Како мали...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Elennaa, 15 јуни 2011.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Како мала наместо бананче сум викала „бабанче‘‘.
    И сум викала амили,апили и алили.Е сега никој не знај кое што ми значи но се работело за сок,смоки и мастики :lol:
     
  2. MissGaggerHeart9

    MissGaggerHeart9 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Како мала...

    А ми текна уште. Еднаш во градинка ми било досадно и сум земала да плачам дека баба ми умрела, а баба ми жива,здрава дома си седи. ахаха и рикав ли рикав,не можеле да ме смират :geek: . А се сеќавам кога еднаш добив 2 на тест по математика во 4 оделение и татко ми таков изнервиран ме казни да не искачам од детска и да ја пишувам таблицата за множење 100 пати. А јас сум се газела од рикање и сум пеела една песничка: Мамо мамо мила,ти ми даваш сила да растам,пеам и секогаш да се смеам и скришно ќе излезев,ќе земев мало крстче во рака и идам кај мајка ми,демек да и покажам кои трауми ги доживувам :rofl: ..Будала бе еј! Сестрами кога беше мала, се возеше во дубаче и еднаш ние со мајка ми седиме во кујна,и одеднаш слушаме ТРААС и плачење. Идеме во соба и ја гледаме сестра ми некако заглавена во дубачето,ногата горе раката горе и сме фатиле да се смееме со мајка ми,а сестра ми сирота рика ли рика. И мајка ми место да ја крене она трча по апаратот да ја сликне :lol: . Исто така многу ми беше смешна сестра ми кога мајка ми се враќаше од продавница и она ќе земеше тазе лебчето и ќе го грицкаше,а тоа поголемо од нејзе :D . Аах детствотоо <3
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Како мала...

    Оф колку случки имам јас мислам дека засекогаш ќе ми останат во сеќавање. Еве една:
    Еднаш отидов кај тетка ми во куќата на втор спрат да земам нешто али таму не беше доправено и немаше кваки туку само со една квака сите врати се отвараа. И јас влегувам во една соба али сум ја оставила кваката од надвор и кога лупна промаја се затвори вратата и јас се заглавив и се двоумев дали да скокнам од прозор. Детски мозок од втор спрат да скокнам на место ќе се утепав недај боже. Ама во таа соба имаше такви за пикадо што се и со тие се снајдов и отворив врата и од тогаш кога ќе ми кажеа да одам да земам нешто бегав и ден денес ми е страв да ви кажам :lol:
     
  4. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Како мала...

    Како мала.... сум обожавала животињи од типот на змии и гуштери.

    Отидовме на плац и таму гуштери, гуштери! Милина :wasntme:
    Фатив неколку и цела среќна да ги носам дома...И пред да си одиме, влагаме во кола и моите: Дезл, гуштерите кај ти се? Јас : Еве ги, во тегла, дома ќе си ги носам.
    маломорген...
    После 10 минути убедување идам јас, као...да ги пуштам- и навистина ги пуштив ( поголемиот дел ). Два бутнав во џеб.
    Се враќам цела, увреџена демек, ме натераа да ги пуштам...

    Доаѓаме дома, и јас немам кај да ги чувам :?: и ми текна - во шифоњер!
    Имав две прегради, па облеките ги качив во горната, а во долната донесов песок - цел шкаф ми беше полн значи, да си живеат гуштерите :!:
    Одам јас во школо, си ги зимам гуштерите нормално..и неколку дена така додека не ни дојде чистачката дома...
    Им се јавила на моите и им кажала- има нешто чудно во шкафот на Дезл... Моите :o

    Си доаѓам јас дома, мајка ми и татко ми седнати - ме гледаат вака |( и ми викаат дојди ваму.
    мајка ми : Имаш ли нешто да ни кажеш? Јас: Не! Што да кажам?! Татко ми : Дезл, гуштерите кај ти се?! Јас: ги пуштив! Моите: КАДЕ ТИ СЕ ГУШТЕРИТЕ?!?!?!
    и ја, солзи во очите, бутам раце во џеб и почнувам да плачам: евее гиии...... :(
    и така...морав да се збогувам
     
    На Doozy, Christyn, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Како мала...

