Општи прашања Амати дефинитивно. За 110 денари не штедат на Нутелата, арно ама брзо се заситуваш од толку благо. Барем кај мене е таков случајот.
Општи прашања Амати ама претераа со цената малку не сум јадела одамна. Солената мене врв ми е Ања! 120 денари. Блага убава и не многу скапа Ред кафе. 80 или 90 денари е ама убава е и голема.
Во Амати има преубави палачинки и дефинитивно не штедат на мастрав Исто така многу ми се допаѓаат и американските палачинки во О ла ла, особено тие со нутела.. прекрасно!
Во Амати се убави ама премногу силни палачинките. Во О ла ла се онака ок. Во Ало ало ми се убави и убедливо најубави во Пастел.
Во La vita во н.Илинден, за 50 ден добиваш огрооммнаааа палачинка со мнноогу крем, банана/плазма/лешник...... и шлаг, брзо се презаситуваш.... едвај ја јадеш цела..... ... Одиме специјално таму само за палачинките,..
Мене ми се најубави, најсочни во Бамбини палачинкарата во Аеродром што е. Единствено од нивните се прејадувам и таман ми доаѓа благото. Сега гледам имаат на Групер понуда, со попуст, дефинитивно ќе земам, но се плашам да не не ги прават како вообичаено, како кога купуваш регуларно.