Зависи од место до место очигледно, ние имаме два имендени и за син ми чекаме и за сопругот, гости не каниме тие што ни се блиски од маало комшии или роднини си знаат сами дека е именден и доаѓаат без покана. Јас колку што знам дека за именден не се кани кој сака може да дојде, за слава се кани зошто на слава се дава вечера. Освен за селска слава кога има некаде тогаш се оди и непоканет.
Мислам дека се кани само првиот пат кога ќе почнеш да ја славиш славата/именденот. После тоа се знае дека за тие луѓе е вратата отворена секоја наредна година. Барем така е кај нас, не ги каниме луѓево секоја година, си знаат дека славиме и доаѓаат, освен секако ако не запознаеш некој нов што не знае дека славиш и нормално е да го поканиш.
Несвесни се. Треба да се има осет. Не секој слави име и слава. И тој кој вообичаено слави може да одлучи да престане.
Не сме несвесни, туку тоа е традиција, а што веќе традицијата вие свесните сакате да ја изумрете тоа е друго. Тоа не се одлучува да се престане, освен ако нема некој смртен случај во семејството таа година тогаш не се слави. Башка на именден и слава па на крај краева никој не оди да се најаде и напие побогу, туку битна е честа и почитта спрема тој што слави, макар и една вода и едно кафе нека ти изнесе само. Макар што и јас не би отишла не поканета некаде рандом, ама кај блиски одам и без да ме поканат. Ние за син ми уште од бебе решивме дека ќе му го славиме именденот и таа година поканивме, после секоја наредна тие истите си знаат дека се поканети и си доаѓаат.
И јас вака знам. Макар што после корона еден куп прекинаа со славење, веќе на прсти се бројат ви нашево окружување тие кои чекаат именден. Се случило да се видиме со роднини некој ден пред празникот и низ муабет да прашам дали се спремаат за именденот, па да добијам коментар дека после корона не чекаат или дека прекинуваат со славење или најновото само домашните најблиски ќе се собираат. Е за најблиските знам дали чекаат или не, така да овој коментар дека е само за најблиските автоматски ми значи дека не сме планирани. Во принцип баш од причините погоре наведени на денот на празникот се јавуваме прво телефонски да честитаме. Па ако ни потврдат дека чекаат именден одиме, ако не живи, здрави. За кај нас дома си чекаме за сите кои имаат именден, мажи, жени, небитно.
Мене ме учеја дека само за итна ситуација не ми треба најава, но за вообичаени средби треба за да го почитувам туѓото време и да си прашам пред да појдам. Се одлучува оти не секој е верник или не секој ја практикува верата исто како другите од семејството, плус ете ради повеќе трагедии,па и ненадејни борби со болести. Ради многу причини се губи волја. Во моето семејство се случија разни потешкотии и ете изгубивме волја за повеќето имендени и слави. Не сме против тие традиции, но разни причини ни ги стопираа. Од поблиските роднини останаа двајца што слават имендени и слави доколку тој период немаат проблеми, но и тие претпочитаат да има најава преку повик пред доаѓање. Не се богати и слават само дома, не можат да трошат пари надвор. Домашниот простор им е ограничен (кај двајцата збира едвај 10 души). Еве и пример, некој славел секоја година и по првото канење рекол дека секоја година може да спрема и да му дојдат. Но една година станува сериозно депресивен и веќе не му е до гледање луѓе. Не би му отишла така без да го прашам.
Се јавуваш дента да честиташ и ако слават ќе те поканат, ако не секако си честитал, ќе си направиш муабет и тоа е. Маж ми има именден и со годините спаднавме на домашните само да се собереме. Скоро целото друштво е по странство, пред неколку години одвај имаше кај да ги сместам гостите, а сега на една маса не собира.
Не секој сака да слави именден/слава. И не секој може да слави именден/слава. А да славам затоа што тоа е традиција.... Не, фала. Маж ми има име, ама не чекаме гости. Јас му кажав дека не сакам, ама ако има желба нема проблем. И она кажа дека не сака. Додека живеевме во Мк, се јавуваа да не прашуваат дали чекаме гости. Сакале да ни дојдат на име. Кажувавме дека не чекаме гости. Тоа се луѓе со кои не сме блиски. Ама битно за прослави први се да дојдат. А блиските знаат дека не славиме. Културно е да се јавиш и да честиташ, а да отидеш ако те поканат.
Кај нас се кани само ако не ти биле дотогаш дојдени или сега си почнуваш некоја слава па прв пат ќе им биде да ти дојдат, а штом веќе еднаш дошле не се кани, по дифолт ќе си дојдат в година пак. И за слави и за имендени така е. А за слава и да не си поканет, ако знаеш дека му е слава, поприфатливо е да му се појавиш пред врата, ама на именден од кај знаеш дали чека чоекот, ќе ги начекаш во пижами исполегнати.
Валјда домаќинот треба да каже ако прекинал да ја слави славата, пример славел 5-6години после поради икс причини прекинува. И треба да кажеш дека веќе не славиш.
Во денешна пракса тоа оди вака: Еј честито да ти е името, ако го славиш и чекаш, одговараш со: ( фала,повелете вечер,ве чекаме ) Ако не го славиш, одговараш ( фала да си здрав и жив ) Сега со социјалниве мрежи, лесно е да се знае. Сите имаме групни чатови, им пишуваш едно потсетување и готово. Тоа не се канело, останало од некогаш, во денешно време, се треба да си се знае.
Ние сите 6 души дома имаме именден, замисли за сите 6 да ми идат гости, па да спремам гозби? Не фала. И секако дека ако ве поканат ќе одите, не така ненајавени. Можеби не слават веќе, можеби немаат финансии, можеби само така од чиста мира престанале именден да слават, куќна слава е друго, именден е сосема трето. И не сакам ненајавени гости апсолутно никогаш, утре децата кога нема да живеат со мене, може кога сакаат да дојдат, друг апсолутно никогаш не сакам да ми дојде ненајавен, ни на именден!
Јас не славам именден. Која е поентата да славам? Не сум јас тој човек што се слави тој ден, само исто име имаме.. Што славам всушност, тоа што ми ставиле име исто што имал некој светец? Што има кај мене тој ден да доаѓате да ми носите поклони па и да ве честам? Одете таму кај тој што се слави ако го најдете, малку тежок е патот до него да отидете само. Во ред ми е некој да ми честита ама слава да правам како кој знае што да е тој ден не фала.
Моите немаат куќна слава . Мојот именден се славеше ( сестра ми има име со странско потекло , не е Касандра фала Богу ) , меѓутоа јас славам именден и роденден на ист ден , бидејќи сум родена на св. Никола Чудотворец . Да не ги ставам луѓето во трошок де . Никогаш не сме канеле , секогаш сме имале куќа полна драги луѓе . На маж ми славата никогаш не каниме , оставаме дворна врата и влезна врата ширум отворени и кој дошол - добродошол . Отсекогаш било така , и додека сум јас жива ќе продолжам така , 100 годишна традиција ( може и повеќе од 100 години ) е тоа , и не бидува баш јас да ја прекинам . И не само за слава , и за Велигден , Божиќ е исто . Се надевам моја снајка или ќерки и зетовци ќе ја продолжат ( кога ќе дојде време за тоа де ) .