    Мојата омилена игра, значи немало ден да помине а јас да не го направам тоа :D


    Иначе уште од мала сум била љубовџика :lol: секое лето јас нов симпатија, брееј како сум ги бирала се 10 год. постари :lol:
    Имав и во градинка, ох сиротиот што му правев, ден денес ко ќе го сретнам се срамам :tmi:
    На јадење нели сите јадат во една сала и ја паметњаковиќ сум станувала од своето место сум бегала кај него и сум му викала: Еј бре што се мацаш, нели ти е срам, ти ќе се мацаш а јас дома ќе те перам и пеглам се замислував негова жена :rofl: , и овој мирен сиромашкиот ќе фати да рика и ќе остане избега...

    Еднаш го ошишав брат ми тој имаше подолго косиче и шишки и ја фризерка јака, ножичките и крц, го ошишав, леле ко виде мајка ми :o катастрофа....

    Еднаш боса избегав во нашата кафана, влегов и на келнерот му викам сакам токче и овој вака :?: ај звони на мајка ми дома, па таа дојде да ме земе...

    Паметам бев поголемка 7 год. и беше Недела, низ продавниците нема леб и мајка ми ме испрати до кафаната и ми вика ќе му шепнеш на тато да ти даде половина леб, и ја океј, влевам во преполната кафана и пред сите викам: Тато, тато, дај ми 50 марки за леб, Мама дома се траќа од земја :rofl:
    Можете да замислите што било внатре тотален хаос, сите се смееја, Некој пријатели на татко ми ден денес ме викаат 50 марки... :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  6. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Како мала...

    Едвај некако отидов да се шишам и кога се вратив дома мораше да се шиша и мојата кукла да имаме исти фризури ц.ц.ц. :rofl:
    Мајка ми ме молеше да не ја шишиам, дека нема да и порасне и дека ќе плачам после кога сите кукли на девојчињата ќе имаат долги коси а само мојата ќе биде оштурена. Ама јас, тврдоглаво, мора да е по мое! Реков мора да се шиша и ќе се шиша. И го ошишав. :$ :doh: :$ Јас сама си ја ошишав куклата! :fubar:
    После неколку дена се истурив од плачење (читајте: липтав и рикав низ цела зграда!!!) зошто на куклата не и порасна косата!!!! НОРМАЛНООО! :D :D :D хахахах :D
     
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    4.624
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Си ги исеков шишките до теме , мислев дека така сум поубава :D и нормално после рикање по дома 3 дена
     
  8. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Како мала...

    Сум била многу смешна и секогаш кога ќе се ставело нешто на маса јас одма е(д)но мене, плво мене :rofl:
    Сите ми се газеле од смеење и јас пак истото :D
     
  9. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Како мала...

    Еднаш си ги ишишав шишките ептен кратко и отидов веднаш да се пофалам кај тетка ми за новата фризура и очекував дека ќе каже многу ми е убава хахаха и таа кога ме виде енда фаца кога направи па како така си ишишана толку кратки шишки јас сватив дека сум ги утнала шишките и ме прашува кој те шишаше и јас МАМАА...
     
  10. butterflygirl007

    butterflygirl007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Како мала...

    го истурив прашокот низ цело wc и си играв како да врни снек и неможите да замислите шо фаца напрај мајка ми кога виде шо сум напрајла :worried:hock:
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Како мала...

    Хаха butterflygirl ме потсети мене на една слична случка. Како мала јас зимав детска пудра и ставав на рацете и после дував. Се замисливав како да сум негде на бајките :rofl:
    Исто така со сестра ми стававме на косата хулахопки, ко демек косите ни се големи :lol: :lol:
     
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Како мала...

