Именден

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lovely91, 12 декември 2025 во 21:13.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Зависи од место до место очигледно, ние имаме два имендени и за син ми чекаме и за сопругот, гости не каниме тие што ни се блиски од маало комшии или роднини си знаат сами дека е именден и доаѓаат без покана.

    Јас колку што знам дека за именден не се кани кој сака може да дојде, за слава се кани зошто на слава се дава вечера.
    Освен за селска слава кога има некаде тогаш се оди и непоканет.
     
    На theowndemon, SummerGirl и Annath им се допаѓа ова.
  2. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се кани само првиот пат кога ќе почнеш да ја славиш славата/именденот. После тоа се знае дека за тие луѓе е вратата отворена секоја наредна година. Барем така е кај нас, не ги каниме луѓево секоја година, си знаат дека славиме и доаѓаат, освен секако ако не запознаеш некој нов што не знае дека славиш и нормално е да го поканиш.
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.430
    Допаѓања:
    133.934
    Пол:
    Женски
    Несвесни се.
    Треба да се има осет. Не секој слави име и слава. И тој кој вообичаено слави може да одлучи да престане.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Не сме несвесни, туку тоа е традиција, а што веќе традицијата вие свесните сакате да ја изумрете тоа е друго.

    Тоа не се одлучува да се престане, освен ако нема некој смртен случај во семејството таа година тогаш не се слави.
    Башка на именден и слава па на крај краева никој не оди да се најаде и напие побогу, туку битна е честа и почитта спрема тој што слави, макар и една вода и едно кафе нека ти изнесе само.

    Макар што и јас не би отишла не поканета некаде рандом, ама кај блиски одам и без да ме поканат.

    Ние за син ми уште од бебе решивме дека ќе му го славиме именденот и таа година поканивме, после секоја наредна тие истите си знаат дека се поканети и си доаѓаат.
     
    На Lavica17, theowndemon, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    8.608
    Пол:
    Женски
    И јас вака знам. Макар што после корона еден куп прекинаа со славење, веќе на прсти се бројат ви нашево окружување тие кои чекаат именден.

    Се случило да се видиме со роднини некој ден пред празникот и низ муабет да прашам дали се спремаат за именденот, па да добијам коментар дека после корона не чекаат или дека прекинуваат со славење или најновото само домашните најблиски ќе се собираат.
    Е за најблиските знам дали чекаат или не, така да овој коментар дека е само за најблиските автоматски ми значи дека не сме планирани.
    Во принцип баш од причините погоре наведени на денот на празникот се јавуваме прво телефонски да честитаме. Па ако ни потврдат дека чекаат именден одиме, ако не живи, здрави.

    За кај нас дома си чекаме за сите кои имаат именден, мажи, жени, небитно.
     
    На Annath и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.430
    Допаѓања:
    133.934
    Пол:
    Женски
    Мене ме учеја дека само за итна ситуација не ми треба најава, но за вообичаени средби треба за да го почитувам туѓото време и да си прашам пред да појдам.
    Се одлучува оти не секој е верник или не секој ја практикува верата исто како другите од семејството, плус ете ради повеќе трагедии,па и ненадејни борби со болести. Ради многу причини се губи волја.
    Во моето семејство се случија разни потешкотии и ете изгубивме волја за повеќето имендени и слави. Не сме против тие традиции, но разни причини ни ги стопираа.
    Од поблиските роднини останаа двајца што слават имендени и слави доколку тој период немаат проблеми, но и тие претпочитаат да има најава преку повик пред доаѓање. Не се богати и слават само дома, не можат да трошат пари надвор. Домашниот простор им е ограничен (кај двајцата збира едвај 10 души).
    Еве и пример, некој славел секоја година и по првото канење рекол дека секоја година може да спрема и да му дојдат.
    Но една година станува сериозно депресивен и веќе не му е до гледање луѓе. Не би му отишла така без да го прашам.
     
    На troublemaker94 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Се јавуваш дента да честиташ и ако слават ќе те поканат, ако не секако си честитал, ќе си направиш муабет и тоа е.
    Маж ми има именден и со годините спаднавме на домашните само да се собереме. Скоро целото друштво е по странство, пред неколку години одвај имаше кај да ги сместам гостите, а сега на една маса не собира.
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.960
    Допаѓања:
    39.563
    Пол:
    Женски
    Не секој сака да слави именден/слава.
    И не секој може да слави именден/слава.

    А да славам затоа што тоа е традиција.... Не, фала.

    Маж ми има име, ама не чекаме гости. Јас му кажав дека не сакам, ама ако има желба нема проблем. И она кажа дека не сака. Додека живеевме во Мк, се јавуваа да не прашуваат дали чекаме гости. Сакале да ни дојдат на име. Кажувавме дека не чекаме гости. Тоа се луѓе со кои не сме блиски. Ама битно за прослави први се да дојдат. А блиските знаат дека не славиме.

    Културно е да се јавиш и да честиташ, а да отидеш ако те поканат.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    5.339
    Пол:
    Машки
    Кај нас се кани само ако не ти биле дотогаш дојдени или сега си почнуваш некоја слава па прв пат ќе им биде да ти дојдат, а штом веќе еднаш дошле не се кани, по дифолт ќе си дојдат в година пак. И за слави и за имендени така е.
    А за слава и да не си поканет, ако знаеш дека му е слава, поприфатливо е да му се појавиш пред врата, ама на именден од кај знаеш дали чека чоекот, ќе ги начекаш во пижами исполегнати.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    17.832
    Пол:
    Женски
    Валјда домаќинот треба да каже ако прекинал да ја слави славата, пример славел 5-6години после поради икс причини прекинува. И треба да кажеш дека веќе не славиш. :)
     
    На SummerGirl и DS10 им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.953
    Допаѓања:
    7.452
    Пол:
    Машки
    Јас немам именден за моето име ;(
     
  12. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.064
    Пол:
    Женски
    Во денешна пракса тоа оди вака:

    Еј честито да ти е името, ако го славиш и чекаш, одговараш со: ( фала,повелете вечер,ве чекаме )
    Ако не го славиш, одговараш ( фала да си здрав и жив :D )

    Сега со социјалниве мрежи, лесно е да се знае.
    Сите имаме групни чатови, им пишуваш едно потсетување и готово.

    Тоа не се канело, останало од некогаш, во денешно време, се треба да си се знае.
     
    На SummerGirl и anggell им се допаѓа ова.