Не најдов ваква тема, доколку има поправете ме. Вака, обожавам да фотографирам "арт" слики и да ги објавувамна на мојот инста feed, само ме кочи делот каде што треба да смислувам хаштагс и наслов на слика. Дали постојат некои страни/апликации преку кои барате хаштагс за одредена слика, некој начин како да си го олесните тој дел? Дали правите copy-paste на иститие хаштагс? И колку според вас користење на истите ви помогнало во поголем број на трафик и промоција на профилот? П.С Можете слободно да споделувате и ваши хаштагс кои ги користите. (само без тие #follow4follow, #like4like и сличните)
Сметам дека ставањето хештегови многу помага во бројот на луѓе кои ќе ти ја видат сликата и/или лајкнат, бидејќи многу од инстаграмџиите бараат слики по хештегови. Особено ако профилот ти е нов и немаш многу следбеници. Само што на приватен профил џабе ќе ставаш кога луѓето не можат да ти ја видат сликата. Јас лично не користам хештегови, но еден период имав желба да објавувам инетерсни слики, си направив нов профил и таму ставав . Еве некои:
Порано се добиваше повеќе лајкови и следбеници од hashtags, сега е сменет алгоритамот. Иначе, јас тагнувам feature accounts. Најчесто од овде.