    Собирав црви,пеперутки, глувци,жаби,скакулци,бумбари
    Сите мачиња и кучиња од цело маало беа кај мене во двор, сите комшии ми с елутеа за тоа :D сами си идеа душичките дека јас ги галев ,ги играв.
    Спиев со мачињата и ги криев од мајка ми а и тие сами се криеа кога ќе слушнеа дека тропа вратата престануваа да предат :rofl: и кога ќе останевме смаи пак продолжуваа
    Имав минимум 3 мачиња и 2 кучиња лично мои, башка од комшиите :?:
    Чував бубачка со рог ,си ја крстив Бубоносорог и кога умре не јадев ,облеков црно и цело маало на погреб, го ставив во ковчеже од тие со играче и мастика,го закопав во дворот ,пуштив едно цд на кое пееше поп :D
    Пазарџија сум од кога сум проодила и во Недела дека немаше леб во Сабота земавме 6 и дека мала се враќав по 2 пати :D
    Редевме ламперија дома и јас малите парчиња за фрлање што беа ги ставав во најлончиња за замрзнување и ги продавав по 5 денари кеса (мајките на моите другарчиња се лутеа ]:) )
    Секогаш бев прва во се( ластик, трчање, вртење хулахоп...)
    Им бев учителка на децата од моето маало ако скоро сите поголеми од мене.
    Правев мини Евровизија :D бев водителка секако.
    Бев водителка и на другата моја смислена игра Бинго :D (награди беа играчињата од киндер јајце)
    Многу бев слаба ,во 1 одделение имав 17 кила.
    Еден другар секој ден ме тепаше за џабе ама јас пак одев го викав да си играме хахаха
    Сум се слекувала гола во лето кога сум имала 2-3 години (па жешко било )
    Правев торти од кал ,манџи со црвена пипер ( толчена ѓерамида)понекогаш и ги пробував
    Многу ми недостига детството ,колку само брзав да пораснам сега би дала се за да се врати :)
     
    На Choki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Како мала...

    Како мала, наместо да кажам Мамо, јадев зелка. јас велев Мамо, јадев тревки. Мајка ми се скаменуваше :rofl: .

    Исто така обожував да ја зафркавам :lol: . Таа ќе рече Ај до продавница. и јас ќе речам Мене купис ладо(Мене да ми купиш чоколадо) или Оди оди тлободно. (Оди оди слободно).

    И тк. :rofl:
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    Правев многу лудории ама многу добро се сеќавам еднаш кога се сокрив во соба па кога фатив шминките на мајка ми пудра кармин сенка римел цело лице хаос :D мислам дека саат време и требаше на мајка ми за да ме измие
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Како мала...

    Не знам од каде да почнам, се и сешто имаше...

    Бев некој спој на срамежливо и дрнато дете, всушност како и сега што сум. Кога бев многу мала имавме двор со многу зеленило и цвеќиња и сега јас си водев една емисија во твој двор, се викаше Зелена градина (ептен кретивно име, нема што :lol: ) и сега јас бев водителка, демек нешто како детско фестивалче беше.

    Во маало сите деца беа поголеми и немав многу со кои да си играм. Само едно девојче беше на моја возраст и со неа бевме најчесто. Си игравме нели оние најпознати улични игри, жмурка, штркот бара боја итн. Исто така ги собиравме сите можни пари од дома и ќе идеме со ранци, све живо на една клупа и ќе се правиме демек на излет сме. И на секој 5 минути до продавница да си купеме нешто. СО братучетками си игравме на пејачки, тоа време беа популарни бг певачиците и цело маало ечеше од нас. Маани друго, тоа надвор кога си игравме беше друга приказна. Една вечер сме се распеале на едно ѕидче во никое време и една жена ни излезе и вика деца знаете кое време е? Потоа, им остававме писма на сите во зграда, маало, околните куќи, демек пари ни платите или она ќе ви направивме. Сигурно комшиите мислеле дека сме психоделии :lol: .

    И си правевме и шпански серии. Се сеќавам имаше една позната шпанска серија во тоа време. И ние се правеме дека сме као демек двете глумици од тој филм. И сега надвор сме застанале и глумиме, карање, дерење, порфавор но ме молестес и цепеме шпански :lol: . Некој не викаше, ние се правиме дека не слушаме. И се нервиравме оти сценариото ни го упропастуват :D . Потоа во сред жешко време сме отишле на лулашките да се луламе а надвор жива душа нема :) .

    Многу, многу случки имаше ама сега не ми текнува. Ај, во некоја наредна прилика.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Како мала...

    Оооо да ви каже Лил колку била блесава и ко мала ... :wasntme:
    Ококорете ги очите, ве молам.

    Со една другарка од детството, од друг град е, и кога идев таму на летување по цело лето си праевме занимации, и тоа доста иновативни, гледано од денешна перспектива, кога гледам на секој чекор клонирани Nerd девојчиња, со Фејсбук манири.

