Имам нарачка која по втор пат ми менуваат датум за нарачка. Прво требаше до 5ти да стигне, сега преместија до 13ти. Ни денес не е стигната очекувам мејл дека пак ќе ја одложат. Каде можам да се пожалам? И зошто вака се случува?
и јас го имам истиот проблем, пишав на фб на Zara care и сега ми кажуваат дека нема да се испорача пратката...не знам друг дали имал вакво искуство. Пиши им до 18 работат.
Знае ли некој зошто кога внесувам банкарска сметка за поврат, нема место за уште една бројка? Пишувам МК07 и бр на сметка, но последната бројка фали. Дали правам нешто погрешно или е некој проблем
Не сум имала ваков проблем, баш пред неколку дена последно враќав. Точно е направено да ги собере сите бројчиња. Провери да не внесуваш некоја нула отповеќе во сметката. Ако не, скрин шот и обрати се на chat за проблемот. Спојлер
Дали ви се има случено порачката да не ви е обработена од зара дека ви е доставена. Сакав да вратам производ и на каса ми рекоа дека не е внесена порачката дека е доставена и пишав на чатот во средата ми рекоа дека ке се обработи а сеуште не е обработено. Дали на некој му се има случено вакво нешто и дали знаете од прилика за колку време се обработува?
Да, ми се има случено. Тоа е пропуст на курирот, треба да внесе во систем дека е доставена. Јави се на каргото или курирот. Нареден пат инсистирај пред тебе да потврдат достава и ти да добиеш известување.