторот и он знае секогаш најдобро и само неговата Вистина е вистинската вистина, а во примерите шти ги дава апла гаи омраза просветлениот.

    Заклучно ќе кажам, не се сеќавам кој беше го кажал ова ама Ако тој што сака да те просветли ти бара пари бегај од него, тој што сака да помогне за повисока цел го прави тоа бесплатно.
    Инаку за секта што знам, не ја знам дефиницијата за секта, ама мене секта ми се и тие цркварите. Значи се што е далеку од здрав разум и реално посматрање на работите ми е секта.
    Е сега лабилни карактери од луѓе ако се занеле во ова, ќе кажам подобро во екскалибур да забегаат, кога тогаш ќе се свестат дека се изманипулирани ќе се повлечат отколку по дроги, пијанчење итн.
     
    На Rozevata, awkey, Tonimit и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што сподели искуство од прва рака.
    Убаво си ги согледал работите како стојат би рекла. И што е добро а што не е. И мило ми е што благодарение на здрав разум си се повлекла од нив.
    Убаво забележа дека луѓето од мака се спремни да пробаат се и за пари потоа се злоупотребени.
    Јас го делам мислењето со тебе дека и во црквата може да има вакви моменти. Не секој свештеник е ист. За жал. Мислам дека современата црква треба да го прифати тоа дека човекот еволуира во сфаќањата, сега е далеку пообразуван од времето кога се појавува христијанството и дека не треба да се користи со чувство на вина за да ги натера луѓето да дојдат во црква и да се молат. Поминати се времињата кога со пеколот треба да се мотивираат луѓето за да не грешат. Тоа е мое мислење.
    За жал, сум слушала проповеди од поп во кои ги кара верниците на мисата дека нема што да бараат од светците и нема да им бидат услишани желбите од Бог ако не се редовни во црквата и не се молат редовно. За мене односот меѓу мене и Бог не познава ако-тогаш зошто не е условување и не е проста трансакција, туку е љубов безусловна. Како родител што си го сака безусловно детето какво и да е и обратно.
    Секогаш треба да се има стравопочит кон Бог и светците, така сум учена. Ама пари во замена како услов да ми биде одговорена молитва е пазар. Давам донации без повод и без очекување да добијам нешто од тоа назад.
    Ова ескалибур, каде што бара пари за решавање лични проблеми со надридоктор и преку наводно осамостојување а уствари стварање зависност од лидерот е чиста манипулација.
     
    На st-el и OVO им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    12.217
    Пол:
    Машки
    Јас искрено се чудам како се уште опстојува организацијава кога не е пријавена. Зарем никој од роднините и пријателите на тие учесници не се запрашале што се случува…? :worried:
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Абе у затвор одма.
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magi1@!

    Magi1@! Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Gluposti traskas
     
  6. Magi1@!

    Magi1@! Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Kakva hipnoza ...veze nemas