1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карикатури

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од irrelevant, 20 декември 2019.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Карикатура е цртеж во кој свесно се истакнати изобличени карактеристични црти на личност, појава или предмет за да се постигне комичен и сатиричен ефект.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Јас во слободно време обожавам да цртам, а откако за една годишнина на блиски решив да направам карикатура, овој вид уметност ми стана предизвик и почнав да истражувам и да учам цртање карикатури.
    Иако мислев дека е лесно,напротив е претешко, два цели дена потрошив некако да ги погодам цртите на лицето исти и никако не успевав. Гледав видеа за чекор по чекор, отварав онлајн курсеви и со тешки маки некако успеав да ја нацртам мојата прва карикатура.
    (ги сокрив фаците демек некој да не ми ги познае личностите на карикатура хахаха)
    20191220_091900.jpg
    Го сакам цртањето, ме исполнува, не сметам за себе дека сум некој професионалец да не ме сфати некој погрешно, ова си го правам од љубов и зошто ме смирува и расположува.

    Вие? Сакате ли карикатури, цртате, поклонувате? Имате ли некоја тајна за полесно цртање? Споделете се што знаете за карикатурите и уште подобро ако имате и нацртано и самите да видиме што сте направиле.
    Има и еден куп апликации и видеа и курсеви што објаснуваат како се црта карикатура, па може и да пробате.

    п.с: Ставете лајк и споделете го постот и на 21.12 во 11 часот, по пат на лотарија најсреќната членка која ќе биде извлечена ќе добие бесплатна карикатура од неа и нејзиниот партнер :D