Форумџика на годината

Кафемат

Дискусија во 'Дом' започната од RainBow, 4 јануари 2014.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    10.897
    Пол:
    Машки
    За добра пена, никако на батерии. Само на струја и со поголема моќност. Овој на сликава е 15W. Мојот дома е 45W. Пред 8-9 години го земав, мислам од Техномаркет.
     
    На Panda00, SummerGirl и paradise21 им се допаѓа ова.
  2. paradise21

    paradise21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    tehnomarket.com.mk/product/29393292/max-hms-1030w-aparat-za-neskafe-bel а овој 30 вати? имаше и стокмак скоро, дури имам го гледано уште во одредени маркети таков статичен 900 ден, ама мислам и тој дека беше 30 вати ако не сум грешка
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  3. paradise21

    paradise21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    инаку и овој првиот е на струја само што е со 15 вати
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.216
    Допаѓања:
    205.230
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство, не си фрлај пари џабе, овој не прави воопшто пена, оние рачнине маталки на батерии прават повеќе пена од овој. Ако сакаш да пробаш да ти го дадам, така ми стои, не го користам воопшто.
     
    На paradise21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. paradise21

    paradise21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    тетка ми ми даде ваква иста https://nama.mk/proizvod/meshalka-za-kafe-na-baterija/ ама со неа само јајца можам да изматам и тоа две максимално хахах никаква пена нема шанси, е сега евентуално да не треба можеби да пробам да сменам батерија, да не е до тоа, ама некако не ми се верува.
    Затоа најпрактична ми се виде оваа рачна а сепак на струја, и со цената е горе доле слична како тие статичните, затоа мислев можеби најдобар избор ќе е..
     
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали некој го има овој кафемат да сподели искуства? Како сте задоволни? Вреди да се земе?
    Кафемат PHILIPS EP 5549/70, 15bar, 1,8L Screenshot_20251210_202609_Samsung Internet.jpg
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.175
    Допаѓања:
    38.134
    Пол:
    Женски
    Го немам овој модел, ама имам друг на Филипс и јас сум супер задоволна. Само треба редовно да се одржува т.е аква филтерот за вода да се менува на 3/4 месеци (зависно колку се користи апаратот) средство за бигор на секои 6 месеци и апчињата исто на 3/4 месеци.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Одржувањето претпоставувам мора да се прави на сите вакви слични апарати?
    Од каде купуваш средство за бигор, апчиња? За што се апчињата?

    Каков е вкусот на кафето? Дали како она од професионалните машини? Делчето за млеко го користиш?
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.175
    Допаѓања:
    38.134
    Пол:
    Женски
    Од сервисерите купувам, тука во близина ми се, па поедноставно ми е. На Филипс се аквафилтерот, декалцификатот и апчињата.
    Апчињата се да ја чистат мелницата од маснотии. Тие се ставаат на 3/4 месеци заедно со аква филтерот. Аквафилтерот сам кажува кога му е време за менување, па тогаш можеш и апчињата да ги ставиш. Декалцификатот (средството за бигор) два пати годишно е доволно.
    Мене кафето ми е многу убаво. Нормално зависи и какво кафе се употребува. Ние користиме 100% арабика на Tchibo најчесто. Јас си правам лате со млеко, сопругот само еспресо пие. Далеку поекономично е од капсулите што претходно ги користев, а и поубаво и повкусно е кафето.
    Мојот модел нема вакво за пена, сама си ја правам, овој автоматски прави пена. Гледав и ваков, ама не знаев околу одржувањто како ќе е, па затоа зедовме поедноставен.

    Инаку, средствата не се баш евтини, аквафилтерот е1200/300, декалцификатот е 1000 (има две во него) апчињата се 800 (внатре има 6 или 8)
     
    На Alex.T и 20cm им се допаѓа ова.
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Од сето ова заклучувам дека вреди да се земе апаратчето. Но, и дека секое задоволство се плаќа.
    Фала ти. Ќе споделам искуство ако решам да го земам (не сум одлучна, се уште се мислам).
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.