Еуро Азија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од nata38, 4 октомври 2015.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.513
    Допаѓања:
    19.074
    Пол:
    Женски
    Баш шкарт. Чудно ми е како популарна била.

    Ја одбегнував скроз.

    Последните 2 пати знам со мајка ми влеговме, нишо не ми се допадна. Некои јакни и капутчиња беа океј, другото све за никаде.
    И некој грд мирис имаше внатре.

    Таму знам секад носеле застарени парчиња од популарниве фаст фешн брендови, и ми беше ко отпадно така, без врска.
     
    На eliesaab, Panda00, AlmaOculta и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.108
    Допаѓања:
    136.913
    Пол:
    Женски
    Имам пишано погоре од тебе.
    Какви пристапни цени?
    Баш ги покачија доста, а немаа голем избор на броеви. Над 3 илјади денари за парталосани јакни и сакоа со виснати конци над 1000ка. Препродаваа роба што дури и во дуќаните на оригиналните брендови се наоѓа за помалку пари, особено во период на попусти.
    Можам да се сложам дека е жално што ГТЦ пропаѓа, но и онака не му е потребна Евроазија. Може да се побара да отворат нешто друго, нешто поинакво. Само што народот не се интересира и не е сложен.
     
    На eliesaab и Annath им се допаѓа ова.
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    4.327
    Ја затворија ? Продавницава баш втора рака како да беше или некои крпетини за прашина бришење :wasntme:
     
    На Annath и Panda00 им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    12.446
    Из гивин онаму во Љубовните проблеми кога ќе речат за некој тапчо дека е посебен :D
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.422
    Допаѓања:
    206.542
    Пол:
    Женски
    Скроз!
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nivea80

    Nivea80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Еуро Азија не беше втора рака, туку заостанати парчиња од пред неколку сезони на некои брендови, ги купуваат топ тан на големо. Ист принцип се и оние Мега фешн.
     
    На Angie1432 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.513
    Допаѓања:
    19.074
    Пол:
    Женски
    Далеку бољи се Мега фешн. Сум наоѓала таму ствари кои не се до толку од праисторијата, туку од прошла сезона на пример.

    И покултурно делуваат продавниците.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.786
    Па да де, не беше толку ФЕНСИ за да опстане во ова хаотично (не)време. Јас, пример, најубавите парчиња облека од таму си ги имав купено. И уште ги имам во шкаф, и уште носам дел од нив. Баш се сетив за еден предобар елек, ќе го најдам од утре да си го носам. А, го имам веќе повеќе од 5 години, ако не и повеќе. Околу 600 денари го купив, замислете, не е 5000 од Зара!
     
  9. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    446
    Знаеш дека имам приметено дека во машкиот дел имаа поубава облека отколку кај женскиот и посреден беше тој дел :?:...но самата продавница беше исто многу загушлива, генерално сум влегувала кога сум морала да чекам нешто во близина на ГТЦ па да утепам време а да бидам реална почесто избирав на клупа у жена парк да седнам отколку у Еуро Азија да се угушам у тоа парталите. :D
     
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.786
    Не знам какви барања има модерниот човек во однос на простор во бутик. Пример, денес бев во Sinsay, Waikiki... погадно нешто-здравје. Газат алишта, влечкаат, туркаат на земја. Кој како пробува - фрла на земја. Нема никаков ред, не се знае кое каде е и од каде е. Ќе наидам на некое парче што ми се свиѓа, ама со помал број - го закачил некој врз фармерки, рандом, па оди најди каде стојат другите величини... Мене, рецимо, тоа ми е синоним за загушливо. Во „Еуро Азија“ имав чувство на „дома“, не знам зошто. Некако многу слободно си бирав, си земав, си пробував, секогаш добивав совети и помош од вработените... Во модерниве „бутици“ нема кој да прашаш, тоа е таков еден хаос...

    Како и да е: сосема природно е, за жал, да се затвори еден ваков бутик. Друго време дојде. Ете, и тука повеќето имаат такво мислење. Не е чудно ништо. Јас би рекол дека убавите нешта умираат. Па колку сакате не согласувајте се со мене.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    82.981
    Пол:
    Женски
    Се гледаше дека дуќанов е на раб на затворање, мислам дека само едно исто се вртеше на излогот, не знам дали воопшто надополнуваа со нова роба. И во последните неколку години, ништо не ми се допаднало доволно за да си кажам дека ќе го купам.

    А добри работи имам начекувано, пред 10 години можеби. Еден куп фармерки, панталони, џемпери и хеланки за по дома сум си купувала. Последното нешто што го купив, беше една јакна (парка модел) во 2019 за 1500 денари. Уште ја носам, преубава и многу топла, воопшто не и' се познаваат годините. Ама дека се наоѓаше нешто убаво во последно време...не баш.