Имам нарачка која по втор пат ми менуваат датум за нарачка. Прво требаше до 5ти да стигне, сега преместија до 13ти. Ни денес не е стигната очекувам мејл дека пак ќе ја одложат. Каде можам да се пожалам? И зошто вака се случува?
и јас го имам истиот проблем, пишав на фб на Zara care и сега ми кажуваат дека нема да се испорача пратката...не знам друг дали имал вакво искуство. Пиши им до 18 работат.
Знае ли некој зошто кога внесувам банкарска сметка за поврат, нема место за уште една бројка? Пишувам МК07 и бр на сметка, но последната бројка фали. Дали правам нешто погрешно или е некој проблем
Не сум имала ваков проблем, баш пред неколку дена последно враќав. Точно е направено да ги собере сите бројчиња. Провери да не внесуваш некоја нула отповеќе во сметката. Ако не, скрин шот и обрати се на chat за проблемот. Spoiler