Карикатура е цртеж во кој свесно се истакнати изобличени карактеристични црти на личност, појава или предмет за да се постигне комичен и сатиричен ефект. Јас во слободно време обожавам да цртам, а откако за една годишнина на блиски решив да направам карикатура, овој вид уметност ми стана предизвик и почнав да истражувам и да учам цртање карикатури. Иако мислев дека е лесно,напротив е претешко, два цели дена потрошив некако да ги погодам цртите на лицето исти и никако не успевав. Гледав видеа за чекор по чекор, отварав онлајн курсеви и со тешки маки некако успеав да ја нацртам мојата прва карикатура. (ги сокрив фаците демек некој да не ми ги познае личностите на карикатура хахаха) Го сакам цртањето, ме исполнува, не сметам за себе дека сум некој професионалец да не ме сфати некој погрешно, ова си го правам од љубов и зошто ме смирува и расположува. Вие? Сакате ли карикатури, цртате, поклонувате? Имате ли некоја тајна за полесно цртање? Споделете се што знаете за карикатурите и уште подобро ако имате и нацртано и самите да видиме што сте направиле. Има и еден куп апликации и видеа и курсеви што објаснуваат како се црта карикатура, па може и да пробате. п.с: Ставете лајк и споделете го постот и на 21.12 во 11 часот, по пат на лотарија најсреќната членка која ќе биде извлечена ќе добие бесплатна карикатура од неа и нејзиниот партнер