    - Ко мала собирав салфетки, уште си ги чувам, имам околу 200-250, шема беше салфетки да чуваш тогаш, па да ви ги покажам што ми се штосни, си ги имав/м наредено и класифицирано по категории пр. еднобојните најдоле, па после нив со цвеќиња, па сектор овошје/зеленчук, Велигден мотиви, од цртаните филмови тие ми беа најубави и најколоритни, и многу ми ги бараа тие, ама јас не им ги давав, не се мењав, тие ми беа priceless. :wasntme: Детската пошта ми беше на истиот начин класифицирана, во најлончиња од улошки (куку мени :tmi: ), али деца, што знаат, си ги собрав најлончињата, башка и лила беа, сега веќе не се ни произведуваат тие, во историјата заминаа ...
    - Собиравме дијаболи по пат (пластични топчиња наречени куршуми за пиштол пластичен), и ги продававме, 1 ден. - 1 дијабола. Праевме бизниси, де.
    - Исто така цртавме, пр. ќе најдеме некоја куќа која денес се чува како културно наследство, и со пенкало и останати помагала ги цртавме, или чешма некоја, и останати замисли ги преточувавме на лист хартија и ги `продававме` и тие. Седнати позади куќа кај неа, на пакет распостелени цртежите, означени со цена, прво се преценивме и лупавме по 100-200 ден. на цртеж, ама видовме дека бизнисот не оди, па ја намаливме на 20-30 ден., и купуваа некогаш, не викам не.
    - После тоа, сечевме пластични шишиња на пола, и правме миксови од цвеќиња и треви, ги беревме од бога иза леџа планини и ридови, и праевме сокови. Тие не ги продававме. :rofl:
    - Навечер се криевме покрај патот, покрај тревишта и дрва, и стававме пречки на патот, пр. врвка оптегната од крај до друг и колите нормално застануваа. Боже, каков фетиш. :tmi:
    Исто така, од тие скришни места ги мававме со мали сливи колите, сето тоа се одвививаше навечер нели, за да не се дознаат сторителите.

    Ова се антологиски моменти, има уште мал милион, искрено само за во книга се.
    Преубави спомени, секогаш ми текнува на нив, си се смеам ко будала, треба една ретроспектива на настаниве да напраиме со друшката, здравје летово.
    За побезобразните не ви кажувам, срамота е. :emo:
     
    На Aleks96, Hipster и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.631
    Допаѓања:
    17.435
    Како мала...

    Со другарка ми си игравме ама зборувавме англсики. Пример јас кажам нешто сф дфсасдс сдхасф и после потивко и кажам што значи. После она ми каже на мене.
    Зафркавав луѓе преку телефон.
    Мешав на букарките и ги знаев сите песни на памет.
    ги шишав куклите, ги лакирав.
    Се шминкав со шминките на мајка ми. (читај ставав фасада)
     
  18. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Како мала...

    - Секогаш кога ќе ме болеше глава или имав температура, одев надвор и играв, трчав, се смеев за татко ми да не дознае и да ме носи на лекар :P
    - Зафркавав луѓе по телефон и се сеќавам еднаш ѕвонам и еден чичко ми се јави и рече ало и јас: кој е! (а јас ѕвонев) :lol: се утепаа другарите од смеење
    - Коа бев мала се дружев со машки зошо сакав да се тепам! 8) А женските од школо играа во ходник и се маваа по задниците, и една мене ме удри и почна да ми се смее, па јас земав ножици и и ја исеков косата до учите! И се разбира бев казнета да бидам две недели дежурна! 8)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Како мала...

    Јас како мала правев многу глупости .Цело време бев на патот си играв со сите деца големи и мали .Си игравме миженица ,трчканица,ластик,пеевме ,глумевме.Со моите најверни тогашни другарки правевме торти од кал ,си игравме со барбики ѕвоневме на вратите и бегавме,се каравме си игравме војна,од госќе на госќе и ред други игри.Едноставно имав среќно детство :)
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Како мала...

    има ги многу незмам која прва да ја кажам.....
    ај една ке кажам сега друга друг пат
    ВО дворот седат мајка ми.баба ми,вујче и вујна.ДОшле кај нас и одма седнале во дворот не се качија да ме видат и јас од нервоза земав кофата што стоеше на тераса на истурив и доле сите стааана мокри.......хахаххаха Па они си са криви